Океј трансфер е Гоце со оглед на моменталните околности, а и не е во така лоша форма последниве година дена. Во последниот квалификациски циклус за ЕП 2020 + утакмиците од самото првенство (9 мечеви вкупно) Гоце ни е четврт стрелец со 32 погодоци, после Деки, Талески и Кире. Разликата помеѓу него и Деки и Талески е навистина мала, плус Деки изведува и пенали (+2 голови, +4 голови). Има големо играчко искуство, репка, ЛШ, француско првенство, романско првенство и Челенџ Куп. Кога ќе се земат во предвид овие работи и на тоа ќе се додадат:
1. Комплетно новата сопственичка/организациска структура на клубот
2. Лошиот имиџ кој клубот го доби во последниве три сезони со финансиските проблеми кои ги има(ше)
3. Како и моменталната економска ситуација низ Европа
Не гледам зошто би биле изненадени од трансферов?
Дали ќе биде достојна замена за Шишкарев? Веројатно не! Не ни може да биде, пошто прво и основно Шишкарев е веројатно најдоброто крило во светот моментално во дефанзива на позиција два, може да игра и како истурен играч во 5-1 зона итн. За по саглам трансфери ќе си почекаме некоја година (ако воопшто ги дочекаме во некое брзо време).
П.С. Не го занемарувајте фактот дека многу веројатно за сопственикот на клубот (во овој случај Михајло) е полесно да се докопа до спонзори кога тимот би имал повеќе домашни играчи.