Браво за Вардар! Денес играа феноменално во напад и да бранеа тикварите во прво полувреме, ќе беше едно 12-14 разлика на крај на мечот. Калифа каков смешен гол прими со топка подадена. Тоа му е нов врв по оној гол во Украина - што не важеше на крај!Овој Кугис наводно исто на препорака дошол. Ама Периќ отишол да го гледа во живо. Видел потенцијал и дал ОК и за него. Зошто наводно Периќ го следел Кугис некое време.
Ја некако мислев дека Кугис ќе се снајде полека, ама изгледа дека нема да се реализира таа прогноза.
А Кугис одигра добра партија против Словенија, која веќе беше пласирана на ЕП и не играше нешто мотивирано во Рига. Во таков натпревар веројатно и Чаневски, и оној Благојче, па и Колев (уствари за Колев тешко, он ништо не фаќа) би фатиле доста топки.
Нека се работи со Кизиќ. Ем е млад, има талент, може и подобро од ова. Ова денес беше супер од него. Да го стават прв голман до крај на сезона, не е лошо. Ете ти плус голман за репрезентација!