Фали само да испадне и дека Бет Сити не е негово
100% не е негово, тоест има удел во него (најверојатно најголем) ама бетсити сигурно има други акционери исто. Побарај лиценца да функионираш како кладилница во било која држава (зборам во класичен стил), прво што ти бараат е доказ дека имаш икс сума пари а после одма добиваш партнери.[DOUBLEPOST=1556855025][/DOUBLEPOST]
Naprotiv ne mislam deka mu praat sopki, tuku deka ne dobiva povolnosti kako do sea i zatoa kje si ide. Taka da investicijata vo vardar ne e nikakva investicija tuku na nekoj nacin si kruzi nasata para. Da ne bese taka nemase da si sprema pat za doma vednas stom padnaa vmro od vlast. Mislam sto se objasnuvame, izgleajte edno intervju so samsonenko, sekoj so bar prosecno iq kje progleda niz bulshitot.Ne znam sto i kako prai ama ostanatoto e lesno da se skonta.
Да не се лажеме му се замерачија уште пред да дојдат на власт со ред изијави. Не викам дека не си го бараше ама дека му се прави опструкции тоа е очигледно.
Тениските терени во аеродром му ги зедоа (демек взаемен раскин, лол) тоа е смешно... Се вадат дека договорот бил едностран што знам јас ама факт е дека и за рамстор беше некој глуп договор на времето па немаше ревизии. Секаде во светот законите се јасни штом има понуда и прфаќање, штом се потпише договор ако немало некаква присила тогаш тој договор треба да си стои. Остај што ова е договор за спортски објекти и речиси секаде во светот такви кога се градат во партнерство со јавноста се 50/50 од трошоците или евентуално во развиените земји каде земјиштето е скапо може да биде државата да даде само земјиште а инвеститорот да го реализира прокетот (ова е во Гер и во АУС) во 90% одржавите е првата формула зашто земјиштето за спортски терени е скоро секаде ефтино. Еве и во МКД тие парцели каде не може да градиш станови би иделе неколку евра од квадарат, скапиот дел е да се стави асална подлога и да се одржува тоа.
Прогласување мореториум за градба е уште еден директен удар кон него и остатокот на „урбаната“ мафија. Јас за такво нешто не сум чул никаде во светот, а еве баш и сега прогугав да видам дали е ова уште една уникатна одлука и да, нема такво нешто... Ова е типичен рекет да се прешалкаат градежните фирми кон власта, ваљда не мислиш дека го прават за доброто на народот и за екологија. Папата ни иде во посета они дрва од плоштад вадат каква екологија какви бакрачи. Сега ти размисли ако имаш неколку објекти во градба (2 само на плоштад) и ако на тоа треба да плаќаш камати, имаш работници (градежна фирма) кој ако не ги плаќаш ќе си заминат а тешко е да ги замениш, имаш договори со рокови кој треба да ги испочитуваш, имаш машинерија земено на лизинг на кој треба да платиш рата...
Глупаво е да збориме за поволности кога основни права да функционираш како бизнис ти се ускратени.
Инвестиција подразбира дека ќе вложиш во нешто а подоцна од тоа ќе имаш поврат на средствата и профит. Кажи како можеш да оствариш поврат од ракомет во земја каде неможеш да наплатиш карта повеќе од 300-400 денари. Проба со правење ВИП соби, нема култура за такво нешто. Никој во МКД не сака да биде спонзор да закупи нешто такво. Факт е дека во МКД од спонзорство/ТВ права/карти нема никогаш да има доволно пари за еден клуб да живурка а не пак нешто повеќе.
Да произведуваш играчи во ФК и да ги продаваш пак треба кадар, поасална лига, инфраструктура не само твоја него и на сите каде што ќе игра Вардар и посебно младите. Ние до вчера немавме основни услови Вардар да функционира а не пак другите. Реално далеку сме од ова и би рекол дека е вон наша (како клуб) контрола така да чорба.
Пари во спорт во МКД нема ако не се инволвира државата. Неможеш ти да имаш функционални клубови - фирми (пази според МКД закон дури и акционерски друштва ни наложија
) без помош од државата. Државата со овие на власт се виде колку е спремна да помогне кога ни дигнаа цените до облаци за употреба на градски. Другиве беа идиоти и имаа глупи проекти од типот тениско игралиште, сала, фудбалско игралиште во секое село место да ги помогнат клубовите и да им дадат инфраструтура, заедничка служба за одржување итн ама овие до сега а и историски ништо не вложуваат дури гледаат ако може да приграбат. Тоа ти е разликата а за тоа дека „наши“ пари кружат јас пак ќе кажам како се тоа „наши“ пари кога јас и ти нема никогаш да ги видиме секако, ако не во Вардар ќе завршат во џебот на некој шарен револуционер или новинар „иноватор“. Пиши крст на тие пари.