Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 септември 2019
Мислења
1.471
Поени од реакции
3.522
Ваков Вујин игра 60 минути у напад у дво-кратен европски првак.... Со Стево под рака и надвор од наш Вардар, а може и Гаџа да си го земат. За Тале не ми се збори веќе
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Оваа сезона тимот се состави набрзина без многу размислувања,таква беше ситуацијата тогаш и немаше многу избор.
Така да оваа сезона единствена цел ќе ни биде титула во домашно првенство,во ЛШ и Сеха само нека се воигруваат играчите,апсолутно нема ништо да ни промени ако ја поминеме групата,само ќе служиме за билдање статистика на останатите екипи.

Следна сезона ако сакаме некој посериозен успех мора прво тренер да се донесе,се гледа дека Стевче е изгубен на поголемиот дел од натпреварите,немаме никаква игра и што е најлошо со поголем дел од играчите не е баш во најдобри односи и нема некој авторитет,за тајмаутите да не зборам.
Од играчиве поголемиот дел немаат квалитет за ЛШ посебно бековите,освен Јотиќ се друго треба да лета,може и Шеваљевиќ да се проба и да биде играч за ротација.
Десните бекови најлаби во тимот цела сезона,не дека не знаевме што не чека ама ова ги помина сите граници,Вујин катастрофален на сите натпревари,поминато му е времето и треба да си се повлече,другите двајца Векиќ и Јагуриновски незнам зошто ги плаќаат,апсолутно никаква корист немаме од нив.
Гаџа исто ги троши кредитите,од него очекував да игра многу подобро од ова,го пратев во Нексе и Загреб многу подобар беше,незнам што му се случи во Вардар.
Талески,Мишевски,Карапалевски и Димитриоски тотално непотребни,во екипата служат само да пополнат ростер,првиов се бламира се повеќе од натпревар во натпревар,а за останативе тројца незнам како им одговара да бидат само резерви и цела година да подаваат пешкири,штета што млади играчи се задоволуваат со таква улога.
Валчак треба да се проба повеќе во напад и да видиме што може да понуди,ако се покаже може да остане,ако не нема потреба да го држиме и да правиме дефанзивец од него.
Другите можат да останат и со некоку засилувања да ја подобрат ситуацијата,ќе видиме во наредниот период според трансферите што ќе ги правиме какви се амбициите на клубот за следната сезона.

Јасно е дека ќе бидеме далеку од врвот или некаков Финал 4,сепак мислам дека може далеку подобри играчи да се донесат и да се скоцка добра екипа со моменталниов буџет.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
а за останативе тројца незнам како им одговара да бидат само резерви и цела година да подаваат пешкири,штета што млади играчи се задоволуваат со таква улога.
Незнам за други ама за Карапалевски (без разлика дали е квалитет за Вардар или не е..) кога го потпишвеше новиот договор имаше услов да има минутажа во прв тим, истото му беше ветено и од стручниот штаб, веројатно се договориле да добива шанса најмногу на натпревари од Сеха Лига (а таму имаме изиграно 1 натпревар досега), и од време на време во ЛШ на натпревари кај шо водиме или губиме со многу разлика, така да и не е тој крив во ситуацијава, иако јас тврдам дека е многу поквалитетен играч од Јагуриновски.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.665
Незнам за други ама за Карапалевски (без разлика дали е квалитет за Вардар или не е..) кога го потпишвеше новиот договор имаше услов да има минутажа во прв тим, истото му беше ветено и од стручниот штаб, веројатно се договориле да добива шанса најмногу на натпревари од Сеха Лига (а таму имаме изиграно 1 натпревар досега), и од време на време во ЛШ на натпревари кај шо водиме или губиме со многу разлика, така да и не е тој крив во ситуацијава, иако јас тврдам дека е многу поквалитетен играч од Јагуриновски.
A ovoj Kukulovski kako se razviva? Neli i toj bese vo Vardar?
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
A ovoj Kukulovski kako se razviva? Neli i toj bese vo Vardar?
Беше уште од рани години, од 13-14та год од Преспа го зедоја во Вардар, сега е во Пелистер, на припремите во Словенија добро се покажал, имаше една утакмица кај шо постигна 5-6 гола..го изгоре Алушот него против Монтпеље ако се сеќавам за првпат во игра го стави 59 мин (не загреан) во моменти кога се решаваше утакмицата, напре грешка и се скапа плачење на клупа..
 
Член од
14 мај 2013
Мислења
1.240
Поени од реакции
507
Алушевски уште од сега отказ и да се донесе саглам тренер...
На лето Вујин, Јагуриновски,Талески,Гаџа,аут.
Кашпарек,Доленец се слободни играчи мислам од лето. Додич да се земе на среден и лев може да покрие а игра и одбрана. И на лев ги имаме Дисингер, Кудуз, Шеваљевич.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.554
Поени од реакции
8.135
Ја се надевам дека управата веќе размислува и за засилување за квалитетно да се заврши оваа сезона ( под тоа мислам на освојување на титулата), а воедно од сега размислува и за следната сезона, каде мора да се се донесат пар засилувања ( најмногу на централен, десен бек и голман). Тогаш веќе ќе можеме да правиме муабет за некои поголеми аспирации во ЛШ.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
Ајде да гаѓаме кој кје биде странецот...Љубомир Врањеш :) уствари не...Парондо :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom