И да победиле Чеховски Медведи, минорна улога имал Санталов, мислам дека нема дадено ниту еден гол, за разлика од Талески кој што скоро сам им играше на Русите. А бре луѓе сватете еднаш не сме ние ниту Франција ниту Данска, немаме многу квалитетни ракометари, ама барем тие што ги имаме да ги подржиме, а не само да ги пцуеме и вреѓаме. Гарантирам дека и Кире и Столе ќе почнеме да ги навредуваме ако изиграат неколку лоши утакмици во серија.
Незнам зашто мислиш дека го хејтаат Талески затоа што е Македонец.
Откако дојде Самсоненко во Вардар играа многу Македонци кои имаа епизодни улоги,а сепак беа ценети.
На пример Диви никогаш немал некоја посебна улога во тимот,резерва на Штербик и Џамбо,3та опција беше на голман ама сепак го ценеа и добиваше аплаузи.
Бутинот да не збориме,цела кариера се шлепаше во Вардар,за џабе зимаше плата па како што гледам сите имаат позитивно мислење за него.
Да не ги набројувам сите посебно во таа група спаѓаат и Поповски,Димитриоски,Мишевски итн.
Еве за наредната сезона Јагуриновски,Костески...Сите знаеме дека немаат некој квалитет ама сепак со ништо не заслужиле да добијат хејт и навредување.
Талески е друга песна,него може со другар му Деки Бој да го споредиме,двајцата функционираат по системот "плукај па лижи".
Талески неколку пати во кариерата го одбиваше Вардар за да игра по Германија и да си го полни џебот,сега кога го избркаа од таму му текна за Вардар.
Епа нормално после ќе ги цениме повеќе играчите како Столе,Тимур,Чупиќ итн,кои беа со клубот во сите моменти,без разлика дали се лоши или добри,гинеа на терен и кога немаа по цела сезона плата земено.
Инаку за тоа дали ги цениме Македонците имаме покажано неколку пати кога гостуваше Кире во Скопје.