На денешниот состанок меѓу КФСМ и претставници на клубовите од Првата лига, раководството на Федерацијата излезе со два предлога за завршницата од првенството. Кошаркарскиот клуб Пелистер смета дека ниеден од нив не е квалитетен и излезе со свој, кој го објави по состанокот во Скопје. „Предлогот...
kos.mk
March 31, 2021
КонтактИмпресумМаркетинг
KOS.MK
KOS.MK
КФСМ со два предлога до прволигашите!
Објавено на 03-30-2021
0
SHARES
00
Раководството на Кошаркарската федерација попладнево одржа состанок со претставици на прволигашките клубови на кои главна тема беше евентуалната промена во системот за натпреварување.
На прволигашите им се претставени два предлога за начинот на кој треба да се доигра сезонава и оставен им е простор да се договорат кој повеќе им одговара.
„На состанокот одржан на ден 30.март.2021, (вторник) во просториите на КФСМ помеѓу клубовите од Прва лига-мажи и раководството на КФСМ беа изнесени предлози во врска со завршувањето на натпреварувачката сезона 2020-21, за регуларен дел, плеј оф, плеј аут како и за завршницата во Купот на РСМ.
На собирот на кој присуствуваа сите клубови од Првата лига-мажи, им беа понудени два предлога:
Првиот предлог е, по завршување на регуларниот дел од првенството, односно по одигрување на 22 кола, да не се игра втората фаза од Првата лига-мажи, односно Супер лига и Плеј аут лига, и да се премине на третиот планиран дел, плеј офот.
Доигрувањето би се реализирало со учество на осумте првопласирани екипи од првиот дел од првенството.
Плеј аут, со учество на четирите последнопласирани екипи во регуларниот дел од сезоната. По овој предлог испаѓаат две екипи.
Натпреварите од доигрувањето, плеј-офот, односно плеј-аут лигата би се одвивале во т.н.„балони“, а сите трошоци за реализација на турнирите ќе ги покрива федерацијата.
Односно четири одвоени турнири, во кои во период од по седум дена, ќе се реализираат четвртфиналните, полуфиналните и финалната серија на плеј-офот. Како и плеј-аут турнир по кој ќе бидат познати и двете екипи кои би се преселиле во понизок ранг на натпреварување – Втора лига.
„Балоните“ би се играле во периодот од 17. мај, заклучно до 7. јуни, кога би го имале новиот шампион за сезоната 2020/2021.
Финалниот турнир од националниот Куп да се одржи во периодот од 14. до 16.мај, односно веднаш по завршувањето на првиот дел од Првата лига-мажи.
Вториот предлог е, лигата да заврши согласно предложениот систем и календар за натпреварување, што значи Супер лига и Плеј аут лига и Плеј оф. По овој предлог од лигата испаѓаат четири екипи. Согласно со предвидениот план за одигрување, првенството ќе биде завршено во средината на јули.
Комесарот за натпреварување го изработи и комплетниот распоред за одигрување на заостанатите натпревари, потоа распоредот за одигрување плеј оф (четвртфинале, полуфинале и финале) и плеј аут натпреварите, како и распоредот за одигрување на натпреварите од националниот Куп кои им се доставени на клубовите кои е дел од Првата лига–мажи во сезоната 2020/2021“, се вели во соопштението на КФСМ.
0
SHARES
00
Пелистер излезе со трет предлог за остатокот од сезоната
Објавено на 03-30-2021
Пелистер излезе со трет предлог за остатокот од сезоната
0
SHARES
00
На денешниот состанок меѓу КФСМ и претставници на клубовите од Првата лига, раководството на Федерацијата излезе со два предлога за завршницата од првенството.
Кошаркарскиот клуб Пелистер смета дека ниеден од нив не е квалитетен и излезе со свој, кој го објави по состанокот во Скопје.
„Предлогот што господата од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) го испратија денеска до клубовите за начинот на кој би завршила сезонава само делумно ја пренесува дебатата на денешниот состанок со Здружението на прволигашите, пред сѐ во делот на испаѓањето од Првата лига.
Мора да ја информираме јавноста дека во ниту еден момент на денешниот состанок не стана збор во едната варијанта да испаѓаат четири, а во втората две екипи, кога веќе подолго време постои заеднички цензус на крајот од сезоната само два тима да се преселат во понизок ранг и тоа со играње според системот усвоен пред почетокот на сезоната. Но, истовремено мора да нагласиме и дека ни е јасна играта на луѓето од Куќата на кошарката, кои со бројката на тимови што испаѓаат сакаат да ги „купат“ потребните гласови за предлогот што самите го протежираат, а тоа е укинување на Суперлигата и плејоф со осум екипи.
Максимално нечесно е среде сезона да се менуваат правилата на игра и да се дава идентична шанса на тие што вложувале и максимално се труделе од самиот почеток на сезоната па сѐ до денеска и на тие што не го правеле тоа, па сега сакаат во „матно“ да дојдат до шанса да бидат дел од елитата што ќе се бори за титулата. Веруваме дека тоа не е ниту спортски, ниту етички, бидејќи се омаловажува трудот на кошаркарите, но и на управите на клубвите, кои имаат обезбедено пласман во Суперлигата или имаат квалитет и желба да го сторат тоа во блиска иднина, регуларно на теренот.
Затоа бараме да се вметне и трет предлог за кој би можеле да гласаат клубовите, а кој би бил своевиден компромис. Тоа е ако веќе нема време да се доигра Суперлигата, тогаш плејофот да биде со шест екипи, колку што требаше да играат во суперлигашкиот дел, а не со осум како што во моментов предлага КФМ. Нормално, со испаѓање на две екипи со цел на задржување на квалитетот кој е несомнено висок оваа година во елитата.
Со понуда на ваков предлог, Куќата на кошарката ќе се амнестира од обвинувањата дека сето ова го прави за да им помогне на одредени тимови да дојдат до позиција да се борат за највисок пласман, нешто што не би го направиле ако остане сегашниот систем за натпреварување. Би се играло четвртфинале со тимовите од трето до шесто место, а во полуфинале би им се приклучиле и двете првопласирани. Првиот круг би се играл на две добиени средби, а вториот и финалето на три добиени меча.
Овој систем постоел и во минатото и нема да биде ништо ново, а на овој начин би се задоволил и спортскиот дел и би се овозможило првенството да заврши во разумен рок. Затоа сметаме дека КФМ треба да го презентира и овој предлог до клубовите, а ако не го стори тоа, тогаш само ќе потврди дека сето ова го прави од интерес кој не е само спортски туку има и заднина во делот на блиските односи со одреден(и) клуб(ови)“, стои во предлогот на Пелистер.
Sent from my CLT-L29 using Tapatalk