Каков меч на Тимур!
Мизерни бевме у одбрана, не се сеќавам скоро да сме примиле 30 гола, но што е тука е, победа си е победа. Премногу промаја дуваше кај ,,халфовите" односно 2-ката и 5-ката, Житников и Сршен се изнаиграа. Едноставно немавме одговор за нив, а и Скубе правеше доста проблеми со неговите метро и 75cm. Гледам дека и Тимур на пресот рекол дека не се сеуште на исто ниво од претходниот дел од сезоната па да се надеваме дека ќе се вратат.
Маџарите беа циркузи, на крај се дереа Вардар и неколку од нив кога ги соблекоа дресовите од Сегед под нив имаа дресови на Вардар . Не знам како детално стојат работите ама мислам дека многу е различно сфаќањето за навивање и навивачки групи таму од Балканов.