Фан клуб - РК Вардар

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.656
Толку комплицирано ли е новинариве да им се јават на Кањељас, Македа, Раул, Борозан... и кој и да е на кого му се должеле пари и они да кажат дали се исплатени или сеуште им се должи? Они да лажат за Алборг да игра во ЛШ место Вардар нема шанса.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477

Морам да му се заблагодарам на Сергеј Самсоненко што успеа клубот да го однесе во врвот на Европа. Две шампионски титули и три Фајнал фор турнири, тоа го можат само Барса и Кил. Потоа од причини во кои не сакам да навлегувам замина од клубот.
Играчите беа слободни, администрацијата исто така. Целта беше нешто да значиме, а тоа е да сме меѓу 16 во Европа.
Јас сето ова го направив во договор со владини и градски интитиуции. Ако не беа тие гаранции, немаше да се нафатам, затоа што знам колку можам сам и со моите бизнис соработници да обезбедам.
Влетавме во многу лошо време, следеше пандемија, економска, енергетска криза, сега и војна во Украина.
Делумно имам разбирање, но не добивме никаква, добив „нула“ помош.
Очекував дека луѓето ќе имаат доблест да го спроведат тоа што го ветија, барем во 50%“, изјави Михајловски по што им се заблагодари на спонзорите што го поддржаа клубот во последните две години.
Ние сме две години прваци во кои конкунренција ни беше една многу сериозна екипа, Еурофар Пелистер.
Имав идеја, стабилен Вардар, потпишавме со четири играчи, сето тоа во договор дека оваа екипа за идната сезона ќе беше 20% посилна. Не само поради новите игрчи, туку и поради воиграноста.

Јас ги имам сите преписки, имав средба со Видерер во Виена, но западњаците поинаку размислуваат. Многу се крути одлуката е без правна подлога. Јас и на Видерер му кажав дека не може да очекува во рок да се вратат средства од околу 2.5 милиони евра во овакви услови. Прво пандемија, сега војна. Не е едноставно средства од Русија да се изнесуваат.
На крајот доцнењето го пеглавме со овие причини. Имавме рок и претходно, но јас се извинив и оправдав, а парите ги исплативме.
Ние немавме ултиматум дека до тој и тој рок мораме да платиме, во спротивно нема да играме. И на крајот кога плативме околу 2.3 милиони излезе дека покрај тие средства има други долгови кон играчи што пријавиле во ЕХФ:
За мене тоа е „рекла - кажала“, затоа што нема арбитража за тие случаи, нема одлука.
По се ова што се случи, одржавме состанок со играчите кои во моментов се во Македонија и мораме да размислуваме за иднината.
Не сакам да биде како фудбалски клуб или не дај боже како Кометал кој згасна кога излезе Трифун Костовски.
Сакаме конкурентен тим што ќе се спротивстави на Еурофарм, а ќе играме и СЕХА. Дефинтивно имаме одборение од ЕХФ за играње во СЕХА и во септември ќе играме во СЕХА.

Сите играчи освен тие што требаше да дојдат ќе останат. Треба да разговарам и само со Дибиров и Томовски тие се на одмор, а таков разговор не се прави по телефон.

На крај со тешко срце сакав да кажам дека барам некој што ќе ме замени. Јас ќе дадам оставка, но сакам да најдам некој што ќе го води клубот. Сакам прво да расчитам се. Сите играчи со изјави дека им е се подмирено.
Испратив писмо до многу компании, потенцирав дека се работи за национална гордост. Сакаме клубот да биде на здрави финансиски нозе. Сакам Вардар да нема долгови.
Дали ќе се формира координативно тело и како и да е. Сакаме да се расчисти со сите играчи, со изјави дека им е се подмирено и Вардар да продолжи во Европа, изјави Михајловски.
Автоматски споено мислење:

Да речеме дека и Тимур и Томовски ќе останат. Сериозно ќе шкрипиме на позиција пивот само со Столе и со Атанасовски. Па и десен бек и среден нема да биде сјајно... но ајде, ситуацијата во која се најдовме е катастрофална! Треба да сме презадоволни ако навистина сите останат.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Голмани:
Томовски (не се знае)
Гогов
Ристовски (тренер на голмани, по потреба ќе брани)

Десно крило:
Џукиќ
Георгиевски
Ќосевски

Десен бек:
Моралес
Савревски

Среден бек:
Карапалевски
Додиќ (ако добие позајмица од Киелце)
Гаџа (повреден ќе биде до декември)

Лев бек:
Талевски
Мишевски

Лево крило:
Дибиров (ако остане)
+ уште едно макеронско крило

Пикер:
Стоилов
Атанасовски
Лазаревски (Милан ќе потпишел од среда)

Не ќе беше лошо Ончев да го соберевме, ама тпа е...
Претпоставувам ќе тераме до полусезона, а во зависност од проценката за тоа дали имаме шанси за висок пласман, би се земале некои играчи на полусезона за финалната фаза.

Во секој случај, почеток на крајот...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477
Голмани:
Томовски (не се знае)
Гогов
Ристовски (тренер на голмани, по потреба ќе брани)

Десно крило:
Георгиевски
Ќосевски

Десен бек:
Моралес
Савревски

Среден бек:
Карапалевски
Додиќ (ако добие позајмица од Киелце)

Лев бек:
Талевски
Мишевски

Лево крило:
Дибиров (ако остане)
+ уште едно макеронско крило

Пикер:
Стоилов
Атанасовски
Лазаревски (Милан ќе потпишел од среда)

Не ќе беше лошо Ончев да го соберевме, ама тпа е...
Претпоставувам ќе тераме до полусезона, а во зависност од проценката за тоа дали имаме шанси за висок пласман, би се земале некои играчи на полусезона за финалната фаза.

Во секој случај, почеток на крајот...
Џукич и Чувара не остануваат? Во изјавата на Столе најавува дека ќе се земе уште некој играч до почеток на сезоната.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000

Држи вода ова.. Кај може на буљашот Хансен да му се скрати една од последните шанси да дојде до европска титула. Нормално е цел еден онаков Алборг да биде прошферцан у ЛШ.
 
Член од
14 декември 2021
Мислења
490
Поени од реакции
1.638
Не е само Хансен во приказнава, ако го слушнавте Михајло кога кажа дека рзговарал со тој Видерер му рекол дека проблем имал Самсоненко да внесе пари од Русија во Македонија за да може да се подмири долгот. Мислам дека во позадина има врска војната во Украина и бојкотот на се што е Руско од сите спортски федерации.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.323
Поени од реакции
3.795
По мене, многу добар прес одржа Михајло. Дрзок, без влакно на јазикот. Отворено кажа дека помош му била ветувана од премиерот, градоначалникот, советникот за спорт и дека не добил ништо. Со име и презиме. Исто спомна дека имал разговори и со Данела и дека се надева дека конечно ќе добие некаква помош од градот. Да не заборавиме дека и Тимчо влегуваше со Борко во соблекувална, па се надевам дека ветувањето за помош од општина Аеродром нема да остане само на фотографирање со играчите. Исто, испратено е писмо до 37 компании од кои се бара да го помогнат Вардар финансиски.
Ме радува што Столе му даде целосна поддршка од име на играчите. Се надевам дека ќе останат и Мартин и Тимур. И доколку успееме да го задржиме Додиќ, би било одлично. Гаџа е повреден, но реално мислам дека и онака нема да имаме потреба од него за првиот дел од сезоната.
Сега кога првенството ќе ни биде единствено натпреварување, клубот нека се потруди да ги организира натпреварите во нормални термини, а ние мораме да дадеме огромна поддршка и во што поголема бројка да ја полниме салата.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.479
Поени од реакции
2.341
Си требаат квалификации за ЛШ.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.034
Поени од реакции
34.444
Како прво, секоја чест за Михајло, на 75 години ти онака да се ангажираш и да трошиш пари за клуб што го сакаш стварно е за почит. Јбг каков е таков е, моментално го држи Вардар у живот, и треба да му се признае тоа.

Второ ме заинтересира ова со компанииве, од толку компании што биле исконтактирани еден да не се најде со желба за спонзорство? Како што знам, законот во државата е, ако една компанија вложува во било кој спортски клуб, сумата што ја дала во клубот се одзема од данокот што треба да го плати кон државата.

Да речеме дека една компанија вложува 500.000 евра во спортски клуб, и на крајот од годината треба да плати 1.000.000 евра како данок на приход. Они се обврзани да платат само 500.000 евра данок. Хипотетички кажано е ова. Значи они секако тој 1 милион мораат да платат, работата е дали целиот ќе го дадат на државата, или, пола ќе дадат во некој клуб, а пола кон државата. Ако сум грешка и ако некој се разбира повеќе, слободно нека ме поправи.

Ако е ова така како што пишувам, испаѓа дека компанииве попрво би ги дале парите на државата, него ли да ги вложат во некој клуб што е поразителен факт. :toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Да не знаеш кое ќе биде домашното лево крило?
Само пренесов што кажа Михо :D
Инаку, знам дека нашиве претходно го договараа Џонов, па се премислија и го задржаа Чувара.
Му имаат нудено договор и на Палевски, ама ништо не излезе од тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom