Фан клуб - РК Вардар

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Најдобро е вака.
За женски ракомет нема заинтересираност, еуфоријата со Кометал нема никогаш да се повтори, други се времињата.
За фудбал, не е од тој калибар Самсоненко за да би играл Вардар во групите на Лига на Шампиони па да има и заработка и полн стадион. Можеби би било поинаку ако би имало некаква екс-ју лига + по некоја екипа од Бугарија, Романија, Унгарија и евентуално Грција и Турција.
Само и времињата се други, луѓето се палат на Реал, Барселона не на Динамо, Хајдук, Партизан и Црвена Звезда.

Останува машки ракомет.
Убедливо спорт бр.1 во Македонија (освен кај рамковните:icon_lol:)
За поголема популарност и посетеност, може да се доведе по некој плус Македонски ракометар, но тоа да биде играч од калибарот на РК Вардар.
Кога би се пренасочиле парите што идеа за ЖРК, а не верувам ни дека од ФК имал некаква заработка, РК Вардар секоја година би бил во први 4 екипи минимум.

Да се надеваме дека нема да се повлече и од РК Вардар, бидејќи спортот во МК тогаш би бил катастрофа. И сега е катастрофа, но тогаш голема катастрофа :icon_mrgr:
 
Член од
3 мај 2014
Мислења
874
Поени од реакции
2.658
Само благодарение на ФК, Самсоненко имал заработка, од околу 900,000евра.
И тоа златни играчи заминa, a на нив можеше да профитира уште пута 2.
Профитабилност у ракомет нема.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Само благодарение на ФК, Самсоненко имал заработка, од околу 900,000евра.
И тоа златни играчи заминa, a на нив можеше да профитира уште пута 2.
Профитабилност у ракомет нема.
Ама тоа во една сезона. Што е со другите три кај што е во голема загуба? Се на се он има изгубено многу пари (ако се негови) во сите клубови.

Самиот он си кажа дека дека сите пари инвестирани во клубовите (РК, ФК, ЖРК) се изгубени пари. А, и он кажа единствен начин да се заработат убави пари е со ФК да влезе во ЛШ, тогаш ќе има некој профит од клубот и ќе вреди инвестицијата. Од Лига Европа нема некоја пара. Ова се негови зборови.

Реално во фудбал тешко се прави некој успех, може инцидентно како што Вардар беше близу во 2003та или лани. Требаат многу пари за тоа.

Инвестирање во ракомет, па и со успех, во држава од овој регион е фрлена пара. Само за илустрација мислам дека ЕХФ дава 300.000 или 500.000 евра премија на тој што ќе ја освои лигата на шампиони. Тоа кажува на кое ниво е овој спорт.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Јадењето мешана скара, шарска, пита бурек и пиењето литро вино и гајба пиво е привилегија која му е дозволена само на Стоилов. Другите не смеат така да се однесуваат бидејќи се професионални спортисти, Столе изгледа не е.
Добро, зошто тераш инает со Столе кога 200 пати ти имаме кажано дека не се глупира веќе со скари и алкохол на кило?

Знаеш колку кила е потежок Страхиња од Столе? 40 како ништо.

Од 2015 сите ја сменија и исхраната и начинот на живот само Страхиња не, епа кој му е крив.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Кога се одвиваше овогодинешниот Ф4 на Арена еден од коментаторите за Страхиња рече дека тежи 162 кила, let that sink in. :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Кога се одвиваше овогодинешниот Ф4 на Арена еден од коментаторите за Страхиња рече дека тежи 162 кила, let that sink in. :)
Ауу јас мислев 140 дека е, срамота. Година дена помала плата да земаш и да не ти иде умот...

Сите си имаат различна исхрана од нутриционист, и на различни позиции играат фала богу, ако се раководиш по неа, не лапаш казни ама ако си глуп како Џамбо...
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Добро, зошто тераш инает со Столе кога 200 пати ти имаме кажано дека не се глупира веќе со скари и алкохол на кило?

Знаеш колку кила е потежок Страхиња од Столе? 40 како ништо.

Од 2015 сите ја сменија и исхраната и начинот на живот само Страхиња не, епа кој му е крив.
Здраво се храни сега? Епа му дошол памет изгледа. Не терам инает јас, туку не мислам дека може да се промени толку.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
И Столе треба да стопи некое кило. Нема сомнеж ни за тоа. Ама ова со Милиќ мораше вака да заврши. Мора да има последици за непрофесионално однесување. Кои реакции, брзина и агилност може да ги имаш на таа килажа? Беше предупредуван и му дадоа премногу шанси.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Здраво се храни сега? Епа му дошол памет изгледа. Не терам инает јас, туку не мислам дека може да се промени толку.
Три години веќе, откако дојде Раул.

КостеМ, не смее ни да изгуби килограми ама не смее ни да накачи зошто му влијае на подвижноста. Има одреден интервал и се држи во него, кај сите е така ама не можеш на ист интервал да ги ставиш крилата и пикерите.
 
T

Terroir

Гостин
Ама тоа во една сезона. Што е со другите три кај што е во голема загуба? Се на се он има изгубено многу пари (ако се негови) во сите клубови.

Самиот он си кажа дека дека сите пари инвестирани во клубовите (РК, ФК, ЖРК) се изгубени пари. А, и он кажа единствен начин да се заработат убави пари е со ФК да влезе во ЛШ, тогаш ќе има некој профит од клубот и ќе вреди инвестицијата. Од Лига Европа нема некоја пара. Ова се негови зборови.

Реално во фудбал тешко се прави некој успех, може инцидентно како што Вардар беше близу во 2003та или лани. Требаат многу пари за тоа.

Инвестирање во ракомет, па и со успех, во држава од овој регион е фрлена пара. Само за илустрација мислам дека ЕХФ дава 300.000 или 500.000 евра премија на тој што ќе ја освои лигата на шампиони. Тоа кажува на кое ниво е овој спорт.
Потенцијалот од ФК е неспоредливо поголем од оној на РК за профит, ракометарите дури и кога освоија ЛШ пак ја завршија сезоната во минус

И не се согласувам дека единствениот начин да се заработат од ФК добри пари е да се влезе во Лига на шампиони, ете Динамо Загреб лани не успеаа ни во групната фаза на Европа лига да влезат па само од трансфери извадија преку 20 милиона евра а сега се +9 милиона или само во последните 5 сезони преку 70 милиона евра..
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268

Супер логика.
Ај сега спореди го начинот на водење на клубот,јачината на првенството и договорите кои ги имаат играчите.
Динамо Загреб како клуб е многу над Вардар во моментов,не можеш да го споредуваш на тој начин.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Потенцијалот од ФК е неспоредливо поголем од оној на РК за профит, ракометарите дури и кога освоија ЛШ пак ја завршија сезоната во минус

И не се согласувам дека единствениот начин да се заработат од ФК добри пари е да се влезе во Лига на шампиони, ете Динамо Загреб лани не успеаа ни во групната фаза на Европа лига да влезат па само од трансфери извадија преку 20 милиона евра а сега се +9 милиона или само во последните 5 сезони преку 70 милиона евра..
Се согласувам. Но, не може да се споредуваат Динамо Загреб и Вардар. Сепак тука се работи за клуб во земја која константно произведува фудбалери на повисоко ниво од кај нас. Тие имаат поголеми стручни лица, поголема традиција и сл. Истиот фудбалер да го има Вардар ќе го продаде за помали пари од Динамо зошто реномето на клубот е помало и историјата на квалитетни играчи кои дошле од клубот е помала. Така што и очекувањата за него има шанси да бидат помали зошто перцепцијата е друга. Од Динамо излегле Модрич, Бобан, Манџукиќ и др. А, да бидеме и реални. Ние не создаваме квалитетни фудбалери на некое европско ниво. Тоа е инцидентно. Така што не може да спиеме на тоа уво. Нас ни се погоди една добра генерација во Беласица пред 18 години и така неколку добри фудбалери на куп за наше ниво не создал никој во Македонија. Реално ние не знаеме да правиме фудбалери или едноставно нема тука такви таленти.

Вардар од 1 јануари ќе има буџет од 1.5 милиони евра. Во 2014 најавија буџет од 3 милиони. Оваа година во тоа ревизијата пишуваше, 5-6 милиони (не ми текнува добро). Со тие пари, ете се стигна во една сезона од 4-5 под Самсоненко во Лига Европа, кај што не торпедираа сите, петарди. Вардар таков буџет нема да види во скора иднина.

Со истите пари во ракомет се стана шампион на Европа.

Може е подобро да си фраер у село и да се радуваш.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2014
Мислења
874
Поени од реакции
2.658
Ама тоа во една сезона. Што е со другите три кај што е во голема загуба? Се на се он има изгубено многу пари (ако се негови) во сите клубови.

Самиот он си кажа дека дека сите пари инвестирани во клубовите (РК, ФК, ЖРК) се изгубени пари. А, и он кажа единствен начин да се заработат убави пари е со ФК да влезе во ЛШ, тогаш ќе има некој профит од клубот и ќе вреди инвестицијата. Од Лига Европа нема некоја пара. Ова се негови зборови.

Реално во фудбал тешко се прави некој успех, може инцидентно како што Вардар беше близу во 2003та или лани. Требаат многу пари за тоа.

Инвестирање во ракомет, па и со успех, во држава од овој регион е фрлена пара. Само за илустрација мислам дека ЕХФ дава 300.000 или 500.000 евра премија на тој што ќе ја освои лигата на шампиони. Тоа кажува на кое ниво е овој спорт.
Секое квалификациско коло што ќе се мине во фудбал ти носи пари.
Во Лига на Шампиони:
Прво коло: 280,000 евра.
Второ коло: 380,000евра.
Трето коло 480,000евра.
Влегување у групи: 15,250,000 евра, Победа у група е 2,7м евра. Нерешен резултат: 900,000 евра.

За Лига Европа се помали:
Прва рунда: 240,000евра
Втора Рунда: 260,000евра
Трета Рунда: 280,000евра
Плеј Оф: 300,000евра
Влегување у групи: 2,9м евра.
Победа у група: 570,000евра.
Нерешено: 190,000евра.
Плус ТВ прва, продажба на карти(гостите плаќат солени цени) на стадион од 36,000 гледачи..
Да не зборам како нашите да ги продадеш и најдобрите играчи, за кои можевме да извадиме одлични цени..(лично јас мислам дека извади некој од ФК Вардар, на сметки у Белизе)
Да сумираме Самс го зеде ФК Вардар од град Скопје, на 10години и да вложува по 1,5м евра по сезона, со влегување у група на Лига Шампиони: 16,390,000 евра(и само порази у група)
Парите од Тв права, карти итн да ги даде у премии.
Со едно влегување у групи на ЛШ Вардар си обезбедил буџет по 2м евра од сезона во наредните 8 години...
Неспорно е тоа што ти го кажуваш, Самс вложува сериозни пари у Македонија, и вадеше нешто ситно, лапна нешто сега од Европа Лига и толку, но што да се очекува кога во клубовите во управите уште кога го презеде Вардар е каша попара? Сака успех или?
Тука брусаат за пропаѓање на ФК Вардар уште од 2016година, еве од тогаш две години поминаа и ЛЕ групи игравме и Европски шампиони станаваме у ракомет, спортските медиуми(особено Екипа и Спортмедиа) си брусат како Вардар ќе се распаднел Самс немал пари, а он вложи и у Русија у ЦСКА, и тогаш јадеа вафли готово е со Вардар..
Пари има посебно у фудбалот, ако работиш како што треба но може и да има и у ракометот, имаме одлични услови за работа(у ракомет) добра акдемија, земаш стручен кадар, едуциран докажан, и фаќаш таленти од цел балкан, 2,3 играча да извадиш во неколку сезони одлично, се повеќе има клубови кои се спремни и да платат за трансфер..
Се може да се направи али не може со потрчковци у управа, дегени и идиоти кои немат додирна точка со спорт да раководат со клуб..
 
Член од
11 јануари 2014
Мислења
489
Поени од реакции
757
Сеа како што се без голман уште Дарко Станиќ фали да го донесат.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom