Алал вера за играта и залагањево. Надреално!!! Последните минути како да гледам финале. Не знам зошто мрчат луѓево. Еднаш кажав дека не може стално да победуваш и да бидеш број еден константно. А со овој тим моментално што играше на терен, бодов е како финале! До негде како оној бод на Вардар против Барса кога им бранеше Малумбрес. Крила ти играат бекови, два пикери.. само Скубе класичен бек кој е низок и нема некој скок шут. Добро што конечно бранеше Калифа и фати доста добри топки. А за жртвувањето немам збор! Кокшаров голем минус што не стави еден бек од помладиве. А инаку Димитриевски има играно на централен бек во младата репрезентација што освои 6-то место. Утка му беше што го стави Дибиров таму, ама нема везе. Бод освоија, можеа и два, ама па 1/8-финале мислам дека е загарантирано сега!