Каков натпревар човече! Секој кој што му ја прати кариерата на Боркец знае дека си ги има он овие спектакуларни натпревари и секоја чест за денес ( да не бранеше вака може и ќе изгубевме), ама па исто сеа очекувам следните два натпревари да се врати на својот просек
) ( дај боже секој натпревар да ме демантира). Дефинитивно најака ни е линијата со Њокаси во состав, тогаш делуваме најубоито иако мора да се признае дека премогу се напалени на моменти и брзо влегуваат во ситуација да кога се покриени на шут праат асистенција на памет која е смешна грешка и примаме ефтин гол. Затао и Вујо најмногу пиздеше, ама се надевам дека ќе работат на тоа Њокаси и дека како ќе одминува времето ќе биде се боље. Какви само мајсторски бековски шутеви на Оливие денес, тоа е реално индивидуално мајсторство и атлетски квалитет кој го нема секој. За газдата Тото што да се каже, како ми е драго кога од нигде никаде ќе ископаме ракометар кој кај нас станува ѕвер. Во Висла беше резерва момакот, што да се каже. Фантастичен почеток на сезоната, кој можеше да се надева на вакво нешто. Ја мислам дека господ не погледа со Њокасиве, мислам дека со Гурбиндо победа немаше да имаме. Се слагам со желбите за централен бек, штета е ваква шутерска екипа да нема еден брз центар кој ќе се шуња, ќе праи вкрстувања и ќе ги разигрува бековите. Исто така , имам кажано и порано бековиве мора да поработат на игра и соработка со крилата. Мора да имаме и такви акции како би биле поразноврсни, некако тоа ми фали во нашата игра. Вујо треба да работи со бековите по тоа прашање а со тоа и ќе бидеме доста поубоити. Се на се една генијална победа која ќе ни даде уште толку крила за гинење оваа сезона. Сакав фајтерски дух на секој натпревар, го добив! Ништо повеќе не треба. Победите сами се редат. Напред Вардар доминирај за нас и за инат на сите душмани. Нека патат!