Фан клуб - РК Вардар

Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.873
Оваа сезона Веспрем некако како да игра најпроменливо во однос на претходните години. Секако ковид карантините и истумбаниот распоред имаат влијание, ама тим кој има три конкурентни постави не би смеел да се вади на такво нешто.
Два пати ги растури Барса, изгубија дома од Алборг, на Ф4 уште еднаш беа само туристи, но од друга страна во групната фаза го развалија Кил. Мотив сигурно нема да им фали, дури би рекол.. Вардар нив им е дополнителен мотив, заради комплексот што им го набивме минативе години. Искрено, се радувам на изјави ко онаа на Благотиншек - дека ќе не добијат со многу голови предност, што се надевам може да им се тресне од глава. За разлика од него Дејвис е многу посталожен и пробува да ја смири ситуацијата.

Онаа утакмица на СЕХА Ф4 во септември не е никаков репер. Тогаш бевме толку далеку од некаква натпреварувачка форма, мислам дека и играчите уште не се знаеа меѓу себе.

Да сумирам, си ги знаеме и нашите предности, но и маани. Формата секако дека оди во нагорна линија. Како и останатите очекувам машка игра, без предавање, па што биде нека биде. Составот ни е далеку од оној состав што освојуваше ЛШ, ама па погледнете го и оној состав што го пројде Хамбург и за влакно испадна од Фленсбург.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Сега гледам денес сме играле куп на Македонија со Тиквеш од 11 часот,а после од 17:30 играме со победникот од натпреварот Астраион и Радовиш.
Колку смешна одлука е ова,како и да е барем ќе имаат нашите два полесни тренинзи.


Еве го распоредот:

Вардар – Тиквеш, понеделник, 11:00 часот
Астраион – Радовиш, понеделник, 13:00 часот
Вардар/Тиквеш – Астраион/Радовиш, понеделник, 17:30 часот
Чисто информативно, не е ништо ново ова, често се играат вака утакмиците од купот. Домаќинот има право да одлучи дали сака вака или во 2 дена :)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Години наназад така се играат куп утакмиците...
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Кога и со двајца играчи повеќе во напад не може да се врзат во серија неколку голови, а Веспрем да доаѓа до седмерец со двајца играчи помалку, значи нешто не е во ред..
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.475
Поени од реакции
3.539
Не се знае кој е по лош у одбрана Тале, Диси или Калараш
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.094
Абе глеј ги и нашиве играчи колку физички се инфериорни. Немаат експлозивност. Остај тоа идеа што се нема. Овој пак Векиќ анти-талент за напад. Нула осет.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.094
Не е спорно тоа. Ама мора човек малку вентил :) Дека се појаки, појаки се.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Самба ко за двајца-тројца игра, овој Веспрем стварно заслужува конечно да ја освои ЛШ..а Вардар нека му мисли за следна сезона, ама озбилно
 

Kajgana Shop

На врв Bottom