Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
За големо име некое, ја не очекувам никакво име од некој класа тим. Најверојатно некој отпад, некој проспект ќе собереме. Што и не е лошо, зошто имаа доста погодоци во минатото. Може и сега ќе се најде нешто квалитетно.

Ова со овие од Металург може да е лошо за сите, зошто во Металург во СЕХА играш натпревари со натпреварувачи карактер. Во Вардар, играш добиени натпревари. Тука има разлика. Кога ќе дојдат клучни натпреавари со Загреб, Брест, Веспрем, Мотор, овие играчи нема да добијат шанса. Во екипа како Металург, би играл против овие екипи. Гледам, Мартин Поповски во едно интервју сугерираше дека најверојатно по следната сезона ќе си оди од Вардар. Реално, освен тие 2 титули како медали, кој развој го имаше он? Не знам, зошто ретко го видовме во некој јак натпревар.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.554
Поени од реакции
13.885
За големо име некое, ја не очекувам никакво име од некој класа тим. Најверојатно некој отпад, некој проспект ќе собереме. Што и не е лошо, зошто имаа доста погодоци во минатото. Може и сега ќе се најде нешто квалитетно.

Ова со овие од Металург може да е лошо за сите, зошто во Металург во СЕХА играш натпревари со натпреварувачи карактер. Во Вардар, играш добиени натпревари. Тука има разлика. Кога ќе дојдат клучни натпреавари со Загреб, Брест, Веспрем, Мотор, овие играчи нема да добијат шанса. Во екипа како Металург, би играл против овие екипи. Гледам, Мартин Поповски во едно интервју сугерираше дека најверојатно по следната сезона ќе си оди од Вардар. Реално, освен тие 2 титули како медали, кој развој го имаше он? Не знам, зошто ретко го видовме во некој јак натпревар.
Мислев на некој ко Скубе или Дисингер, не на Палмарсон :D

Српски и Хрватски таленти треба да се мета според мене, таквите досега се погодуваа доста.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Као што прочитав негде, македонската ракометна федерација поднела барање учесниците во Сеха ( посебно по промената на Сеха лигата) да се натпреваруваат и во домашното првенство. Е сеа пошо гледаме дека Вардар се врти на оној модел со купување на млади македонски таленти, ќе мора да направи стратегија со која овие ракометари ќе добиваат доста минути на одредени фронтови. Еве на пример во македонската лига и на натпреварите со "послабите" сеха екипи да им биде загарантиран настапот од самиот почеток на натпревар, па во зависност како ќе се одвива резултатот. Значи доколку сакаме ракометариве како Димитриоски, па и Серафимов доколку дојде, и ред други да станат добри играчи ќе мора некаде и да се направи жртва ( пример Сеха, не мора секоја година да играме Ф4), ама важно е овие деца да играат на тие натпревари. Така се прави ракометар. Исто и за македонско првенство. Плус самите тренинзи во клуб како Вардар одлично ќе влијаат на нивниот развој, искуството со постепените настапи во ЛШ е непроценливо, така да доколку се направи стратегија која ќе биде исполнета може да се направи нешто на тоа поле.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Летонскиот голман сме го донеле. Ќе видиме што ќе биде, како ќе се покаже.
Актуелниот европски првак Вардар потпиша двегодишен договор со Кугис Артурс (26), репрезентаивец на Летонија кој доаѓа од екипата на Гросвалштат. Сезонава Артурс одигра 35 натпревари за Гросвалштат, а со репрезентацијата на Летонија избори пласман на ЕП 2020 година.

Артурс беше особено забележителен во квалификациите за ЕП 2020 година, и неговите одбрани беа одбележани и од страна на ЕХФТВ по натпреварот со Словенија. Првпат Летонија избори место на ЕП, тој е соиграч на нашиот десен бек Даинис Криштопанс.

„Навистина сум среќен што потпишан договор со Вардар, и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански”, изјави Кугис Артурс.

Вардар во втората половина на јули ќе ги почне подготовките за новата сезона, а сигурно е дека на крајот на август треба да настапи на Супер Глоуб каде ќе се обиде да стигне и до титулата на неофицијалното клупско СП.

„Вардар секогаш знаел да препознае квалитет во некој играч кој набрзо по доаѓањето во нашиот клуб веднаш станувал препознатлив н амеѓународна сцена. Веруваме дека и со Артурс ќе биде исто, и ќе продолжи исто како и неговите претходници меѓу стативите на „црвено-црните”, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
3.875
https://m.youtube.com/watch?v=TfdtciHEz7U
Новиот голман на Вардар од Летонија 26 годишен , брани пенали ко луд еве дел од одбраните (со неговиот пенал фатен сега во 60 минута Летонија се пласира на ЕП :)
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Инаку голман на екипа што испадна од втората бундес лига. Што не мора да значи ништо. Сега со добра одбрана пред него, делува како да има брз рефлекс дечково. Тешко е да се процени, особено со голмани. Жерар лани може најдобар играч во ЛШ, оваа година прилично слаб беше. Кој знае што ќе биде. Бар не ги коштал многу.

Јас некако се сомневав дека овој Гедбан ќе го остават, али изгледа ќе го остават.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Искрено јас не го ни знаев голманов пред да почне да се поврзува со Вардар.
Верувам дека ќе се погоди,најверојатно е направен добар скаутинг,како што беше со Милосављев.
Кога ги баталиле Портнер и Ивич сигурно процениле дека овој е подобар.
Мислам дека нема да има проблем да се вклопи,Криштопанс е тука уште една сезона.

Сега ќе почнам да му ги гледам натпреварите од квалификации,за некој ден сите ќе ги изгледам па ќе пишам мое видување за голманот.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Искрено јас не го ни знаев голманов пред да почне да се поврзува со Вардар.
Верувам дека ќе се погоди,најверојатно е направен добар скаутинг,како што беше со Милосављев.
Кога ги баталиле Портнер и Ивич сигурно процениле дека овој е подобар.
Мислам дека нема да има проблем да се вклопи,Криштопанс е тука уште една сезона.

Сега ќе почнам да му ги гледам натпреварите од квалификации,за некој ден сите ќе ги изгледам па ќе пишам мое видување за голманот.
Ќе видиме, не е некое има навистина, што не значи дека ќе биде катастрофа, ама да се очекува дека целосно ќе ги замени Штербик или Милосављев е нереално да се очекува. Што не значи дека ќе биде лош, едноставно Вардар малку се разгали со феноменални голмански изданија.

Од она минимално што го имам видено ме потсеќаше по стилот по малку на Небојша Симиќ (ќе повторам, може сум грешка, многу малку имам гледано), а и постепено влегува во најубавите години за голман така што може да се покаже и како солиден трансфер, со оглед дека сигурно е евтин.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
598
Поени од реакции
614
Висина:194цм
Тежина:108кг

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Сега го изгледав натпреварот Латвија-Словенија,можам да кажам дека голманов е МАШИНА.:vozbud:
Незнам дали е ваков на други натпревари ама ова што го видов...Ги отпиша Словенциве.
Имаше едно 15 одбрани мислам(не ги броев)од кои скоро сите беа зицери,пошто Латвијциве спиеја во одбрана,на крај фати пенал за победа,на 20 секунди пред крај.

Одличен рефлекс има,посебно брани удари од 6 метри,мене доста ми личи на Милосављев,таков тип на голман е,и на фаца ми личи на опасно типче,некој што нема да се усере на утакмица,без разлика кој му шутира.:bravobe:
Најверојатно и поради овој натпревар го донеле во Вардар,нема многу натпревари со јаки противници,со Словенија во гости кога играле 14 одбрани имал(2 пенала).
На натпревари со Естонија и слични не ми се нешто посебно пошто реално слаби противници се,
и во втора Бундеслига неможе да се процени многу,многу.

Искрено очекувам да блесне во Вардар,мислам дека ќе биде полн погодок.;)
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Според 24ракомет, Атман добил раскин на договорот иако имал договор на уште една година. Па се шпекулира дека е печен за Скопје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom