Фан клуб - РК Вардар

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.569
Мислам дека Тимур ќе си оди макар и Михајло или некој друг да го земе клубот,очигледно е дека тука беше само заради Сергеј,сигурно има со Сергеј нешто што не го кажуваат.

Од друга страна Милосављев и Дисингер ми изгледаат како да не им се оди од Скопје,и би замиле само ако бидат приморани.
 

chef_cook

milf's hunter
Член од
25 октомври 2011
Мислења
1.026
Поени од реакции
1.419
Член од
19 август 2010
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.210
Се додека Михо и официјално не извади на маса од што ќе се состои финансискиот пакет за спас на Вардар, до тогаш само можеме да нагаѓаме што и како ќе биде. Искрено времето работи против нас, и ако тоа не биде во брзо време,(секако со стабилна гаранција во која би верувале ракометарите), мислам дека најголемиот број од ракомерарите ќе фатат фитиљ, пошо да бидеме реални секој сака да биде финансиски сигурен, а времето и понудите на маса кратки. Сепак верувам во Михо и неговите познанства и добри врски со огромен број познати бизнисмени, а зошто да не и во одредена финансиска инекција и од Гаспром, ако е некако тоа можно. Ќе видиме како ќе биде.
 

Saber Rider

Модератор
Член од
27 ноември 2007
Мислења
26.511
Поени од реакции
44.254
@Ilumious јави се на темата, цело време викаат админот да частел :pos:

Признавам дека бев песимист на почетокот од сезоната. Сум рекол дека претешко и група ќе поминеме, што било препесимистички, ама очекував да завршиме како 5-ти или 6-ти во групата.
Реално и нијанси решаваа на кое место ќе завршиме, еден пораз кај шалабајзерине Рајн Некар и се' можеше да биде поразлично. Имавме среќа да играме со нив на гости, во моментите во кои они најмалку мислат на ЛШ, туку се фокусирани на Бундес лигата. Победата кај Монпеље беше решавачка за добар старт и искрено не очекував такво отворање.

И сосема реално сум зборувал на почетокот.
Вардар остана без Циндриќ, Канељас, Македа, Штербик, Абутовиќ, Марсениќ и без целиот стручен штаб. Останавме само на крилните играчи, Карачиќ, Криштопанс кој беше разочарување на сезоната и Јања Војводиќ на бековска позиција. Борозан од стартот беше повреден, а засилувања ни беа повратниците Горбок кој се повреди и не заигра цела сезона, Кисељев кој има епизодна улога и Скубе кој исто така го земавме како отпадок од друга екипа. Во тој момент се' уште го немавме Дисингер, кој ни дојде како кец на десетка во остатокот од сезоната. Но, цело време не газеа повреди и факт е дека до Ф4 изгуравме со бековска линија Кара-Скубе-Криштопанс. Без класичен лев бек во четвртфиналните натпревари, без замени во нападот.
Кој очекуваше дека ќе ни се погодат голманите? Милосвљев, дечко без никакво искуство. Младинец со добра препорака. Гедбане, непознат млад Алжирец, кој на крајот се погоди во ротација.
Го загубивме Абутовиќ, кој беше бог и батина во одбраната. Згора на тоа, не напушти и Марсениќ кој исто така играше добра одбрана. Како замена дојде Калараш, кој исто така е непознаница во ракометниот свет. Просечен одбранбен играч.
Мораше Столе да воскресне и да ја одигра најдобрата сезона во Вардар.

Во Вардар практично и немаме играч од најдобрата постава во светот. Карачиќ е светска класа, Милосављев веројатно ќе направи добра кариера, а единствено Дибиров и Чупиќ се докажани светски играчи. Но, многу често добрите крила не значат ништо, ако бековите се слаби.
Видете во кои екипи се споменува дека ќе одат повеќето играчи. Ако ги занемариме Кара, Криштопанс и Мораеш кои сигурно нема да бидат први виолини во екипите во кои ќе одат, за останатите се споменуваат екипи како Брест Мешков, Магдебург или Мотор Запорожје. Екипи кои се далеку од светскиот врв.

Кој очекуваше дека Криштопанс ќе гази како што гази во моментов?
Човекот прерасна во еден од најдобри десни бекови во светот. Нема да кријам дека цел живот посакував да дојде во Вардар, многу пати сум го истакнувал тоа на форумов. Минатата година играше топло-ладно со разочарувачки крај, но годинава се препороди. Го изделкаа во вистински ѕвер и во напад и во одбрана. Грамада, бомбаш :icon_mrgr:
Порано го сакав Дисингер во тимот, како и Липовина. Мило ми е што дочекав да дојде Германецот кај нас, а за Липовина веројатно ќе чекаме друга прилика.
Скубе е човече на кое Пик Сегед му се погоди за лична одмзда. Ги искина. Сезонава ја почна одлично, но имаше мал пад некаде при крајот на групната фаза.
Ама, затоа тука е Карачиќ. Кара игра цело сезона со срце, буквално нема сопирачка за него. Дефинитивно тој е човекот кој е најзаслужен за влезот во Ф4.

И секако, сите почести одат за Парондо. Им го зема скалпот на Монпеље, Веспрем и РНЛ на гости, дома ги доби Киелце, со помалите екипи немавме никакви проблеми, освоивме СЕХА лига, Загреб ги демолиравме во двата натпревари, а со 10-тина играчи успеа да го елимини Унгарскиот шампион.
Вардарци немаат земено плата со месеци, играчите бараат раскин на договорите, Борозан како прв лев бек си ја напушта екипата сред сезона, спонзорот излегува да изјави дека толку е од клубот и на крај момците излегуваат и ги плескаат Маџарите 8 разлика во Скопје :ojeaa:
Тоа е натпревар кој веројатно вечно ќе го памтиме. Ќе го раскажуваме како Битолчани што ги зборуваат Лемго и паркетот што се кревал. Само да не ни остане тоа единствента случка за наредниве 20 години :pijanco:

Цел ден се чувствував срање тој четврток. Со душа го чекав натпреварот, знаев дека ќе проработи инаетот и убеден бев дека ќе поминеме во Ф4. Ама, очекував дека подобро ќе одиграме на гости, отколку во Скопје. Мислев дека ќе изгорат во желбата, ама ќе ја свртат во Сегедин. Три часа пред натпревар се собравме пред сала. Влеговме половина час порано и цело време постоеше тоа чувство дека ДО ТУКА Е...
Цело време правевме интерни заебанции, демек последен пат ја слушаме химната на ЕХФ, последен пат ги гледаме истиве играчи, последен пат ќе играше во Јане Сандански, па дотаму што последен пат воопшто ќе играме во ЛШ во догледно време. Се заебаваш, а од внатре душа те боли затоа што знаеш дека веројатно голем дел од тоа ќе биде вистина. Прелошо се чувствував кога излезе Самс со изјавата, ама сепак кога Дибриов објави дека за последен пат ја повикува скопската публика, солзи ми потекоа.
Испеаа Некст тајм, си проплакавме додека беше затемнета салата, ги претставивме играчите (веројатно за последен пат) и време беше да почне натпреварот.
Се чувствуваше некоја посебна атмосфера меѓу публиката, цело време стоеше над глава дека тоа е последен натпревар. Сите дадоа се' од себе во поддршка на клубот.
Лично, се разочарав што голем дел од Комити не беа присутни на навивачката трибина. Голем дел раштркани низ сала, ама и голем дел останаа на тоа дека „ракометот не е вистинскиот спорт“. Од тие што во моментов одат на трибина, ни 15% немаше на трибина. Но, имаше многу повратници, а и многу луѓе кои без разлика на тоа што не се наши членови, навиваа цело време.
Атмосферата беше превртување. Од почеток до крај, ама тоа што се случуваше во последните 10-тина минути беше морници...
Навиваш и си проплакуваш :pijanco:
Долго време ни требаше да го фатиме возот. Ќе се одлепевме, па ќе не стигнеа. Парондо на двата натпревари ја направи истата работа. Го стави Гедбане да го одмори Милосављев, а овој се враќаше препороден.
Карачиќ, Скубе и Криштопанс ѕверови. Промашивме три седмерци и пак ги растуривме. Мислам дека на Алиловиќ, хрватскиот Омер Буњаку:pov:, му фрлив толку клетви, што малку страв ме фати дека ќе ме погоди кармата.
Оние моменти кога стануваат 6000 луѓе и пеат е тоа што највеќе ќе ми недостасува, доколку клубот се распадне. Каква и да е атмосферата, секогаш има такви моменти кога сите стануваат, скокаат и пеат. Браво и за дечките што секогаш седат позади клупата за играчи и редовно вршат притисок врз судиите :pijanco:
Навивањето беше правилно за еден таков меч од толкаво значење. Затоа што Вардар не се бореше за Ф4, туку се бореше да покаже дека Скопје заслужува клубот да опстане на највисоко ниво.
Нека се ебат тоа геријатријата од Скандинавија, Германија и Унгарија, можеби луѓето традиционално секогаш ги бодрат своите клубови, можеби цел меч скандираат едно исто, тропаат на тоа кастањетите и свират на вувузели, ама тоа е повеќе театар, отколку навивачка атмосфера. Атмосферата на ракомет во Скопје е нешто како кошарската кога Звезда игра Евролига. Да игравме во сала од типот на Кале, ќе беше уште полудо.
Од делегатска маса 15 минути не можеа да го известат судијата дека е побаран тајм-аут од бучавата во салата. Такво навивање имаше во последните 10 минути, што го паметам како низ магла. Во делириум паднавме, скокав како мрднат по еден метар, го имитиравме Милосављев, секој мускул ме болеше 5 дена. Мене, што по 3 натпревари сум ги навивал во два дена, што над 10 години сум активен во навивачкиве води, што гласот сум го истренирал до максимум, ми се фати грлово, 5 дена не можев да зборувам.
Сериозно, ако вакво нешто пропуштев во животов, ќе се отселев од Македонија и ќе одев да живеам во Намибија, ќе чував зебри додека не пцовисам.
Кога го даде последниот гол Криштопанс, тоа беше екстаза :ojeaa:
Цело време ти се враќаат сеќавања и си викаш зарем навистина толку беше?
Секое такво превртување на трибини ме потсеќа на голот на Лука Раковиќ за водство против Фленсбург. Тоа не може да се надмине. Едни други времиња во кои навивачката група броеше 1000 членови, транс на цела публика, камерата на ЕХФ се тресе.
Кога и да го пуштам видеото, си плачам. Ја снимив утакмицава со Пик Сегед во Скопје, нека остане во меморија за навек.
Како само се бодреа самите играчи. При секој гол ја повикуваа публиката. Кога ќе се одбранеа викаа со цела душа. Буквално се усраа гостите. Бомбач ја рокаше топката во публика, им паѓаа топки од раце.
Тој Пастор како препрариран стоеше 10 минути, чекајќи интервју кое не можеше да почне пошто цела публика остана во сала и скандираше уште долго време. Фацата која стоеше на бимот беше драгоцена. Прав мргуд од Славица Чуктераш.
Ќе го споменам и Македа. Пример за играч кој го загуби цел кредибилитет кај публиката. Почнувајќи од стартон над Дибиров со клизач за кој требаше чист црвен да заработи, а не се ни извини, се' до циркузите кои ги правеше во Сегедин.
Дибиров при тој старт ја направи истата фаца како кога го погодивме со паричка по втор пат. И тогаш си проплакав, му ебам ќељавицата. Тимур ќе ми фали највеќе ако се распаднеме.
Небото и земјата се споија на тој велики четврток. Заврши натпреварот, славевме долго време и во моментите кога требаше да излеземе од сала, пак не фати депресијата од почетокот.
Веројатно потажна фаца имав од оној крај со Фленсбург. Гризеш маици, тешко ти е...

Што направивме човече?
Скопје стана синоним за ракомет. Вардар без ѕвездена екипа ја покори Европа, трет пат по ред влегуваме во Ф4 и тоа третиов пат во скоро банкротирана ситуација.
Невидено, филм треба да се сними за овие дечки. И дефинитивно има вистина во зборовите од искуствата на некои ракометари. Едно е да играш во клубови во странство, каде што ракометот го сфаќаш само како професионална работа. Тоа ти е работа, нема толкава емоција кога освојуваш титули, кога споделуваш со фановите. Овде играчите се соживуваат со публиката, играат за публиката, играат од срце, даваат 200% од своите можности. Имав прилика да гледам 2 фајнл фора во женски ракомет. Сите се воодушевуваа на унгарската публика, ама пак нема споредба со нашево. Заврши финалето, си прославија титула и тоа е тоа. Овде ќе се слави една недела, цела ноќ нема да спие цел град, само за тоа ќе се зборува. Салата ќе се преврти на домашен терен да освоиме нешто. Они само стојат и аплаудираат. Едноставно ја немаат таа Балканска врела крв.
Ко што вика @Незапирливи 1903/87, да беше обратна ситуацијата од Сегедин, којзнае што ќе се случуваше во Скопје. Вардар да испаѓаше во Скопје и да имаше таков инцидент како во Сегедин во завршните секунди, 1000 луѓе минимум ќе влетаа на терен, телевизори ќе фрлавме од трибина, бимот ќе го откачеа ќе го пуштеа врз играчите :lolzz:
Не дека сме сељаци, туку преемотивно ги сфаќаме овие работи, срце не боли :icon_mrgr:
Ејјј, се отвори РК ВАРДАР МЕКСИКО. Мексико човече, амигосите отворија клуб со наше име. Каква чест е тоа. Вардар владее во Македонија, владее во СЕХА лига, конечно клубот оствари и голема бројка од обична публика на натпреварите од регионалната лига.
Во ситуација кога Комити не функционираат на ракомет (во фудбал се креваме), може да се каже дека одлична е посетата на мечевите од регионалната лига. Децата почнаа да се поистоветуваат со клубот. Нормално, голем дел од овие ќе испарат како што испарија навивачите на Металург и ќе почнат да навиваат за следното големо име од Македонија, но голем дел и ќе останат верни на црвено-црната боја. Ако ништо друго, уште долго ќе се прераскажува за сите успеси кои ги направи клубот од Кале.
И во ваква ситуација нема слух кај никој во државава за клубот да задржи некое ниво?
Жалосно. Само Михо може да не спаси.
Михо носи го Гаспром, сунце ти калаисано :цицки:

Што да се очекува од Ф4?
Ждрепкана смејурија. Ни мешаа топчиња, ни бутур.
Реално, кој и да ни паднеше си носеше голема тежина. Барселона беше најнепосакуван противник, поради тоа што два пати не демолираа. Но, два пати не фатија во делот од сезоната во која Вардар традиционално игра слабо. Факт е дека се ненормално силен клуб. Го рашлакаа Нант како да е Тинекс Пролет. Мене ме фаќа страв од циганите француски и нивните шутеви од далеку. Дефинитивно ни е неопходно да Горбок и Дисингер се вратат во тимот, па дури и да помогнат во одбрана. И Столе нема да може да се шета толку како во претходниве натпревари. Сепак, мислам дека повеќе ни одговараа од Веспрем. Веспрем се ептен хајпнати дека е време да дојдат до титулата. Ќе имаат голем притисок, но сепак не би ги сакал во овој дел од сезоната. Најубаво ќе беше да играме со Киелце, но тоа е што е. Полуфинале со Барса, финале со Веспрем.
Во овие натпревари секој може секого да победи. Потребно е Милосављев да има добар ден, а клучот го гледам и во Криштопанс и Калараш во одбраната. Мислам дека Мораеш ќе ги има своите 5 минути, секако покрај бековите.
Само да не служи здравјето дотогаш. Има Парондо скриени карти во ракавот.
Човече, играме Ф4 со резерви како Јања Војводиќ, Кисељев, Недановски, Поповски, фали уште Коражија во тимот :pos:

Во вакви моменти, секогаш се поставува прашањето што понатаму. Ако се остварат најавите за некакво финансирање, би сакал да ги задржиме сите играчи кои се' уште не потпишале договор со друг клуб. РФМ ја одложило постапката за раскин на договорите на одредени играчи ;)
Убави беа најавите да го видиме Ракотеа во нашиот дрес. Бомбач е играчот за кој ќе ми биде криво што не го облече нашиот дрес. И тој би се напалил во Скопската атмосфера и би газел тука. Убаво би било да се соберат играчи како Танковски и Серафимов, има ракомет во нив и секако полека да се пуштаат некои деца од младите категории. Дури и целосно да се распушти екипава, би сакал да се форсираат вакви играчи и да се надомести со некои млади играчи од Србија и Хрватска. Реално прелошо е ако треба да почнеме од нула, ќе требаат нови 10 години за да се направи респектибилен тим (нормало, тоа би зависело од средствата со кои би располагале).

П.с. да не испадне дека сум најголем песимист, за реваншов знаев дека ќе ја вртиме второ полувреме. Има некои да потврдат од форумов хаха
Кризата ја имавме во право време, на средина од прво полувреме. Не постои тим што толку време ќе одржи толкава позитива. Се знаеше дека кога тогаш ќе ја стигнеме негативата.
Ама, вртелешката на Дибиров. Лелелеле брату, ги уби. Свршување, гол на историјата во ракометот. Решавачки гол за елиминација. Плус дупешката за Македа. Како си го дупеше Скубе за играта за нога.

Уште еднаш, секоја чест за сите ракометари на Вардар сезонава :roker:
 
Член од
4 јуни 2015
Мислења
183
Поени од реакции
131
Сеа место Пелистер, ќе испадне дека Вардар ќе праи фузија со Циле :cool:
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
936
Поени од реакции
1.141
http://www.g-sport.mk/vest-statija/75734/dibirov-so-chista-sovest-si-odam-od-makedonija?fbclid=IwAR2VSXD8t9tuzBD1E_002jl4_dV3rAKogXhrFl2kNKjBLHHegToo_3doqNs

Хммм као и да не сака воопшто да размислува за останување. Тотално различен одговор од Чупиќ.
Го прочитав целото интервју. Овој Дибиров многу ладен. Баш како што викаш, делува ко да нема никаква намера да остане тука, па и како што побрзо да сака да се заврши се ова.

24 Ракомет најавува Скубе може да оди во Киелце. Што не ми е баш јасно, зошто прочитав интервју со сопственикот на Киелце, тие уште не се финансиски стабилни, уште преговараат со некои спонзори и не се знаеш што е што. Следната сезона треба да дојдат некои високо профилни играчи со големи плати, потпишуваат јака играчи, а не се знае што е што.
 
Последно уредено:

Saber Rider

Модератор
Член од
27 ноември 2007
Мислења
26.511
Поени од реакции
44.254
Го прочитав целото интервју. Овој Дибиров многу ладен. Баш како што викаш, делува ко да нема никаква намера да остане тука, па и како што побрзо да сака да се заврши се ова.
Дибиров е баш од онаа група на професионалци кои ги споменав. Само него не можеш да го видиш да глави во кафичиве скопски. Фамилијарен човек :D
Како што кажа Дибиров, а спомнав и претходно, од клубот им е ветен раскин на договорот на крај од сезона, а повеќето и самите си побарале. Ако е за утеха, РФМ ја одложило расправата за раскинување на договорите. Веројатно Михо се обидува да добие на време.
Сепак, мислам дека дури и да се среди ситуацијата, Русиве би си заминале. Многу поверојатно е да се очекува дека би останале Столе, Чупиќ, Војводиќ, Поповски, Бутинот и можеби Гедбане.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
832
Поени од реакции
1.686
Секоја чест за постот @Colt Willcox !:cuc:

Јас покрај тоа што се надевам дека ќе успееме да задржиме неколку од моменталните играчи, уште поголема желба ми е да го гледам Парондо и понатаму на чело на тимот. Реално, најголем дел од товарот веројатно падна на него како наследник на Раул и според мене се снајде и повеќе од добро во улогата. Би одел до таму што би рекол дека дури и повеќе ми се допаѓа како ја води екипата од Раул. Криштопанс добри огромна улога и одврзани раце и комлетно ја оправда дадената улога, има многу поголема доверба во Столе за разлика од Раул и успеа со искасапена екипа да стигне до Ф4. Исто така би додал и дека не ја разбирав баш потребата на Раул од тоа да во мечеви против тимови како Војводина, Извиѓач и ним слични по квалитет, кои продефилираа низ годиниве во СЕХА да се излага секогаш со Кањељас, Алекс, Циндриќ итн. Парондо им даде шанса и на Кизиќ, Кукуловски, Петковски, Атанасовски, Димов и др. Да не ги додавам финансиските проблеми и генералната неизвесност која висеше над клубот сезонава. Не знам баш колку е ова реално, па оставам на времето.

Во истиов муабет би го ставил и Периќ, но мислам дека поради неговата блискост со Самсоненко и Кокшаров, како и неговата функција во репрезентацијата на Русија е многу поневеројатно.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.991
Поени од реакции
168.169
@Colt Wilcox Ф4 во Рустикана, кој нема каде да гледа бујрум на превртување маси :icon_lol:
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.210
Шпанскиот систем на водење на екипата е перфектен, како и очигледното влијание на легендата Периќ врз Милосављев. Би било одлично доколку успеат да се задржат Парондо и Периќ.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.991
Поени од реакции
168.169
Немам прашано ама Парондо како што гледам има завршено некое средно за IT. Ќе го вработам јас кај мене, Вардар нека му е хонорар :icon_lol:
 
На врв Bottom