Си викам ај да не го тупам за Вујо, ама за вакви изнакажани небулози и невистини морав да искоментирам. Ти бе друже да не имаш некаква амнезија да те прашам прво.Никогаш не направил никаков резултатски подвиг Вујо со Вардар. Тогаш освоивме титула благодарејќи на големиот број повреди на Металург, а не заради некоја негова тактика од клупа. И тогаш дури, кога се знаеше дека Металург со речиси втор состав нема што да бара на Кале на решавачката утакмица и дека само треба да ги „одработиме“ тие 60 минути за да ја освоиме титулата, он направи инцидент во прво полувреме на 2-3 + за нас и тргна да се тепа со судиите после некоја нивна одлука и направи натпреварот да дојде на раб на прекин знаејќи какви гнаси беа тогаш од „темната страна“ и дека само тоа го чекаа и само тоа можеше да ги спаси таа сезона, евентуален некаков прекин и во најмала рака суспензии па и службен пораз. Други пати и директно му штетел на Вардар со тоа негово сељачко однесување, како на пример кога од нигде никаде на три дена пред првата утакмица од ЕХФ Куп со Магдебург во гости се степа со Столе на тренинг и не го зема на тоа гостување како казна, па мораше Никола Маркоски да игра 60 минути како пикер. Убеден сум дека ќе ги елиминиравме да не ја направеше таа глупост.
И никогаш не изградил он никакви карактери од Столе, Карачиќ или не знам кој во Вардар. Столе како карактер се смени за време на Раул, после Силбо. Да останеше Вујо тренер на Вардар, Столе уште ќе правеше „цепки“ у емисии кај Жаре како затворал дискотеки и после тоа јадел цела пита бурек за доручек. А и Карачиќ уште на првото негово гостување во Скопје се срчка со него и среќа на време му текна на овој да се потсмири и да не направи глупост.
Сите резултати што ги постигнал Вујо со Вардар се во рамки на буџетот кој му го овозможувал Михајло. Кога во последните години Минчо почна да вложува многу повеќе во Металург и веќе не можеше да се носи резултатски со нив, створи некоја посебна врска со Комити (отсекогаш бил близок со нив) ради тоа што се буткаше со полиција за нив, постојано ги повикуваше во сала, повторуваше на интервјуа колку се значајни за клубот и слично, и затоа навивачката група му направи некаков статус на икона за нив, никогаш ради некакви негови резултатски достигнувања со Вардар.
Најдобрата одлука на Самсоненко е што реши да не го остава на клупа на Вардар. Никогаш немаше да освоиме две титули во ЛШ да останеше он тренер.
Апсолутно не се согласувам. Го добиваше Металург во полубитни натпреварувања како Сеха и Куп зошто Металург во тие утакмици не се замараше и тие титули му беа не толку битни, едино битна беше титулата во домашно првенство затоа што носеше пласман во ЛШ и на тие дуели со нив ние немавме никаква шанса. На Фајнл 4 Сеха ги победи и Загреб и тоа во сред Загреб, сериозно мислиш дека тоа би било и теоретски можно ако тој натпревар беше на пример во ЛШ? Не, туку и на Загреб како и на Металург во тоа време им беше тренинг натпреварување Сеха, или си сериозен дека да игравме во ЛШ тие години со Загреб ќе можевме да го направиме истото?Си викам ај да не го тупам за Вујо, ама за вакви изнакажани небулози и невистини морав да искоментирам. Ти бе друже да не имаш некаква амнезија да те прашам прво.
Можеш да не го сакаш ради неговиот проблематичен карактер, ама да тврдиш дека немал никакви резултатски достигнувања со Вардар е многу ниско. Да те потсетам дека поголемите вложувања на Минчо и со тоа доминацијата на Металург се поклопуваат со првото заминување на Вујо од Вардар во 2009 година. Михајло откако увиде дека другиве тренери што дојдоа по Вујо (Љупчо Савевски, имаше еден Црногорец и евентуално уште некој тренер) никако не можат да се справат со Лино, се решава да го врати назад повторно.
У една година Вујо успеа во 5 наврати да му го земе скалпот на Металург и Вуди Ален. Во финале на СЕХА во Загреб, во финале на Куп на Македонија во Борис, на Кале со гол у последна секунда, во 1/2 финале на СЕХА пак во Борис и оваа задњава победа за титула што ти покушаваш да и ја намалиш тежината како демек Вујо им ги повреди играчите. А знаеш во тие претходни 2,5 години додека беа други тренери на кормилото, колку пати го победивме Металург?! Јас ќе ти кажам: Ниту еднаш! Па сеа ти напраи математика кој можел, а кој не можел да се носи резултатски со нив. Додека на Лино му ја донесоа пола репрезентација и докажани странци од типот на Станиќ, Вугринец, Марковиќ, Атман, Вујо од нафталин ги извади Столе, Карачиќ, Абутовиќ, Прибак, Добривоје Марковиќ, Џамбо, Тоскиќ за кои прашање е некој дали воопшто имаше чуено претходно, а многу од нив искочија исклучително важни во тие 2 освоени титули на европски шампион. И сепак успеа да му откине 3 титули на Металург во период од една година, а сеа муабети од типот дека Комити напраиле икона од него мислам дека не заслужуваат ни внимание.
Претпоставкиве дали Вардар со него ќе освоел ЛШ, ти е исто како да се прашуваш Раул или Парондо дали би ги оствариле резултатите на Вујо. Работеле во различни времиња, различни услови, различни играчи. Ја би им го оставил тоа на јасновидците.
Само ќе кажам дека треба да си има малку почит. Сепак апсолутно ја заслужува, за разлика од актуелниов, налик на руски шверцер на вотка од 90-тите, што на ангро го распродава угледот на клубот.
Само за потсетување, Карачиќ не беше ископан од некој дупка, него и Металург го бараше пред да дојде во Вардар.секоја чест за Карачиќ и Абутовиќ, ете и он има некаков удел во титулите во ЛШ со нивното носење.
Апсолутно, Карачиќ има играно 1/8 финале ЛШ со Босна пред да дојде во Вардар. Повеќе беше за тоа дека он ги донесе во Вардар, не дека он ги направил играчи.Само за потсетување, Карачиќ не беше ископан од некој дупка, него и Металург го бараше пред да дојде во Вардар.