Имало причина за Столе да биде оставен во одбрана на последниот напад на Елверум што не можела да се сфати од пред ТВ?Абе не му е, ама не може он да прави чуда. Види денес, сите тројца леви бекови ги играше, сите тројца камења. Многу е нефер да се истакнува он како единствен виновник за резултатите. Апсолутно има некои лоши одлуки, ама тоа е така гледано преку ТВ. Не знаеме зошто некој би оставен во игра, некој на клупа, сигурно има причини за сите одлуки со кои не сме запознаени. Лесно е да се коментира вака. Ама денес, Столе, Валчак, Дибиров сите утнаа зицери кога се кршеше резултатот. Со Порто, Гаџа не фаулираше во последениот напад. Минатата со Сегед, Чупиќ промаши пенал кога беше ептен битно. Спорт е тоа, не може Стевче да лета и да игра наместо играчите. Нема ротација, тој е квалитетот. Оваа сезона отиде, дај да освоиме домашно и да видиме за другата што ќе правиме.

За ротацијата повторно си има и он многу чудни одлуки, да не заборавиме дека на убедливо најлошиот натпревар на Вујин, со Порто во гости при 2/7 шут го остави 60 минути во игра, за да во следниот натпревар со Сегед дома остане 60 минути на клупа

И да, најбитна работа ќе е да се освои домашната титула оваа година, а богами засега не изгледа дека сме нешто видливо подобри од Еурофарм според резултати, а според имиња, освен тоа што ние немаме десен бек и тип на играч ко Мандалиниќ на секоја друга позиција сме поквалитетно покриени од битолчани, на некои позиции дури и класи се во прашање ако ги споредиш на пример Дибиров и Маџовски на крило или Калараш со Кукоски како главни одбранбени. Тука ќе биде најголемиот испит за Стевче, евентуален пораз би идел само на негова душа.