Мене Вујин ме изненади оваа. Доста аситенции, шутеви. Се гледа дека има уште ракомет во него, осет за игра. Физички е многу неподвижен и спор. Но, може, за месец, два, да скине некое кило, да фати некоја форма, и да биде на некое ниво. Проблем што Векиќ и Јагуриновски се тежок очај. Не знам дали може да се реагира, да се донесе некој десен бек сега. Неверувам, ама може Михајло ќе се заангажира после овие натпревари.
Јотиќ и Гаџа ми делуваат океј. Јас Јотиќ го барав во Вардар уште пред две години, но како резерва која ќе игра 15-20 мин. Уште го гледам како таков тип на играч. Не на некој што може да носи екипа, тука некој да влезе да внесе динамика во одредени делови од натпреварот. Гаџа се гледа дека има прегледност, не нема експлозивност и брзина.
Јас го поддржував трансферот на Талески во Вардар. Мора да се каже дека слабо игра, ама па и не добива некоја минутажа. Позитивно е што Дисингер изненадува, добро играше во сите натпревари досега. Калараш исто игра многу добро, другото е што може да се очекува. Може од французов се очекуваше повеќе, ама уште е рано да се носи некој заклучок за него.
Стевче нема авторитет. Он и ко карактер е таков, тивок, не многу речит. Може Чупиќ се лути пошто не знае како да ги мотивира играчиве, ама сепак, треба да се биде професионалец до крај, и не треба да се прават испадни што може да ја нарушат хемијата во екипата.
Абе да се воиграат, не треба да имаме проблеми дома, имаме подобар состав од другите, ама за надвор, да поминеме група ЛШ и Ф4 на СЕХА ваљда ни е максимум.