Ова е Ф4 и реално ако сакаш да бидеш европски шампион мора да победиш два натпревари, дали во полуфинале или финале. Барса оваа година дефинитивно игра најдобар ракомет, држат неверојатно темпо во текот на сите шеесет минути, плус (по мене) се најдобро избалансирана екипа на секое поле, така да ќе биде навистина тешко да се игра против нив. Сепак со темелна анализа, и со одличен ден на најголем дел од нашите ракометари ( на Милосављев обавезно) мислам дека имаме шанси да ја победиме и Барса. Се сеќавам на 2017 кога освоивме, го одевме истиот пат, од освојување на Сеха, па полуфинале со Барса која ја тепавме у задња секунда. Се би дал да се повтори историјата, ама и да не биде така ја сум веќе презадоволен од нашиот настап оваа година. Настапот во Келн ќе биде права посластица и награда за сите нас, верните кои скоро секој наступ добивавме мини срцев удар ( што е и нормално кога игра твојот тим). Со задоволство ќе ја проследам буквално секоја секунда во Келн, голема чест е трета година по ред да бидеш дел од елитата. Испишиваме историја секоја наредна година, колку повеќе не пропаѓаат толку повеќе се враќаме посилни. Како што напишаа и на официјалната страна, НИКОГАШ НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈ СРЦЕТО НА ШАМПИОНОТ! Барса е фаворит, ние одиме неоптеретено и силно да им ги поматиме плановите! Срце на терен па што биде! НАПРЕД ВАРДАРЕ!