Фан клуб - РК Вардар

Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.637
Поени од реакции
3.260
Дечки, можи некој да ми кажи цирка бројка колку е годишниот буџет на Вардар?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Дечки, можи некој да ми кажи цирка бројка колку е годишниот буџет на Вардар?
Кај нас ваквите информации се кријат до екстремни нивоа, а и тоа што се објавува е во голема мера нерелевантно. Ако добро се сеќавам се шпекулираше со разни буџети кои варираа околу 5-8 милиони во добрите денови на Самсоненко, но прашање е што воопшто значело тоа (само играчи?, смештај?, младински тимови?, женски тим?, целокупната администрација, тренери и сл...)

Во секој случај со оглед на составот сеуште имаат колку толку конкурентен буџет, многу веројатно најголем во Македонија.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Одлично интервју на легендата на Вардар,Тимур Дибиров за рускиот "Брз Центар".Преведов мал дел од интервјуто,за нашево општество овде!
Нека гледаат нашите глупи медиуми и нека учат! Пример за медиум!

Вие, на крајот на краиштата, пролетва, имавте опции за ракинување со „Вардар“?

- Да. Но, до последен момент сакав и се надевав дека клубот ќе овде, дека ќе продолжи да живее и ќе продолжи да постигнува одлични резултати.

Чекав среќно решавање на ситуацијата и, во извесна смисла, ризикував, бидејќи јазот меѓу предлозите што беа ми беа понудени и решавањето на судбината на Вардар беше околу два месеци. Не потпишав договор со други и добро знаев дека може да останам во тешка ситуација, затоа што многу други клубови се соочуваа со економски проблеми. Но, секогаш се надевав, и верував, затоа и сега сум среќен, исто така среќен сум што се собра фајтерски тим повторно, и ние ќе продолжиме.

- Кои се клубовите каде можевте да отидете?

- Веќе се зборуваше за преговори со Мешков од Брест. Можам да повторам: Имам многу добри односи со нејзините водачи, спортскиот директор Павел Башкин. Понудата беше одлична во сите погледи. Обично од такви понуди не се откажуваат. Но сепак,јас навистина многу сакав да останам во Вардар.

На крајот на краиштата, не секој имаше таква верба во опстанокот на Вардар, како што имавте вие . На што се базира?

- Во животот, јас честопати се однесувам како поттикнат не од прагматизам, туку од чувства. Понекогаш ова не изгледа многу логично. Но, секогаш се потпирав на нив. Кога во 2013 година ја прифатив поканата за Вардар, во рацете имав и договор со ПСЖ. Изборот на Скопје за разлика од Париз се чинеше целосно необјаснив од гледано од страна. На крајот на краиштата, „Вардар“ беше далеку од тоа што е денес, а Хансен и Абало веќе играа во „ПСЖ“. Но, чувствував дека е подобро да се игра овде.

- Не се излажа?

-НЕ! Тоа е сигурно. Имав два главни соништа - да ги освојам Олимписките игри и Лигата на шампионите. Овие се најтешките турнири од сите можни. Како спортист, јас бев формиран во време кога имаше многу светски и европски шампиони во нашата земја, а во ЛШ имаше само три шампиони: Едик Кокшаров со „Цеље“, Олег Кулешов со „Магдебург“ и Костја Игропуло со „Барселона“. Ова ја усложни задачата.

- „ПСЖ“ сè уште не успеа да го крене пехарот без вас. А тоа го стори Вардар двапати. Имате навистина неверојатен талент за предвидување ...

- Излегува така. За осум години Вардар добив повеќе од една понуда за промена на средината за, и сите - од одлични клубови. Но, ми се допадѓа сè во Скопје, и секогаш бев среќен овде.

- Дали навистина верувате дека дури и со толку многу новајлии можете веднаш да заиграте хармонично?

- И јас секогаш верувам во тимот и добар резултат. Но, сега знам дека ќе има проблеми и грубости. Јас не сум момче кое има 22 години и што фантазира: сега ќе излеземе, ќе ја изиграме нашата игра и се ќе биде чудесно. Постојат Веспрем, ПСЖ, германски клубови кои купуваат везди секое лето, но тимот не им функционира,и немаат триумф!

Во нашите трансфери е важен потенцијалот. Дојдоа искусни играчи, од кои повеќето треба да се развиваат и напредуваат. Ќе ги земам Гаџа и Јотич во Валчак и Талески. Вуин и Георгиевски кои веќе се на високо ниво, но мора да ја развијат подобро физичката состојба.

- Тоа значи, го рангирате „Вардар“ во група на фаворити ...

„... не ризикувам“. Бидејќи сакам да останеме да бидеме еден вид црн коњ ,кој во текот на сезоната, ќе добавува темпо,како и секогаш. Би било глупаво да се каже дека сега сме подготвени да наметнеме конкуренција на наведените гиганти. Но, воопшто нема да бидам изненаден ако ги победиме сите овие екипи дома. На пролет ќе видиме ..
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2014
Мислења
878
Поени од реакции
2.700
Какви гниди.Не ми се верува,хахаха.Гниди,гнидосани!Паразити!
Прегледај го приврзокот 257713
А зошто се гниди?
Ако мислиш дека е за дел од интервјуто што го ти постираше тука, не е преземено од тука, твојта објава е во 11:52 а статијата на тој портал пред повеќе од 6часа.
Не се врти светот само ококу нас.
 
Последно уредено:
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.007
Поени од реакции
1.799
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Пренесуваат цитати од туѓо интервју. Не гледам што има лошо тука. Тој рускиот сајт, брз центар, многу често зема вести од 24 ракомет.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Да но брз центар пишуваат извор.Секогаш! А овие?
За тоа се гниди!
Со туѓи перја се китат!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Да но брз центар пишуваат извор.Секогаш! А овие?
За тоа се гниди!
Со туѓи перја се китат!
па и овие пишале дека интервјуто е од брз центар или не отвори статијата?
не знам пред ти да пишуваш тука од кај земаа информации порталите :)
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
добро "новинари" не се лутете! ))))
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
па и овие пишале дека интервјуто е од брз центар или не отвори статијата?
не знам пред ти да пишуваш тука од кај земаа информации порталите :)
Јас првин го прочитав на форумов постот од чиф кук па после едно пола саат се појави и по порталиве наши

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Добро е туриле од кај го превземале.
Само штета што нема last edited,ко на форумов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom