Се на се, лош натпревар за нас. Не од аспект на резултатот, туку од играта, се покажаа многу недостатоци кои ни беа на нас јасни. Карактерот беше тука, али ростерот немаше капацитет. Јас бев оптимист и мислев дека имаме магија за победа и на полувреме верував во пресврт. Тек таму кај 25тата минута од второто се откажав.
Губевме 3-0, али не реализиравме три чисти ситуации во првите три напади, така што, со игра не почнавме лошо, туку со реализацијата. Дибиров два пати и еднаш Шишкарев. Горе-доле, сите лошо играа. Дибиров лошо почна, но тој пак покажува дека е еден од ретки играчи кои може да засили интензитет и да го одржи цел натпревар. За мене тој и Милосављев добиваат преодни оценки. Може и Шишкарев. Не знам што му беше филмот на Душебаев, Шишкарев му се извинуваше, за овој да го бутне. Посебно со оглед на фактот што сите викаат дека Шишкарев е најдобродушниот играч во тимот, а и овие двајца заедно играа со години.
Вуко... сељак. Пардон на фразата, ама сосема заслужен црвен, па уште ќе се симнува да се тепа. Не смееш такви моменти да си дозволиш. Ни трошка професионализам, ја оставаш на цедило екипата зошто некој ти рекол нешто.
Кристопанс, нула самодоверба. Како и со РНЛ, ќе си створи чиста ситуација и ја додава. Утни-утни, ама шутирај, дај малку муда, и треба да го батали тоа скок-шутот со задршка, толку е голем што додека се намести, реши кај да шутира, више го прочитале. Од прва лупај ги, па, влезе, влезе. Повеќе кинетичка енергија, повеќе шанси за гол

Инаку и ја се согласувам дека врши работа во одбрана. Само, му замерувам дека споро станува кога ќе падне, споро се враќа и се гледа дека е паничар. Јас Македа го сметав за играч со поголем квалитет, и не ми е јасно зошто Раул го пушташе Кристопанс пред него.
Каралаш, нема благи везе од реализација. Делува како човек кој пробува да игра ракомет за прв пат. Никакви финеси при шут. Ни фалеше Фереира и напред и назад. Он е послаб реализатор од Столе и со помала креативност во движење, ама физички е појак и подобро игра одбрана.
Скубе изгуби некои топки, ама имаше и некои соло акции. Карачиќ, класика - Игор, феноменални пробиви на моменти, во други непотребни пробивања, форсирани шутеви.Киселев влезе, даде гол, изгуби две топки и толку.
Циндрич, не искина. Од тоа се плашев кај нас, дека со заминувањето на Алекс и на Лука, го изгубивме тој играч, индивидуалец, кој може да ја понесе екипата и сам да фати да игра, како Циндрич денес што ни направи нас кога пробувавме да фатиме приклучок.
Се надевам дека со Загреб Парондо ќе има даде поголема минутажа на Гедбан и на Киселев, за да може да имаме некоја идеа каков квалитет имаат овие двајца кога се игра против солидна екипа.
Ни фалат играчи, али тоа е тоа. Криво ми е за Горбок. Мислам дека тој многу ќе помогнеше и напред и назад. Ќе го видиме швабава што ќе покаже.
Идеме понатаму, глава горе. Може паузата добро ќе ни дојде. Битно следниве две во Јане да ги добиеме.