Фан клуб - РК Вардар

Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.340
Поени од реакции
3.872
Некако малку турлитава трансфериве.
Зошто бе? Овој трансфер ми е многу пологичен од брдото леви бекови кои се најавуваат.
Столе, особено после ковидот никако да се врати у права форма. Глеб е добар во одбрана, ама му треба поддршка од уште еден столб. На Валчак му фали искуство и ако догодина добие прилика мислам добро ќе се покаже.
Ликов не сум го гледал, ама има добра конституција, и ако игра во два правци ќе биде добро.

Сега да се фокусираме на стартер среден бек и бекап десен бек.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Зошто бе? Овој трансфер ми е многу пологичен од брдото леви бекови кои се најавуваат.
Не викам дека е лош. Овој сум го гледал нешто, ама не патам убаво да кажам некој впечаток. Него сакам да кажам од секаде по нешто. Французи, од Египет играчи, од полска лига, од Извиѓач се најавува, итн.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Ми има налик на Рожерио. Само читам у март му продужиле до 2022, хм..
Информациите од Полска потврдуваат дека Тото ќе се пресели во Скопје следната сезона, една година пред истек на договорот кој го има со Висла Плоцк а кој завршува во 2022. Тото би требало да остане во Скопје најмалку две сезони.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Според 24ракомет, до крајот на овај месец би требало да се знае дали ќе потпиши и Ел Дера, тоа шо уште немаме потпишано друг среден бек веројатно дава надеж дека шансите за Ел Дера не се изгубени.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Мене ме плаши потенцијалново доаѓање на Жереми Тото кое го најавува 24РАКОМЕТ да не значи дека Калараш си заминува.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Mnogu verojatno. Ne ide 4 pikera u sostav..
Да не си оди Валчак ?
Подобро да си оди Валчак него Глеб, Глеб ја имаа онаа хемија од шампионските години, како Чупко, Кара, Тимур, Столе...
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Да не си оди Валчак ?
Подобро да си оди Валчак него Глеб, Глеб ја имаа онаа хемија од шампионските години, како Чупко, Кара, Тимур, Столе...
Проструи информација некоја пред неколку недели исто мислам од 24РАКОМЕТ дека Валчак останува на уште една сезона.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Валчак пишуваше дека ќе остане уште една. Дека имаше 1+1 и дека клубот ја активирал втората година. Може овој Тото ќе биде донесен само да игра одбрана, па не го рачунаат ко пикер.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Да не си оди Валчак ?
Подобро да си оди Валчак него Глеб, Глеб ја имаа онаа хемија од шампионските години, како Чупко, Кара, Тимур, Столе...
Веќе никаква хемија нема во клубот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom