Фан клуб - РК Вардар

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Чупиќ реално џабе мрчи и се кара со сите коа се напраил као буренце, не може да се одлепи од паркет. Мене ми е омилен ракометар, не само у Вардар туку општо у цел спорт, ама дај малце погледни се на што личиш па после мрчи и карај се. Не дека он некогаш бил атлета, напротив, ама ваков здебелен со спојлери со гзови ја не го памтам него.

Вујин исто е здебелен и не личи на ништо, да ослабе да се среди уште има ракомет у него, поготово за вакви екипи ко Брест, Нексе, Загреб и слична боранија.

Борко ко Борко, го знаеме веќе што човек е, нема потреба да се коментира. Ама морам да спомнам ПОСЕБНО што ме нервира кај него цела кариера, после секој примен гол он се врти и гледа у други како да не смее да прими гол, одма се чуди, негодува. Не јади гомна.

За Дибиров е праен муабетот, братот нема конкуренција од коа е дојден у Вардар, кур го боли, секоја 3та утакмица ќе искине и уште ќе мислиме дека е Кристијансен. Далеку од тоа дека он е проблем моментално.

Нема среден бек бе кои се овие измислени играчи, пички, страв им е да влезат у дуел.
Нит па пикер се има, овој Калараш ја не знам што играч е тој, поима нема у напад, у одбрана е ок ама нема јак партнер до него.
Срам ми е да го коментирам Талески и неговата појава во ракометот како спорт.

Без квалитетен среден бек што ќе ја води цела екипа џабе и Гисласон да биде тренер. Не дека со ова го правдам Алушоски, нема врска...

Многу ни рипнаа апетите изминативе години па вакви играчи, настапи ни изгледаат тажно, јасно е тоа, само мора полека да се привикнуваме дека не сме прв ешалон екипи, не сме ни втор моментално.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Ама, ние донесовме играчи, ама според тоа досега што се игра, испаѓа дека Гоце и Тале, ко да нема ич да играат, и французон дека инцидентно ќе влегува во игра. А тоа дека не ги ротира, сигурно има причина. Најверојатно ги гледа на тренинг, па си вика и уморни и никакви овие, подобри се од алтернативата. Ние треба да се прашаме и што ќе се деси ако се повреди Вујин, кој ќе игра во напад на десен бек? Пак Чупиќ? Овој Векиќ е ептен дрво, а Јагуриновски има нешто муда, ама нема талент.

Чупиќ стварно се има здебелно, и нешто многу му пораснала главата, се понаша ко да е главен у екипа. Овој Димитриоски не знам што воопшто си губи време во Вардар, кога нема никад да влезе во игра. Тимур никад не се повредува, така што овој ќе сонува да изигра 10 мин во ЛШ. Мора да се исфрилтира Борко некако надвор од екипата, и да се види дали може да се донесе некој креативен среден бек додека има уште време. Само дали има пари? Гледам и Адмирал сме го фукнале на дрес.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
А, зошто би се филтрирал баш Борко во ситуација кога он е најконстантниот наш играч од почетокот на подготовките до денес? Не дека сум му некој фан на министерот, ама...
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
За Калараш не може лош збор да се речи. Никогаш не бил добар во напад ама за пикерите што ги има Вардар моментално е измислен. И во одбрана е добар, кога прво дојде беше дрво невидено а сега е меѓу најдобрите а со него најмногу ми се свиѓа што стварно го остава срцето на терен.

Чупиќ џабе се расправа и нека се соочи со вистината дека веќе не му се Криштопанс и Скубе соиграчи него Гаџа и Талески.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
И покрај се пак дојдовме во ситуација да си одиме со важна победа од Брест. Клучни беа промашувањата на СТоле и Јотиќ за +2. Посебно она на Јотиќ кое беше на 4 мин. до крај ако не се лажам. Да погодеше ја имавме утакмицата. Стварно штета бидејќи доста коцки се поклопија како што требаше. Вујин даде тоа што требаше на десен ( макс од него во моментов), Борко морам да признаам даде и повеќе од тоа што очекував, од друга страна Пешиќ беше прилично мирен ( во најголем број случаеви се пали на нас и спушта ролетна) а што е најважно Скубе не играше ни со 30% од своите можности што се виде од авион. Е од друга страна као што е случај против нас и тоа низ изминативе години коа имавме и појака екипа, ќе се појави некој пациент кој ќе одигра натпревар на кариерата, во случајов Марко Паниќ. Далеку е од лош играч ама да ни закачи 7 гола како од шала па пизда му матер. Тоа е, се гледа дека има подобрување од Струга и Задар, ама како што спомнаа погоре ја немаме таа некоја додадна разноврсност и константност во играта. Штета стварно за двата бода, ама тоа е тоа. Идеме понатаму.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
А, зошто би се филтрирал баш Борко во ситуација кога он е најконстантниот наш играч од почетокот на подготовките до денес? Не дека сум му некој фан на министерот, ама...
Па јас не се согласувам дека не е наш најконстантен играч. Според мене тоа е Дисингер, од ова малку што се изигра досега. Борко денес не бранеше добро цел натпревар, ни со Веспрем не беше добар. Со Загреб последните 10 мин блесна. Човекот има 38 години, не е во играчка форма, буцко е, реално нема да слабее со години, така што нема иднина во него. Он е дојден како привремено решение некое. Подобро да се тргне сега, него да фаќа место и да се губи време со него. Не викам дека не може да извади некогаш, ниту па имам нешто лично против него, само сите сме свесни дека избројани му се деновите.
 
Сето тоа што го кажуваш е во ред, но повторно сметам дека тоа е крајно нелогичен потег. На мечот денеска имаше 12 одбрани при примени 24 гола, тоа е повеќе од солиден придонес. На утакмицата со Загреб блесна последните 10 минути, ама заедно со Валчак беа најзаслужни за пресвртот кој го направивме. Па и мечот со Веспрем да го земеме, зборуваме за меч на кој што примивме 35 гола и бевме комплетно надиграни! Од 38 шута кон нашиот гол одбранил 7 во меч каде што одбраната ни беше како швајцарско сирење.

Зборуваме сега хипотетички, да речеме дека утре би му дале отказ, со што ќе останеме? Со Кантегрел кој што е неискусен голман и за кого ова ќе биде прва сезона во ЛШ и Кизиќ, голман со 19 години. Во моментов Борко е нашиот најмал проблем, дури не би го нарекол ни проблем. Ако здравје наредната сезона имаме финансии и можеме да испазариме подобро, ондак да, Борко треба да си оди, но во ситуацијава, мислам дека таков потег нема воопшто логика.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Зборуваме сега хипотетички, да речеме дека утре би му дале отказ, со што ќе останеме? Со Кантегрел кој што е неискусен голман и за кого ова ќе биде прва сезона во ЛШ и Кизиќ, голман со 19 години. Во моментов Борко е нашиот најмал проблем, дури не би го нарекол ни проблем. Ако здравје наредната сезона имаме финансии и можеме да испазариме подобро, ондак да, Борко треба да си оди, но во ситуацијава, мислам дека таков потег нема воопшто логика.
Се согласувам. Во право си. Емоционално реагирав. Само ми боде очи и не ми се допаѓа што толку стар голман, при крај на криерата, што не е во кој знае каква форма, ни е прва опција и како што изгледа ќе ни брани по 50-60 мин во ЛШ.
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Се согласувам. Во право си. Само ми боде очи и не ми се допаѓа што толку стар голман, при крај на криерата, што не е во кој знае каква форма, ни е прва опција и како што изгледа ќе ни брани по 50-60 мин во ЛШ.
Ниту на мене, али веројатно толку ни дозволуваат условите моментално. :)
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.913
Поени од реакции
9.519
Бековската линија е проблем кај Вардар реков коа играа СЕХА Вујин шо немојт да трчат им е најдобар бек тука е и Дисингер креација нема, одбрана нема партнер Калараш, тренерот немат капацитет да пресечит со некој потег, практично дежа ву од лани со Еурофарм сите утакмици ги изгуби на овој начин ја се кладам дека со подобар тренер ќе ги плескаат овие екипи и со овој ростер
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Да се обидам да напишам еден подолг пост, од кога малку ми спласнаа емоциите од мечов со Мешков. Прво и основно, навистина штета што не успеавме да победиме, печени беа да го попијат денеска Белорусите. Но, мора да се фокусираме на следниот меч со Елверум.

Како што спомнав и претходно, играта денеска беше далеку подобра од се што видовме од "овој" Вардар до сега. Имавме неколку интересни акции, повеќето од играчите ја имаат качено формата, но останува уште да се доработи и тактички и физички.

Прво и основно мора да ја спомнам одбраната. Векиќ и Калараш беа на ниво на задачата, со посебен акцент на Векиќ кој во подготвителниот период ми делуваше млитаво денеска беше супер. Да играш онаква одбрана на само 22 години и тоа на позиција 3, браво. Со оглед на тоа што му дадовме 4-годишен договор се надевам дека ќе успее да напредува и во напад, па да имаме левак бек кој ќе игра добро и во двата правци. Многу ретко во овие 7-8 години од кога се сретнуваме со Мешков сме успевале да ги задржиме под 24 гола.

Вујин и Диско добри, покажуваат живот со тоа што Вујин мора да ја намали килажата ако сака да има поголем придонес од досегашниот. На Гаџа ќе му треба уште време, али денеска покажа некои од своите квалитети. Тимур е надвор од форма, за која не се сомневам дека ќе ја врати. Нервозата на Чупко не ми е баш нај јасно од каде потекнува, но сметам дека само го деконцентрира останатиот дел од екипата.

Нелогично ми беше давањето толкава минутажа на Столе, кој преку 2 недели не тренираше со екипата и тоа беше од авион видливо на терен.

Ни фали креативност во напад реално и двајца малце поразлични типови на бекови примарно на средина и десно кои ќе бидат поподвижни и подинамични. Некако сите бекови кои ги имаме се слични, тешки, шутери и не баш подвижни. Но, има време, ни требаа неколку сезони да изградиме тим кога финансиите не ни беа проблем, а не па сега.

И за крај, сме губеле и сме се мачеле во Брест кога сме имале далеку посериозен состав, не е крај на свет.
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
Натртени беа белорусиве, ама без тренер толку е. Во прво Вујин ни е најдобар, најконстантен, ама во второ се влече ни подавање немаше како што треба пошто опинокон глуп го игра 60 минути. Вујин 3 години тренинг немал 60 минути. Столе без тренинг иде на натпревар, се бори како секогаш ама задни 10 минути како едвај на нозе да стоеше, ни блок ни топка да прими, на несреќана од тренер не му текнува да го одмори 2-3 напади, упорно се игра акција преку него.
Екипата е напредната во однос на Задар, верувам дека формата ќе оди нагоре ама со СтеФчо на клупа ќе продолжи да фали таа клучна алка.
Кутриот во 50и некоја минута сам излезе од терен и си седна на клупа за резерви,идиотон изгледа не сваќа со такво форсирање(опоравен од корона вирус)може само некоја повреда да закачи.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
13 јули 2020
Мислења
161
Поени од реакции
371
Да се обидам да напишам еден подолг пост, од кога малку ми спласнаа емоциите од мечов со Мешков. Прво и основно, навистина штета што не успеавме да победиме, печени беа да го попијат денеска Белорусите. Но, мора да се фокусираме на следниот меч со Елверум.

Како што спомнав и претходно, играта денеска беше далеку подобра од се што видовме од "овој" Вардар до сега. Имавме неколку интересни акции, повеќето од играчите ја имаат качено формата, но останува уште да се доработи и тактички и физички.

Прво и основно мора да ја спомнам одбраната. Векиќ и Калараш беа на ниво на задачата, со посебен акцент на Векиќ кој во подготвителниот период ми делуваше млитаво денеска беше супер. Да играш онаква одбрана на само 22 години и тоа на позиција 3, браво. Со оглед на тоа што му дадовме 4-годишен договор се надевам дека ќе успее да напредува и во напад, па да имаме левак бек кој ќе игра добро и во двата правци. Многу ретко во овие 7-8 години од кога се сретнуваме со Мешков сме успевале да ги задржиме под 24 гола.

Вујин и Диско добри, покажуваат живот со тоа што Вујин мора да ја намали килажата ако сака да има поголем придонес од досегашниот. На Гаџа ќе му треба уште време, али денеска покажа некои од своите квалитети. Тимур е надвор од форма, за која не се сомневам дека ќе ја врати. Нервозата на Чупко не ми е баш нај јасно од каде потекнува, но сметам дека само го деконцентрира останатиот дел од екипата.

Нелогично ми беше давањето толкава минутажа на Столе, кој преку 2 недели не тренираше со екипата и тоа беше од авион видливо на терен.

Ни фали креативност во напад реално и двајца малце поразлични типови на бекови примарно на средина и десно кои ќе бидат поподвижни и подинамични. Некако сите бекови кои ги имаме се слични, тешки, шутери и не баш подвижни. Но, има време, ни требаа неколку сезони да изградиме тим кога финансиите не ни беа проблем, а не па сега.

И за крај, сме губеле и сме се мачеле во Брест кога сме имале далеку посериозен состав, не е крај на свет.
Bravo za analizava, pogodeno komplet.
Mislam deka ima prostor za optimizam, so ogled na okolnostite dobro odigrano i ocekuvam uste podobro i pouspesno sekako da gi odigrame narednite mecevi. Si stojam na toa deka ovoj Vardar ima potencijal za top8 no so poiskusen i pokvaliteten trener od ovoj sea sto e :)
#NapredVardar
 
Kajgana Shop

На врв Bottom