Фан клуб - РК Вардар

Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Муабетиве за заминување на Атман и доаѓање на Кузмановски се поклопуваат, да не се чудиме ако продолжиме да бидеме рихеб центар (Лацковиќ, Дисингер, Атман, Толедо...). Во случајов ќе работиме на рехабилитација на психолошки лабилна личност.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Штета што си оди Атман, растури сезонава.
 
  • Хаха
Reactions: MSE

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Малце беше иронично кажано, но шала на страна, ако си богата екипа добро е да имаш играч како Атман за да одигра 15-20 минути на високо ниво, во спротивно е голем луксуз, што се покажа како со Атман, така и со Горбок и Дисингер.
Атман 60% од времето е повреден и далеку е од своите најдобри времиња - ако сакаат да опстанат како екипа во ЛШ мое мислење е дека треба да се насочат на млади играчи (на краток рок од Балканот и земјите како Летонија каде ракометот е број 16 на листа на популарни спортови), на долг рок се разбира наши играчи (над 50% од ростер).
Не верувам дека клубот во блиска иднина ќе биде на ниво од претходните три сезони, но се надевам дека има некоја стратегија.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156

знам,сватив
Атман и сам сака да бега,не може веќе на толку високо ниво да игра
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Самсоненко се повлекол од ФК.

Во друг пост од спортмедиа, кои се во Анталија, соопштуваат дека и ракометарите ги чека иста судбина, наскоро.
 
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Ако е точно ова, требаше да го остави клубот по титулата. Ќе имаше некој општествен притисок да преживее клубот на некое ниво и немаше да го вовлекува подлабоко во долгови.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Искрено не ми се јасни овие срцепарателни приказни дека Вардар "умирал". Вардар ниту се родил со Самсоненко ниту ќе "згасне" без него. Можеби нивото нема да биде за фанјл 4 во ЛШ, но тоа секако ретко која екипа на долг рок можела да го издржи (најмалку на балканот каде спортските приходи - влезници, дресови и сл. се многу помали отколку во развиените земји). Несфатливо е за мене како навивачите се врзуваат со овие приказни, особено оние кои се страсни навивачи од многу долго пред времето на Самсоненко.

П.С. А инаку се знае дека ниту една политичка творба не може да трае вечно, па само прашање на време беше кога ќе мора да се смени сопственичката структура и со неа веројатно амбициите на клубот.
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
754
Поени од реакции
1.304

Epa ke bide na nivo na antickite i mozes da vidis kakvo e nivnoto nivo, pa ke si se vratis da navivas onamu kaj sto si pocnal,mislam na antickite ...
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Клубот во никој случај нема да пропадне. Ќе опстои, сигурно конкуретен во РМ. Проблем е ако го остави со големи долгови процесот на рехабилтација до некое респектабилно ниво ќе биде многу подолг.

Да нема големи долгови, сигурен сум дека градот ќе го земе во најлош случај.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Ние што го сакаме Вардар ќе бидеме увек уз него, без разлика на кое ниво ке биде. Само нервираат причите ако стварно го блокираат Самс на секој корак. Ако е тоа вистина, кон тоа и се вперени коментарите, и жално е еден таков спонзор кој докажа дека и за кратко време најголемите спортски соништа се достижни, да оди на ваков начин. И да е така, мислам дека Михајло ќе се умеша и ќе направи некоја од неговите комбинации за опстанок на Вардар.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Најверојатно против Кил без Толедо, Кугис и Шишкарев.
Вардар нема да смета на голманот Артурс Кугис и на веќе подолго отсутниот десен бек, Жозе Толедо, за гостувањето во Кил, в среда. Меѓутоа, она што е ново и е поголем удар за играта на Вардар е отсуството на Данил Шишкарев.

Руското крило има воспаление на увото, не може да тренира и неизвесно е дали ќе може да игра в среда. Оттука, непознато е дали ќе патува со екипата, в понеделник, но дотогаш има уште два дена, неговата состојба ќе се следи и лекарскиот тим заедно со Алушовски ќе проценат дали ќе го искористат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom