Само ме интересира кога Вардар ќе го прекине договорот со една од најнекреативните и најчкарт компанија за производство на спортска опрема?!
Не знам дали е целосно нивна вина или пак и на легендиве од управата задолжена за тие работи, ама да немаш скоро три месеци од новите шампионски(чкарт, со дизајн-0 креативност), е во најмала рака не сериозно и трагикомично. Во моменти кога Вардар станува шампион на Европа и кога цела раја е запалена по нашите херои, не можеш да купиш дрес.... затоа што нема! Се потрошиле мајката. Веројатно никој не планирал дека ќе станеме шампиони и дека ќе има голема заинтересираност, па Данциве пратиле само еден гепек со дресови. А несериозноста да биде од епски размери, за нова тура да дојде се потребни цели три месеци! Најверојатно ги шијат рачно некои монаси во Тибет... ко што доликува на еден шампион.
Па уште и не дупат, ни направиле специјално дизајниран дрес, само за Вардар, уникат. А истиот тој дрес го има и Веспрем, а којзнае и уште колку други екипи.
На несериозноста и неспособноста на Hummel, нормално се надоврзува и нашата управа, која што има златна кокошка во рацете, и со бар малку креативност, маркетинг , умешност и воља, можеа да ја облечат цела Македонија во црвено - црно и пари да намлатат!
Не се способни еден амблем да стават на тие какви - такви дресови. Лупни некоја сито штампа, што ќе се распука после две перења и кој ги е*е, кој сака да купи, нека купи.
Долга и широка е, за некој навидум небитна тема, но Господ е во деталите.