Фан клуб - РК Вардар

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нели пишав тука пролетоска дека Карачиќ е лесно, може се одма да си дојде назад? :) и Дибиров слично кажа. Најмал проблем е Игор, лесно ќе го вратат ако сакаат.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Шпекулација од 24ракомет. Робин Дурт, 20 годишен пивотмен од ПСЖ. Ја не памтам да сум го видел овој да игра за ПСЖ.

По првиот Германец, во Вардар се подготвува терен и за прв Французин кој играл во скопскиот ракометен бренд. Многу имиња беа во игра за позицијата кружен напаѓач, но се чини дека во моментов до европскиот шампион најблиску е пивотмен од ПСЖ.

Станува збор за корпулентниот пивотмен на ПСЖ, Робин Дурт, кој требаше да биде дел од шпанскиот тим Ваљадолид. Дурт има 20 година и висина од 206 сантиметри, а веќе три сезони беше дел од ростерот на ПСЖ во Лигата на шампионите. Практично и да немаше минутажа покрај Тофт Хансен и Карабатиќ, па првиот и единствен погодок во елитното натпреварување го постигна против ПИК Сегед оваа сезона. Во француската лига даде осум голови на 17 натпревари.

Со кадетската репрезентација на Франција стана светски првак во 2017 година во Грузија, а се уште ја чека шансата кај сениорите. Дурт би требало да биде замената за Рожерио Мораес кој ја продолжува кариерата во Веспрем.

Доколку успее да го обезбеди потписот на високиот Французин, на Вардар ќе му недостасува уште еден кружен напаѓач, со оглед на тоа што Глеб Калараш заминува во Мотор Запорожје. Се очекува замената да биде младиот руски пивот Сергеј Горпишин.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Член од
28 јули 2018
Мислења
119
Поени од реакции
172
Кој ролеркостер се ова. Кој знае кои играчи ќе дојдат. Кај овие 24ракомет некој работи навечер, секој ден пред 12 сат навечер постираат вести :)
Во ситуација кога треба да се донесат 5-6 играчи а тренеров викаат потпишал договор на една година мене не ми се верува дека тој ќе има некое големо влијание околу изборот на играчите.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Во ситуација кога треба да се донесат 5-6 играчи а тренеров викаат потпишал договор на една година мене не ми се верува дека тој ќе има некое големо влијание околу изборот на играчите.
Кокшаров вчера во интервју за тој рускиот сајт - брз центар, изјави дека се збори со играчи, се бараат. Се тоа се одвивало доминантно преку телефон од канцелариите на Вардар. Обично после 20ти јули некаде почнуваат подготовките за новата сезона. Така што, следниве 2-3 недели најверојатно ќе се дознае кои ќе бидат играчите. А, во право си, доколку ова е точно, дека со Зорман пропаднале преговорите скоро, тогаш најверојатно Парондо имал удел кој да се донесе, кој да се бара. Не би ме изненадило и Раул да давал совети, пошто Парондо често спомнува дека они секоја недела се слушаат и разменуваат мислења за ракомет и состојбите во своите клубови. Али во вакви ситуации во ракомет најчесто менаџери вртат на клубот и му кажуваат овие ги имам на лагер, бирај да пробаме да се договориме.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
^Кога ќе го изгледате ова, тие шо не знаат, ќе сфатат шо значеше Карачич за Вардар, 21 месец немал плата земено, јасно ми е и зошто си отиде.

Момакот на инстаграм уште си има пишано дека е играч на Вардар.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
https://rkvardar.mk/news/shpanecot-david-hose-pisonero-e-nov-trener-na-vardar

Во Вардар во следните две години на клупата на Вардар ќе биде Шпанецот Давид Хосе Писонеро (46) кој со клубот се договори за соработка. Тој ќе је преземе екипата на „црвено-црните" летово и ќе ги води вардарци во одбрана на европската титула.

Писонеро доаѓа од Валјадолид, Шпанија каде беше тренер последниве две сезни. Претходно бил играч 12 години, од што девет сезони како дел од Валјадолид, Кантабрија и Адемар Леон.

Како тренер почнал во Валјадолид и му бил и тренер на Фернандо Хернандез. Во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет.

Како играч двапати го освои Купот Асобал со Кантабрија и Валјадолис, и неколкупати бил вице-првак во неколку натпреварувања, вклучувајќи го Купот на ЕХФ и Купот на градовите, и тоа двапати со Валјадолид. Со Сантандер го освои клупскиот светски куп во 1997.

Од активно играње се откажа во мај 2003 година на 30 годишна возраст поради повреда

„Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите, изјави Давид Хосе Писонеро.

По освојувањето на втората европска титула Вардар во новата сезона влегува како еден од малкуте тимови што успеале во 10-те години од организирањето на Ф4 турнирите во три години двапати да биде првак.

„Клубот останува на својата заложба да продолжи по патот што донесе успех, а тоа е да имаме тренер кој знае како да ги склопи сите коцки и од расположливите играчи да извлече максимум. Со Писонеро веруваме дека ќе продолжиме успешно да чекориме по зацртаниот пат. Вардар секогаш бил тим што се борел за виоск пласман без разлика на натпреварувањето. Така ќе биде и во иднина. Во новата сезона имаме убави предизвици пред нас, а ние правиме се да бидеме целосно подготвени за она што не очекува, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
^Кога ќе го изгледате ова, тие шо не знаат, ќе сфатат шо значеше Карачич за Вардар, 21 месец немал плата земено, јасно ми е и зошто си отиде.

Момакот на инстаграм уште си има пишано дека е играч на Вардар.
Што вреди дека Самсоненко ќе остане во Вардар, ако 2 години не можел да им даде плата на некои играчи?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Што вреди дека Самсоненко ќе остане во Вардар, ако 2 години не можел да им даде плата на некои играчи?
Самсоненко да не беше Вардар сега со Борец ќе играше дерби натпревари.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Што вреди дека Самсоненко ќе остане во Вардар, ако 2 години не можел да им даде плата на некои играчи?
Не знам шо вреди ама се надевам дека во наредните години ќе успее повторно да го стабилизира Вардар и со помош на спонзори ќе станеме стабилен клуб без вакви екскурзии ко оваа сезонава.

Ми се допаѓа шо пак идат со Шпанец на клупа, уше малце и ќе нема кој да го стаиме ќе мора пак од почеток да ротираме и да го враќаме Раул :icon_lol:


Сеа засилувања, припреми и да дојде време да се купат сезонски! Се надевам на далеку пополна сала сезонава.


п.с У интервјуто погоре на дечкиве од Арена викаат дека нема играч шо барем малце вреди а не сака да биде дел од Вардар :drk:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Она што ми се допаѓа е што тројца од тројцата тренери во последниве години кои доаѓаат на чело на тимот потекнуваат од Ваљадолид. Еден од најважните ракометни центри во Шпанија, кој за жал како последица на кризата во шпанскиот ракомет во последнава декада не функционира на истотото ниво од минатото. Раул Гонзалес, Роберто Парондо, Чема Родригез, Раул Ентрериос, Давид Давис, Икер Ромеро, Хуан Карлос Пастор и уште многу други излегле како производи на школата на Ваљадолид или барем во еден дел од својата кариера играле за тимот и истиот имал големо влијание врз нивната игра и гледање на ракометот. Се надевам дека ќе го погодат тренерот и овој пат.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.450
Поени од реакции
1.784
Што стана со Ракотеа и Бенали да не знае некој?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom