Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
3.745
Поени од реакции
8.767
Abe i vas ne može da vi se najde krajot:) Neli afrikanski igrači se rizik, bolje bilo balkanski. Eve sea srbin doagja, pa pak ne čini. Ne se nadevajte be na jaki iminja, nema toa. Stvarno ne znam na kakvi iminja se nadevate deka ke dojdat. Kakov Lazar Kukič on e trenutno Hansen za nas. Ako se sredat nekoi raboti može da se nadevame na pokvalitetni rakometari, do togaš ova si e plafonot. Ne znači deka momakot e loš, ke vidime kako ke se pokaže. Može ke iznenadi kako Nikolič i Srdanovič. Golmanot me kopka, mnogu važna pozicija.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.663
Поени од реакции
6.021

Дајте нешто од играчов на youtube ако го има да го видиме :D
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.772
Поени од реакции
6.417
Ми мириса дека ќе испадне тешка превара од играч, нешто како Гојковиќ, барем да е некој помлад да имаме надеж дека ќе се покаже, овој 32 години, досега играл во Чурго, Анаитасуна, Слога Пожега и Југовиќ.
По видеата гледам дека има барем 10 кила вишок и последниве сезони игра ракомет со одење.

Се надевам на уште еден квалитетен среден бек и голман, што по досегашниве трансфери чисто се сомневам дека ќе ги видиме, прашање е колку воопшто можеме да договориме нешто добро во овој период од годината.
Ништо не правиме и наредна сезона, ќе чекаме подобри времиња.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
269
Поени од реакции
617

Пак ќе се бориме за титула, ама повторно ќе немаме ротација, за разлика од Пелистер. Стварно очекував бар некој поквалитетен среден бек, па уште и голман ако донесат некој анонимус...
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.187
Поени од реакции
4.149
Ми мириса дека ќе испадне тешка превара од играч, нешто како Гојковиќ, барем да е некој помлад да имаме надеж дека ќе се покаже, овој 32 години, досега играл во Чурго, Анаитасуна, Слога Пожега и Југовиќ.
По видеата гледам дека има барем 10 кила вишок и последниве сезони игра ракомет со одење.
И мене не ми се гледа позитивно.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.664
Поени од реакции
70.796
Abe i vas ne može da vi se najde krajot:) Neli afrikanski igrači se rizik, bolje bilo balkanski. Eve sea srbin doagja, pa pak ne čini. Ne se nadevajte be na jaki iminja, nema toa. Stvarno ne znam na kakvi iminja se nadevate deka ke dojdat. Kakov Lazar Kukič on e trenutno Hansen za nas. Ako se sredat nekoi raboti može da se nadevame na pokvalitetni rakometari, do togaš ova si e plafonot. Ne znači deka momakot e loš, ke vidime kako ke se pokaže. Može ke iznenadi kako Nikolič i Srdanovič. Golmanot me kopka, mnogu važna pozicija.
Работата е што за оваа сезона сите имавме поголеми очекувања. Не дека паѓаме на баснословни приказни од штабови, ама со падот на сдс и намаленото влијание на фаци како Груби кои константно ги кочеа вложувањата во Вардар од град Скопје, за очекување е да се подобри финансиската ситуација во ФК и РК Вардар. Борко сигурно ќе се дограба до некаква повисока позиција о самиот он најави посилен состав и поголема стабилност.
На крајот, ако утрото по денот се познава, не добивме ништо.
Прво, го губиме голманот кој е кај нас неколку сезони. Самиот тој не сакал ни да преговара за продолжување, што значи состојбата не е толку добра како што мислиме.
Си оди Ѓукиќ, носиме добро засилување. Али крилата се скоро па небитни, ако немаш бекови.
Се шпекулира заминување на Петриќ. На десен бек носиме играч за кој веќе пишував, тотална непознаница. Екипа со добар буџет не носи непознаници, носи проверени играчи, а не да лутаме лево десно.
И најважно, екипа која треба да оди кон подобро, мораше како знае и умее да го договори Јасухира. Па практично го губиме најдобриот играч, класи над другите, а носиме некој 32 годишен на ранг на Гојковиќ, максимум колку Шеваљевиќ.
Си оди и Карапале, преговараме со играч на негов ранг, Танкосен.
Голман уште немаме, а како одбранбен место Мишевски кој си отиде, носиме играч од Бутел, кој веројатно е на негово ниво.
Па ние ништо не се засиливме, може и послаби сме моментално од лани со овој состав. И најважно, да имавме големи амбиции ќе потпишевме играчи до време, а не да чекаме отпадоци или некој ако се погоди.

А да не зборуваме до каде сме со младинските школи кои Борко помпезно ги најавуваше кога го презема клубот. Нели викаше ќе се отвореле пак школи низ градовиве, ќе се врател стариот сјај на школата и ќе сме произведувале и наши играчи? :pos:
 
Член од
23 март 2017
Мислења
358
Поени од реакции
622
Не е проблем во носењето на Анонимуси за засилување,Вардар и во почеток на најдобрите денови носеше такви играчи,не мора да се познати ама барем да имаат талент и желба за докажување,има доста играчи само треба правилен скаутинг, можеби треба да гледаат нашиве во француската лига ете тамо ги ископавме Бакари Диало, Моралес така да играчи има треба само права селекција.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.157
Поени од реакции
4.642
Никој не очекува јаки имиња, ама досега ова е многу разочарувачки. Со евентуално играње Лига Европа надежта беше дека ќе се задржи и засили составот кој што го имавме, наместо тоа, губиме 2-ца играчи на клучни позиции (голман и среден бек), а нивни замени ни на повидок, а на позицијата каде бевме најслаби (десен бек) носиме анонимус кој на 27 години сеуште нема искуство со играње во Европа. Може да е и добар играч тунижанецот, ама додека се вклопи во тимот, културата, живеењето, отиде сезоната, требаше да се оди таму со попроверено име.
Засега, повеќе делува дека ќе се бориме со Тиквеш и Охрид за 3-то место отколку за титула...
 
Член од
23 март 2017
Мислења
358
Поени од реакции
622
Некако на Борко последниве неколку засилувања му се катастрофални ако лани потпишувавме млади и талентирани играчи,после јануар премногу ѓубре изнакупи Боко,ми делува како Боре со засилувањава да замачкува очи додека се докопа до министерската фотелја, ако Боре биде министер значи ли тоа дека веќе нема да има право да ја врши и функцијата директор на Вардар. Баш ме интересира кој ќе ја преземе тогаш неговата улога во тимот….
 
Член од
13 август 2019
Мислења
506
Поени од реакции
2.665
Некако на Борко последниве неколку засилувања му се катастрофални ако лани потпишувавме млади и талентирани играчи,некако после јануар премногу ѓубре изнакупи Боко, некако ми делува како Боре со засилувањава да замачкува очи додека се докопа до министерската фотелја, ако Боре биде министер значи ли тоа дека веќе нема да има право да ја врши и функцијата директор на Вардар. Баш ме интересира кој ќе ја преземе тогаш неговата улога во тимот….
Најмал проблем е кој би ја преземал неговата улога, може да стаат и некој тотален анонимус а Борко да работи од позадина... Поголем проблем е тоа што он активно тераше кампања и пред изборите а и сега го гледам доста е активен од град во град иде, со разно разни федерации се среќава, со спортисти и се тоа е во ред, НО да не е директор на клуб што за неполн месец треба да почне со подготовки за сезона во која што ветија посилен ростер и подобро претставување во Европа, ветувањата одеа и до таа мерка што он лично викаше дека ако сме шампиони ќе играме ЛШ и ќе имаме тим достоен за ЛШ... Така да не можеш у ек на кампања да ветуваш нови спонзори, нови играчи и посилна екипа, за после 2 недели да го пуштиш Јасухира, а да го носиш Крсманчиќ (со сета почит кон дечкото, можеби е добар играч, но не е калибар на Јасухира во секој случај)...
Се слагам со Сабер, две цели сезони се труби дека сме најслаби на десна бековска позиција, они не само што не донесоа екстра засилување за таа позиција, туку и ги ослабнаа другите две клучни позиции, среден и голманската. Ќе почекаме да видиме кое ќе е засилувањето на позиција голман и дали дополнително ќе се бара уште некој играч за среден и за десен, зошто Борко вети најмалку едно звучно засилување, а во моментов нашите засилувања се далеку од звучни :D
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.663
Поени од реакции
6.021
Борко не ги носи играчите , си има управа и скаути во Вардар и тие ги носат играчите ..

Борко сам си кажа во интервју , него му е задача спонзори и пари да најде во Вардар ..

Цело време го следам на неговите профили, во сите градови иде за поддршка на партијата која во моментов е на власт , веројатно ке го стават министер за спорт ..

Сите спонзори што ке ги најде факт е дека ке бидат со помош на власта , тоа цело време го зборев и таа е вистината иако сите ме напаѓавте ...

Се ветуваа огромни пари во Вардар , дали го излажале него или не ке покаже времето , но засега со овие засилувања делува дека големите пари ги нема ..
 
Offtopic малку од ракомет, ама мислам за двата спорта ова се однесува. Убаво кажа Кочо Димитровски за ФК Вардар само шеик е спасот :):cuc:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom