Очекував да изгубиме денеска, особено кога Вуко си го доби црвениот. Само прашање на време беше кога ќе ни се удри од глава кратката клупа, Фереира недостигаше ужасно многу. Киелце традиционално си игра најмотивирано на свет против Вардар, не за џабе ги немаме никогаш победено на нивни терен. Јас се надевав дека лудите ротирања и комбинации на Талант ќе ни донесат предност на нас, но не беше баш така. Катастрофална игра во одбрана, премногу непотребна нервоза во моменти кога фаќавме каков-таков резултатски притисок и како капак на се беа судиските одлуки. Потегот на Алекс ме извади од кожа максимално, многу курназење без никаква потреба против поранешен соиграч со кого игрше неколку сезони и против клубот кој го етаблираше на меѓународната сцена. Нека му служи на честа. Циндриќ ни го зема здравјето.
Тоа е што е, одиме понатаму, добро е што првиот пораз дојде на гостински терен. Вторник против Загреб, мала пауза за репрезентативни обврски, па мошне незгодниот Мешков доаѓа во Јане.