Фан клуб - РК Вардар

Член од
19 август 2010
Мислења
2.957
Поени од реакции
6.101
Што би била позадината?
Не знам. По мое некое мислење мислам дека се работи на тоа Македонија да изгуби место во ЛШ, и да се отвори место за некои други клубови кои не успеаа да се пласираат во ЛШ. Помоќни земји кои имаат голем кредит кај ЕХФ. Друго објаснување немам.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.074
Поени од реакции
1.350

Една од најракометните земји во светот е Македонија. Да направи ЕХФ да загуби македонски претставник во ЛШ е исто како да си пука во колено.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
7.794
Поени од реакции
11.972
Една од најракометните земји во светот е Македонија. Да направи ЕХФ да загуби македонски претставник во ЛШ е исто како да си пука во колено.
ehf saka profit na krajot na denot. nas treba da ne platat a ciganive na vlast nekat ni tv prava da otkupat. realno samo od tv prava na primer u danska oni ke se bar 500k evra plus.

gi zabole niv za makedonski prestavnik lol
 
Член од
19 август 2010
Мислења
2.957
Поени од реакции
6.101
Една од најракометните земји во светот е Македонија. Да направи ЕХФ да загуби македонски претставник во ЛШ е исто како да си пука во колено.
Објасни ми го ондак исфрлувањево од сите европски натпреварувања на скоро исплатен долг. Да сакаше ЕХФ да го задржеше Вардар ќе го напраеше тоа и на многу поголем долг, као што направи и минатата година.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.074
Поени од реакции
1.350
Објасни ми го ондак исфрлувањево од сите европски натпреварувања на скоро исплатен долг. Да сакаше ЕХФ да го задржеше Вардар ќе го напраеше тоа и на многу поголем долг, као што направи и минатата година.
Ни мене не ми е јасно, тоа викам.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.161
Поени од реакции
5.726

Нормално е раководната структура да си ги брани своите постапки. Нелогично е да се земаат изјавите на Михајло или било кој од Вардар здраво за готово кога тие се засегнатата страна.

Мене ми личи дека почнале со некакво исплаќање на стари долгови, но има уште доста за плаќање (за сите сезони вкупно наназад). Тие 2.5 милиони во изјавата повеќе звучат како вкупно средствата кои ги инвестирал клубот изминатите 2 години отколку сума која ја исплатиле од долгови.

Дека некакви правни играрии се правени преку пререгистрација на нов клуб и со тоа да се обидат некој друг да ги исплаќа долговите тоа е сигурно. И тука е "лутината" на ЕХФ која втора сезона по ред не сака да дозволи вакви правни преседни да проаѓаат кои се спротивни на фактичката ситуација.

Јас се уште мислам дека ќе се најде решение, бидејќи апсолутно не се согласувам дека има некаква завера против Вардар - напротив Вардар добил поголем попуст отколку што еден Хамбург, Копехаген и еден куп шпански екипи добиле изминатата деценија.

Но еднаш мора да се научиме дека спортот е бизнис и водењето на клуб и резултатите кои се постигнуваат мора да имаат економска логика. Затоа прво мора малку да ги зауздаме амбициите, барем на краток рок, а потоа да бараме систем со кој ќе се максимизираат резултатите кои се можни со некои 1-2 милиони евра годишен буџет кој е некој максимален износ кој е моментално одржлив и не води кон финансиски крах.

А се знае како се вадат максимални резултати со таков буџет, млади играчи кои се развиле побрзо отколку што им летнала платата, локални играчи кои за да бидат "дома" играат за малку помали средства, домашни играчи за кои не требаат сертификати, како и генерално користење на предноста што ја има Македонија во однос на западна Европа (помали трошоци за живот, помали даноци, ваучер системот кој е добар за ракометот бидејќи е спорт со најдобри резултати во државата, нешто што не е случај во други држави).

Ене ги Целје и Загреб. Освоија титули во ЛШ, сфатија дека мора да го сменат моделот кон одржлив бизнис субјект и со децении се одржуваат во светскиот крем од топ 30 екипи. Тој е моделот што треба да се усоврши и унапреди, нешто што мислам е возможно во МК бидејќи ракометот е попопуларен отколку во ХР и СЛО.

Ова ба крај и краишта не важи само за Вардар туку за сите клубови. Важеше и за Металург кој не успеа и пропадна, важи за Пелистер кој ќе мора да ги исконтролира апетитите, а ќе важи и за Алкалоид кој допрва ќе треба да се издефинира како можен посериозен субјект на ракометната мапа во МК.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
2.957
Поени од реакции
6.101
Ни мене не ми е јасно, тоа викам.
Дел од соопштението на РК Вардар:

По освојувањето на двојната круна во Македонија, со нетрпение го очекувавме почетокот на новата сезона во која повторно ќе играме меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите. Стабилноста на клубот последните две сезони ни дава за право да се надеваме на повторување и подобрување на постигнатите резултати досега.

За жал од ЕХФ на 17 јуни 2022 год, добивме известување дека поради ненавремено подмирување на обврските Вардар не може да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Во изминатиов период од 2 год. беа подмирени обврски во висина од околу 2.3 милиони евра и беше уплатен депозит на сметка на ЕХФ во висина од 300.000 евра.

(Значи во изминативе 2 години решен е најголемиот дел од долгот односно 2,3 милиони евра од 2,5 милиони вкупен долг, плус уплатен е депозит на сметка на ЕХФ од 300 000 евра, што значи долгот треба да е елиминиран).

При преземањето на клубот во правна постапка согласно законските прописи со која што РК ВАРДАР 1961 АД Скопје, стана правен следбеник на клубот официјалните податоци укажуваа на заостанати обврски спрема играчи во висина од 2.5 милиони евра. Во време на светска криза и пандемија кога сите се соочуваат со проблеми од најразлична природа, а најмногу финансиска клубот успеа да го сервисира стариот долг што го имаше кон играчите од пред неколку сезони кога двапати беше европски шампион.(Значи по преземањето на Вардар од страна на Михо затекнат е долг од 2,5 милиони евра кон поранешни ракометари)

Вистина е дека РК ВАРДАР 1961 АД Скопје имаше задоцнување во временската рамка кој што ја доставуваше за исплата на заостанатите обврски, при што последната исплата од 500.000 евра предвидена за исплата до 15.05.2022 год. се реализираше до 31.05.2022 год. Со оваа исплата и со искористувањето на депонираните средства РК ВАРДАР 1961 АД Скопје сметаше дека целосно се подмируваат заостанатите обврски пред преземањето на клубот. (Значи једино што не испоштувал Вардар е рокот за исплата на последната рата од 500.000 евра кој бил со 15 дена закаснување и сакате да ми кажете дека заради тоа копилињава ќе ни го ебат клубот??)

Не не овде не е чиста работава. После се што излезе на виделина сметам дека се игра голема игра од ЕХФ. На крај краева ако не е така како што вика Михо, зашто ЕХФ не го демантира со концизно соопштение во кое ќе објасни дека пример долгот не е 2,5 милиони туку 5 милиони или слично. Нема ништо такво од нивна страна, се е некако штуро и недоречено.
Автоматски споено мислење:

Нормално е раководната структура да си ги брани своите постапки. Нелогично е да се земаат изјавите на Михајло или било кој од Вардар здраво за готово кога тие се засегнатата страна.
Не верувам дека Михо преку официјално соопштение би лажел дека платил 2,3 милиони евра. Се зема официјално соопштение на клуб во кое концизно е објаснето колкав бил долгот, колку е платено до сега, и дека само последната рата е исплатена со 15 дена закаснување. Од другата страна добивме далеку од некое концизно објаснување.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
7.794
Поени од реакции
11.972
poleka... zdrepkata e na 2ri... ima poveke od 1 nedela. pederite od ehf nemase ni da izlezat so soopstenieto do petok ama pisuvanjata na balkanot i izjavata na miho gi natera da reagiraat. prakticno ni dadoa eksta 3 dena da reagirame oficijalno. za da se bunis treba odluka, sega ja imame. na red e da se bunime. ke vidime doprva sto ke bide.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.185
Поени од реакции
3.104
Исто така треба да се има предвид дека голем дел од обврските беа плаќани на рака. Јавна тајна е дека со вреќи пари се влегувало во соблекувална. И мислам дека заради тоа што и на играчите им е прљав гзот не е подигнат ниту еден судски спор до сега и покрај тоа што имаше лаење по медиуми.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.161
Поени од реакции
5.726
Не верувам дека Михо преку официјално соопштение би лажел дека платил 2,3 милиони евра. Се зема официјално соопштение на клуб во кое концизно е објаснето колкав бил долгот, колку е платено до сега, и дека само последната рата е исплатена со 15 дена закаснување. Од другата страна добивме далеку од некое концизно објаснување.
Не викам дека лаже, не знам, немам никакви информации за состојбата во клубот.

Но можам да ти кажам како објективно звучи тоа соопштение. Вика 2.3 милиони подмирени обврски. Кои обврски? Долг од 2017та? Новогенерирани обврски од 2021ва? Нешто трето? Сите трошоци се обврски и стари долгови и нови тековни. Соопштението може да е целосно точно но притоа да ги упатува читателите на погрешњн заклучок.

Да не зборувам што не е ни јасно какви се долгови има клубот. Можеби и не се само играчи во приказната...

Мислам дека генерално дел од новинарите во МК отприлика знаат што е играта, на крај и краишта и ЕХФ сигурно има некаква цел со ова, прашањето е само како ќе се фразира сето тоа во медиумите заради ПР причини, а во Македонија секогаш има и разно разни популисттичко политички игри.
 
ok... ajde vaka... koj se pobaruvanjata kon vardar? ima li sudska odluka? ima li odluka od ehf deka tolku i tolku dolzi i treba da se plati? im barale garancii. sega gi vrakaat, znaci ne se realizirani. zosto?

prvo bila dadena 300k pa 500k. sto e poentata? ako imaat crno na belo na kogo sto mu se duzi neka ja unovcat i neka gi razdolzat. garancija se bara ako se ceka sudska razvrska i ne se znae krajnata suma. tuka nema ni proceduri zapocnato ni nisto...

so dobri advokati ova treba da se resi. mnogu raboti se nejasni a kolku sto e na miho nejasno soopstenieto ona na ehf e pa cista glupost.
 
Член од
24 мај 2022
Мислења
8
Поени од реакции
34
 
Член од
19 август 2010
Мислења
2.957
Поени од реакции
6.101
Не викам дека лаже, не знам, немам никакви информации за состојбата во клубот.

Но можам да ти кажам како објективно звучи тоа соопштение. Вика 2.3 милиони подмирени обврски. Кои обврски? Долг од 2017та? Новогенерирани обврски од 2021ва? Нешто трето? Сите трошоци се обврски и стари долгови и нови тековни. Соопштението може да е целосно точно но притоа да ги упатува читателите на погрешњн заклучок.
.
Па објаснето е дека по неговото превземање на клубот констатиран е долг од 2,5 милиони евра за неподмирени плати према играчи до тогаш.Плус се објаснува дека од неговото преземање на клубот се си е подмирено према ракометарите, а тој претходен долг од 2,5 милиони, во договор со ЕХФ е испладен на етапи каде се напоменува единствено дека има каснење на последната рата од 500.000 евра и тоа од 15 дена.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
8.288
Поени од реакции
7.854
ехф и да го јадат и да платат казна џабе ке биде кога ке го уништат клубот за век и векови
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.045
Поени од реакции
7.937
Еве ви балкански пример за заобиколување на постапки и елиминирање на стари долгови.

Вардар 1961 како ентитет беше основан само за оваа ситуација што се наоѓаме сега, односно да можеме во ситуацијава да кажеме дека против клубот не е покрената никаква постапка од бивши играчи кои бараат да им бидат покриени долговите. Сите постапки се водат претпоставувам на име на правното лице РК Вардар а никој од тие играчи не може да докаже дека е бифш играч на Вардар 1961.

Не вреди да се критикува Михајло за ситуацијава. Човекот прави повеќе од што е возможно и тоа е тоа. Уште сум гневен што ниту претходните ниту овие градоначалници сега не мрднуваат со прст, само тој начин го гледам како реална опција за излез од ситуацијава. Го очекувам сега коментарот зошто државни пари да се теошат на Вардар, парите и така и така ќе ги украдат а во секоја ситуација боље е на спорт отколку дете заостанато со развојот да компонира песни за терористи.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom