Фан клуб - РК Вардар

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.896
Поени од реакции
9.491
Затоа и најголемо остварување ке му остане титулата со Вардар шо стварно беше подвиг коа го победи Металург после тоа менаџирње на тимови ко Загреб,Копер,Железничар нека појт Бундес,Франција па нек испцуват некого да го видам колку ке останит во клубот.Овој подалеку од Балканов немојт да мрднит пошто Балканот е во него.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
Коралес иде у Веспрем како замена за Штербик

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.519
Поени од реакции
3.655
Затоа и најголемо остварување ке му остане титулата со Вардар шо стварно беше подвиг коа го победи Металург после тоа менаџирње на тимови ко Загреб,Копер,Железничар нека појт Бундес,Франција па нек испцуват некого да го видам колку ке останит во клубот.Овој подалеку од Балканов немојт да мрднит пошто Балканот е во него.
Никогаш не направил никаков резултатски подвиг Вујо со Вардар. Тогаш освоивме титула благодарејќи на големиот број повреди на Металург, а не заради некоја негова тактика од клупа. И тогаш дури, кога се знаеше дека Металург со речиси втор состав нема што да бара на Кале на решавачката утакмица и дека само треба да ги „одработиме“ тие 60 минути за да ја освоиме титулата, он направи инцидент во прво полувреме на 2-3 + за нас и тргна да се тепа со судиите после некоја нивна одлука и направи натпреварот да дојде на раб на прекин знаејќи какви гнаси беа тогаш од „темната страна“ и дека само тоа го чекаа и само тоа можеше да ги спаси таа сезона, евентуален некаков прекин и во најмала рака суспензии па и службен пораз. Други пати и директно му штетел на Вардар со тоа негово сељачко однесување, како на пример кога од нигде никаде на три дена пред првата утакмица од ЕХФ Куп со Магдебург во гости се степа со Столе на тренинг и не го зема на тоа гостување како казна, па мораше Никола Маркоски да игра 60 минути како пикер. Убеден сум дека ќе ги елиминиравме да не ја направеше таа глупост.
И никогаш не изградил он никакви карактери од Столе, Карачиќ или не знам кој во Вардар. Столе како карактер се смени за време на Раул, после Силбо. Да останеше Вујо тренер на Вардар, Столе уште ќе правеше „цепки“ у емисии кај Жаре како затворал дискотеки и после тоа јадел цела пита бурек за доручек. А и Карачиќ уште на првото негово гостување во Скопје се срчка со него и среќа на време му текна на овој да се потсмири и да не направи глупост.
Сите резултати што ги постигнал Вујо со Вардар се во рамки на буџетот кој му го овозможувал Михајло. Кога во последните години Минчо почна да вложува многу повеќе во Металург и веќе не можеше да се носи резултатски со нив, створи некоја посебна врска со Комити (отсекогаш бил близок со нив) ради тоа што се буткаше со полиција за нив, постојано ги повикуваше во сала, повторуваше на интервјуа колку се значајни за клубот и слично, и затоа навивачката група му направи некаков статус на икона за нив, никогаш ради некакви негови резултатски достигнувања со Вардар.
Најдобрата одлука на Самсоненко е што реши да не го остава на клупа на Вардар. Никогаш немаше да освоиме две титули во ЛШ да останеше он тренер.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
И ја мислам дека преголем мит е направен околу овој човек. Квалитетот не му е соодветен на репутацијата.

Ама он знае како да игра со медиуми, па си држи некој статус на овие простори. Го гледам на едно интервју тука. - Никаде нема вакво дерби како Вардар-Металург, ова е најголемо балканско дерби. Ова ривалство е најголемото ривалство во кое сум учестувал во мојата кариера како играч и тренер. После некој месец го гледам на некоја црногорска телевизија. - Кој е најголемиот ривал што си го имал, како тренер или играч? Вујо - Јас да бидам искрен, не верувам во ривалства и никогаш не сум гледал така на работите.

Глејте го таму 2015 кога беше на Загреб тренер, на ТВ се појавуваше, интервјуа, ваков потенција нема на балкан, ова-она. Па лани пумпа атмосфера со Железничар. На прес конференција збори некои леви приказни како на патарина човекот што работел му рекол - Вујо ова не е голем ден само за Железничар, туку за Ниш како град. Па не знам што он се наежил нешто од то. Си пумпа атмосфера, продава некои евтини финти.

Он еднаш тука во интервју сам си кажа дека не сака да оди во странство, зошто да отиде во Бундес ќе го стават тренер на некоја екипа од долниот дел од табелата, па поубаво му било тука на свој терен, да бил фарер у село.

Плус ја никогаш не сум чул он некој паметен тактички совет да даде на тајм-аут. Него тајм-аутите му се состојат од викање, вреѓање и последните 5 секунди. - Ти на пикер, 6-0, ајде поагресивно.

А да не збориме дека ова е и човек за кој се знае дека има став и пробал да пушта натпревари на други тимови. Така што, и кој интегритет го има.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Da ve e*e magarac i vas i vujo :) Otvorete mu fan page ako e tolku faktor.Inace mn vazna utakmica denes so pobeda si zavrsuvame dobra rabota.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Денес ќе биде гадно! Мора да дадеме 200% од себе ако сакаме победа. Се надевам само дека нема да го разбраниме Пешиќ и дека ќе има ист ден како во Скопје.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Цврст натпревар Криштопанс како да изгуби самодоверба после неолкуте несреќни обиди ама во одбраната ни врши многу работа.Столе цар Скубе и Атман така и така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom