Кристопанс го знаеше цела Европа, единствено Мораеш е откиритие на Вардар поточно на Раул. Кои други руси ги ископа Вардар ? Дибиров ? Шишкарев ? Горбок ? Сите тие веќе беа познати и идеа благодарение на кешот на Самсонајт. За тоа дека низ екс-ју државите има многу таленти, тоа е 100% точно, исто и јас мислам дека тоа е лекот за склопување тим во иднина, со оваа супер прва постава што ја има Вардар со играчи како Дибиров, Скубе, Кристопанс, Шишкарев, Столе, единствено треба да решат дали Горбок/Дисингер би продолжиле на лев бек. Втората постава мислам дека би било ок да ја пополнат со играчи од екс-ју држави кои не би зимале големи плати а би биле големи таленти во иднина, еве Атман мислам е океј за во ротација на среден и лев бек, еден добар пикер кој може да игра во два правци им фали, како замена за Мораеш, и другите позиции треба да бидат пополнети со млади играчи(Димитриовски е океј за замена на Дибиров, дури и Чупич може да го пуштат доколку го оптеретува буџетот, има тука крила за замена(Поповски, исто може и со Костески да пробаат), им треба некој млад добар десен бек(незнам оти не пробаа со Липовина ама нема врска, млад лев бек исто им треба(само не Талески), за трет пикер исто можат да одат со некој млад играч и уште еден среден/лев бек може за ротација некој млад, ама за вакви играчи мајстор беше Лино, сакале вие да признаете или не.