Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 јуни 2009
Мислења
10.118
Поени од реакции
21.583
Кај е публиката за фудбал ако луѓето го сакаат? Не може стадиони од 3 илјади да се наполнат. По 200 души има на утакмици со децении. Порано бесплатен беше влез на Работничи - Вардар, 50 души на натпревар, дедовци семки јадат. Порано редовно одев на Македонија Ѓорче Петров, кога беа јаки, пред да го освојат купот 2006, 100 ден карта, во лига 150 души на трибини. Некогаш ни толку.

Јас не негирам дека фудбал е попопуларен спорт секаде во свет. Но, ете Еурофрам - Пелистер пред недела 4 илјади гледачи. Гледај Охрид некогаш кога игра, полна сала две ипол илјади. Вардар - Борец пред неколку години полна сала. Во Струмица имаше публика. Не може да се негира дека пред неколку години имаше зголемен интерес за ракомет и луѓе гледаа. Фудбал секогаш било исто. Ако има нешто што вреди да се види, луѓе ќе отидат и тогаш пак не полн стадионот. Го наполнија ли до даска еднаш за Лига Европа? Сум идел, сум гледал со години. Знам како е. На битни натпревари од второ коло ЛШ, по 3-4 илјади души немало на стадион. Па, Македонија - Холандија 2004 не беше полн стадионот а тогаш собираше 18 илјади, Македонија - Англија едниот натпревар не беше полн стадионот. Знам, зошто сум бил. На репрезентација по 5 илајди луѓе немало со 150-200 ден карти.

Иако, на тема, мислам дека интерес за ракомет е во надолна линија и тоа е тоа :)
Јас не реков дека Вардар - Ѓорче ќе има повеќе публика од Вардар - Кристијанштад или било која екипа од ЛШ. Луѓето сакаат популарни имиња и клубови да доаѓаат, пред се фудбал па после ракомет. Тебе Градски ти изгледа огромен па и да има 10.000 публика ќе речеш празен дека е, што реално тешко е у оваа мизерија од лига да очекуваш полн стадион. ФК никогаш не бил константен. Затоа и нема публика.
Ракометот е популарен исто колку кошарката. Се деси Хрватска 2008 сите станаа ракометари, после Литванија сите беа кошаркари. Тие 2 спорта се едно 5 скалила под фудбал, секаде во свет па и во државава. Тоа што градови како Велес, Битола и Струга си пратат ракомет е затоа што од секогаш биле популарни градови, да не речам сите ракометари од тие градови/клубови се излезени.
Горе доле го збориме истото. Кажав и во првиот пост, луѓето ќе си најдат 1000 други занимации пред да одат на утакмица. Не сме таква нација, чекаме само некој успех и сите аеее столе иконаааа, аеее дамјан мека рука, античу ѕверу.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.048
Поени од реакции
5.133
Да сакаа луѓево ракомет ќе доаѓаа на сите натпревари и немаше да се само дерби навивачи.
Не се согласувам баш. Мислам дека има љубов за ракометот генерално. Но љубовта сама по себе не е доволна.

Мое мислење е дека главниот проблем е што:

1. Кај нас нема култура за одење на спортски настани. Никогаш реално не ни имало. Порадо ќе одат во кафана отколку на натпревар. Додека е ова вака ќе биде проблем секогаш посетеноста кога нема екстремна еуфорија. Одење на натпревар се третира како споредна работа (алтернатива кога се нема што друго да се прави, а не како примарна забава)
2. Генерално луѓето не гледаат придобивки да платат влезница, бензин, паркинг кога можат натпреварите да си ги гледаат дома. Факт е дека одењето на натпревар веќе не носи додадена вредност. Порано барем ги имаше навивачките групи кои беа гарант за некаква привлечна атмосфера. Во светот се измислуваат мал милион начини како да се привлече интересот на јавноста, како да се направи интерес не само околу натпреварот туку и се околу него (забава, наградни игри, кафичи околу терените, гратиси за деца и сл.)
3. Драстично поголем е интересот за нашите спортски екипи надвор од Скопје отколку во главниот град.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
2.231
Поени од реакции
4.000

Мислам и дека треба да се мисли на анимација на публиката. НБА рецимо ти е цел бизнис како да ги анимираш и привлечеш гледачите... кај нас ко да се водат уште со тоа "Ме боли кур дали некој имал или немал... кој сака нека даде 300 денари карта".

И тоа за дерби навивањето скроз не држи вода... нема еден тим у фудбал кај што има еднаков хајп за дерби како и за некоја друга рандом утакмица. Поголем проблем е што луѓето не учествуваат во натпреварот, да пеат, свират, урлаат... него дремат по телефони.

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.424
Поени од реакции
3.185
Во другите држави е бетер од кај нас посетеноста,во Полска ракометарите на Киелце седеа на плоштад и даваа карти,и сега со РНЛ салата пак полу празна.:toe:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.048
Поени од реакции
5.133
Во другите држави е бетер од кај нас посетеноста,во Полска ракометарите на Киелце седеа на плоштад и даваа карти,и сега со РНЛ салата пак полу празна.:toe:
Реално проблемот со посетеноста е светски тренд, пред се започнат од развојот на медиумите и интернетот. Спорт се игра за ТВ права а не за публика моментално, ама кај нас и тоа не го бива, никој не сака ни во нив да вложи заради внатрешни судири.
 
Член од
12 јуни 2016
Мислења
403
Поени од реакции
83
Еден пијаница од моето село сношти цело време говореше Вардар ќе изгуби од Веспрем 25-24. Дури и точен резултат кажува:pos::pos:Му реков ако заврши 25-24 за Веспрем ти купувам гајба пиво даб (строго на дабче само:D) ама ако победи Вардар ќе ме частеш една илјадаркичка.:cool::cool:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.292
Не очекувам чуда денеска. Да се победи Веспрем на домашен терен е речиси невозможна мисија и ретко на кого му успевало низ годиниве, дури и пред 10-тина години кога немаа таков ростер и финансии како денес. Сепак, спортски е човек да се надева и мислам дека треба да си ја бараме шансата во фактот што притисокот е кај нив. Се измучија со Киелце, изгубија од Барса па ќе мора денеска да се искупат за слабите игри и тоа пред својата публика. Наше е да си го одиграме своето и да покажеме дека дури и во ваков изменет состав можеме да се носиме со секого.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
719
Поени од реакции
1.066
да немаше такви гомнарии у клубот , вардар денес ке се прошеташе во Унгарија.
ама сепак 11-13 е солидно..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom