Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Дуарте не заработи некоја тешка повреда на коленото кога игравме со Монпеље на нивен терен? Да не излезе и тој ко Толедо, да лежи по болници пола сезона...

Исто така, колку време треба да живеат овде ракометариве за да добијат статус домашен играч? Џукиќ не ли е 3 сезони веќе во Македонија?

Инаку, на Ракомет24, пишува дека Валчак потпишал за Спортинг Лисабон.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.122
Поени од реакции
5.229
Потписи на Цехте и Дуарте мене ми се порака за следна година дека нема баш толку лесно да се предадеме и дека идеме на играње 1/4 финале.

Ако остане Дејвис, а ја мислам дека ќе остане, Карапалевски ќе добива голема шанса затоа што нели го произнесе како у некој у кој гледа потенцијал. Ја би се сконцентрирал на пикер да се најде солиден бидејќи Тото си оди, за жал. Па на полу-сезона ако не иде со Карапалевски да се бара некој среден кој нема голема минутажа а може да размрда ствари у состав. Или да го довлечкаат Кара од Киелце, и онака препуно е таму више. А и не е лошо а се погледне на исток што има по Русија они секако нема да играат ЛШ оваа година.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112

agustin casado... spanec sto potpisa za brest.... moze treba da probame da go sobereme, valjda i on neke sega u brest da ide. sreden bek im zbrca 16 komada na magdenburg u liga na evropa.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Мене уште не ми се верува како успеавме Дуарте да го потпишеме,машина е човеков,игра во два правци,а за тоа каков шут има од 9 метри нема потреба да зборувам сме го гледале повеќе пати,топ има во раката.
Ова е веќе засилување кое дава доста надеж за следната сезона,се надевам дека нема тука да застанеме и дека ќе донесеме уште некој играч од ваков калибар,искрено Дуарте е играч за клубови како Барса,Веспрем,Кил,ПСЖ итн,стварно чудно како потпишал за Вардар.
Ако за претходните трансфери од типот на Анѓелиќ можеше да кажеме дека се класични "Михо трансфери" ова е далеку повеќе од тоа.

Како и да е во моментов е најбитно Дејвис да го задржиме,си има поставено добри темели во екипата и се гледа дека на играчите им одговара неговиот систем на работа,ако треба и Михо малку нека попушти и на крај да се заврши работата исто како со Тимур.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Дуарте не заработи некоја тешка повреда на коленото кога игравме со Монпеље на нивен терен? Да не излезе и тој ко Толедо, да лежи по болници пола сезона...

Исто така, колку време треба да живеат овде ракометариве за да добијат статус домашен играч? Џукиќ не ли е 3 сезони веќе во Македонија?

Инаку, на Ракомет24, пишува дека Валчак потпишал за Спортинг Лисабон.
Тој момент за статус на домашен играч може да се искористи со Додиќ, уште како 14-15 годишњак почна да тренира во Металург, така да добри 3-4 сезони е тука.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.708
Поени од реакции
12.482
Јас сум презадоволен од досегашните трансфери и најави, со оглед на тоа што имав многу ниски очекувања. Криво ми е што ќе си оди Тото ама јбг. Русинов не го знам, по статистика би требало да го замени барем делумно. Лево Дуарте и Талевски се одлични. На среден можеме да преживееме со Црногорецот, Карапалевски и Додиќ. Тука Карапалевски и Додиќ се рачунаат како домашни што е одлично. Десен бек Моралес и Цехте кој треба да биде апгрејд на Њокас. Десно крило Џукиќ и Георгиевски се океј, изиграа добро во утакмиците со Пелистер, а добро е што и двајцата се домашни играчи ваљда. Пикери Столе и Русинот не се доволни. Дефинитивно ни треба уште еден по можност од калибарот на Тото, со оглед на тоа што имаме простор за странци. На гол Томовски и Борко, не се доволни, ако може борко да иде да биде тренер некаков, а на негово место да се донесе прв голман би било одлично.
Досега ко што бројам имаме 5 странци, евентуално 6 ако Џукиќ се рачуна како таков. Имаме простор за уште еден по еден странец на среден бек, пикер и голман, мада не верувам Михо до толку да искешира.
Поздрав од Толедо и Лацковиќ :D
После овој коментар може да очекуваме GOAT сезона од Дуарте.
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.593
Валчак си оди или така ја имам разбрано? Ако си оди, ќе треба двајца пикери да се донесат. Уште еден лев бек, крило десно или лево и голман и тоа е тоа од тимот.
 
and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
37
Поени од реакции
95
Тој момент за статус на домашен играч може да се искористи со Додиќ, уште како 14-15 годишњак почна да тренира во Металург, така да добри 3-4 сезони е тука.
Мислам дека таа граница од три години е за во репрезентација, воведена од ЕХФ/ИХФ.
Три години да има живеено во земјата (не мора континуирано) и последните три години да нема играно за матичната.
И плус на ова секако државјансво.
Е сега државјанство не се добива така лесно, на поштен начин де.
Има некоја процедура, во стилот на посебни заслуги, така земаа Прибак, Вугринец и еден куп кошаркари и фудбалери.
Ако Ѓукиќ и Додич немаат некоја Македонска жичка малку веројатно е за државјанство.
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
598
Поени од реакции
614
Ако Давис е пред заминување,кој би бил нов тренер?Нема никакви шпекулации...имиња...ништо....

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Мислам дека таа граница од три години е за во репрезентација, воведена од ЕХФ/ИХФ.
Три години да има живеено во земјата (не мора континуирано) и последните три години да нема играно за матичната.
И плус на ова секако државјансво.
Е сега државјанство не се добива така лесно, на поштен начин де.
Има некоја процедура, во стилот на посебни заслуги, така земаа Прибак, Вугринец и еден куп кошаркари и фудбалери.
Ако Ѓукиќ и Додич немаат некоја Македонска жичка малку веројатно е за државјанство.
А искрено мислам дека не е ни битно дали би добил државјанство или не, 8 странци за во супер лига се па и повеќе од доволно.
За во Лига на Шампиони забораваме дека не важи тоа правило.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom