Не да се правам поголем стручњак од Кастратовиќ, ама многу ми е безвезе неговата споредба на Вардар со оваа и претходните сезони, демек Вардар бил 60-70% од она што бил до оваа сезона. Никој не спомнува дека по заминувањето на Алекс помалку голови даваме од лани каде што дававме и 40-ки што е нормално, но оваа сезона многу помалку примаме, лани знаевме да примиме по 30+ во Сеха и екипи без шанси во ЛШ, додека пак оваа сезона имаме страшна одбрана. Друга работа, многу глупава е споредбата со првите натпревари во сезоната, во овој дел играчите со многу малку пот, рутинирано си ги добиваат противниците, и со еден куп грешки и многу опуштена игра лабаво си победуваме, си знае Раул како да ја темпира формата и многу јасно е дека на крајот ќе засилат и ќе заиграат цврсто...Можеби нема да го повториме успехот оваа година, но Вардар оваа сезона игра како шампион на Европа, а лани бевме хит и нефаворизирани успеавме да земеме ЛШ и воопшто не се согласувам дека Вардар е послаб од лани, долга е сезоната секако имаме одличен тим а за да бидеме најдобри треба многу коцки да ни се поклопат не е само да имаш добар ростер и да проверуваш сила со реално послаби противници.