Не го разбирам ракометот како спорт, пратам само првенства кога игра Македонија и тука-таму некоја битна утакмица на Вардар.
Покрај утакмицата која беше врвна и играта на Вардар јас мора да го изразам моето воодушевување од коментаторите, особено од едниот, оној што практично го водеше мечот.
Ќе ја тргнам на страна стручноста на оние кои се компетентни да дадат оценка за тоа, јас ќе ја споменам страста и почитта што ја покажаа. Страст прво за спортот, понатаму за Балканот и пред се за Македонија.
Секоја им чест искрено, ме наежија до даска