Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Според мои извори летово Вардар му понудил на Алушевски да биде помошник, овој одбил. А со оглед на моменталната ситуација мислам дека Јагањац би бил ок избор. Има јак шут, и што е многу важно има муда да шутне.Сгурно и ќе подигне форма за понатака, така да за сезонава ќе брка работа. Мора да се поработи да се донесе некој солиден голман пошо вака, кој сака нека донесат ако останеме со голманиве тоа е тоа. Со Толедо и евентуално Јагањац и бедемот пред гол би бил појак. Дефинитивно може колку толку да се извади сезонава, секако ако има бар минимум 2 засилувања, меѓу кои еден солиден ( искусен) голман.
 
Последно уредено:

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Да се потсреди малце ова швајцарско сирење што го нарекуваме одбрана, сигурен сум дека и голманите ќе имаат поголем придонес, вака се оставени на рафална стрелба од противничките играчи а така и Штербик би изгледал смешно.
Калифа има одлични предиспозиции за голман, со малку повеќе самодоверба и подршка од одбраната сигурен сум дека ќе пружа солидни партии. Претпоставувам тоа дека е причината што е најфорсиран од сите голмани.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Според мои извори летово Вардар му понудил на Алушевски да биде помошник, овој одбил. А со оглед на моменталната ситуација мислам дека Јагањац би бил ок избор. Има јак шут, и што е многу важно има муда да шутне.Сгурно и ќе подигне форма за понатака, така да за сезонава ќе брка работа. Мора да се поработи да се донесе некој солиден голман пошо вака, кој сака нека донесат ако останеме со голманиве тоа е тоа. Со Толедо и евентуално Јагањац и бедемот пред гол би бил појак. Дефинитивно може колку толку да се извади сезонава, секако ако има бар минимум 2 засилувања, меѓу кои еден солиден ( искусен) голман.
Глупости пишуваат по интернет.летоска не му е понудено официјално ништо.Само уз муабет дали му е интересно помошник да биде.
Прво да ви е**м форумот што паѓа на секој два дена.Второ задоволен сум од Јагањац лев бек што може да игра лш и со кој ќе формираме добро бековко трио-Криштопанс(Толедо)Скубе(Атман)Јагањац(Горбок,Дисингер).Трето да се бара голман и уште еден дефанзивец па може да се надеваме на 1/4 финале.Четвртто Алушевски бар ќе мотивира нема да е mute како Кокшаров и изгледа е бил најдостапен на пазарот во овој момент.Како и да е има раздвижување на работите и со враќање на повредените да се надеваме на нешто повеќе.Вака тимот веќе има и простор за надградба па преку лето да се носи квалитт пред се голман ако не успеат на зиме и уште играч два.Ајде нека е со среќа.
Не заебавај.Секоја чест на Стевче како наш бивши играч и репрезентативец,али он не беше некој голем мајстор и нема ден интернационално искуство.Нема работено со врвни тренери како Парондо,Раул. Супер тренер би бил Кире.
Па боље Вујо место Стевче.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.533
Поени од реакции
3.710
Ако е сеуште истиот од Металург, Јагањац е премија за она што го имаме моментално како избор на лев бек, плус би ја појачал доста и одбраната. Односот према Писонеро е засрамувачки, пример зошто луѓе од нормален свет во принцип не сакаат да имаат работа со Руси (Питлик, Расмусен...).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
пример зошто луѓе од нормален свет во принцип не сакаат да имаат работа со Руси (Питлик, Расмусен...).
и тоа да ме веруваш не е само во ракометот. Мислам дека нема сфера што не ја законтаминирале дека сета ја разбираат.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Глупости пишуваат по интернет.летоска не му е понудено официјално ништо.Само уз муабет дали му е интересно помошник да биде.
Муабетот ми е од другари кои се во комуникација со клупски структури, не од интернет рекла казала, ама нема везе. Битно имало некои прашања, дали официјално дали не, углавно Стевица не сакал да биде помошник.

Иначе ова што го направија со Писонеро многу ќе влијае во иднина доколку одржиме стабилност и пукаме не светско тренерско име. Вакви причи се шират брзо во тие кругови, и никој не сака да се заебава со некој Рус кој шутира тренери на секои две недели.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Јагањац беше голема надеж, едно време Металург сакаа да го шитнат за 300,000 евра па не го давале за помалце, за на крај не знам баш точно како заврши во Нексе. Ја заборавив причата :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.533
Поени од реакции
3.710
и тоа да ме веруваш не е само во ракометот. Мислам дека нема сфера што не ја законтаминирале дека сета ја разбираат.
Знам многу добро. :) Двајца другари работат во руски фирми, во две различни дејности, можам есеј да пишам за сељачкиот однос на менаџментот и во двата случаи.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.094
Ова со Писонеро е срамота. Го изиграа човекот, мајмун го направија. Ни крив ни дужен го изеде. А, Кокшаров што имаше бетер резултати и лоша трансфер политика, уште ќе си ужива статус и ќе зима плата, а овој дома.

Јагањац ја колку што гледав лани грееше клупа во Нексе и они беа многу незадоволни од како он игра, а не го ни пуштаа многу. Реално и тоа што го видов од него, он слабо играше. Така што, не знам зошто се заинтересирале за него. Него наводно Нексе го купи од Металург за 100.000 евра. Сега и ние ќе даваме пари за нивна пропадната инвестиција? Ај, може ќе се покаже ако го земат, да размислуваме позитивно.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Знам многу добро. :) Двајца другари работат во руски фирми, во две различни дејности, можам есеј да пишам за сељачкиот однос на менаџментот и во двата случаи.
јас работам 10 години од кои 7 во Русија на руски олигарх. Јас тврдам дека е спротивно!
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.703
Поени од реакции
5.667
Јас сум убеден дека Јагањац ќе гази кај нас.
До сега што сум го гледал на битните натпревари пружал најдобри партии,играч МУДОЊА.
Во Нексе мислам дека немаше мотивација доволно,многу слаби небитни натпревари играа,главно беше Сеха лига.
Кога играа прототив Загреб лани 10 гола им даде.
Таков е Халил,се мотивира при атмосфера,има во него доста инат,затоа мислам дека би легнал одлично во Вардар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom