Пеце
Пелистер-Битола
- Член од
- 16 септември 2009
- Мислења
- 4.198
- Поени од реакции
- 4.896
@Near
Ако мислиш дека вистина имате покомплетен тим од нас, тогаш не гледај поќе кошарка гледај АТП турнири тенис Со кој покомплетен ? Со мртвиот Соколов, дедото Мијатовиќ и трупот Караколев ?
Единствено од цела екипа ви вреди Рикиќ центарот само, доста солиден играч, нема збор, со него играта ви е многу сменета, тешко кој играч би се справил на 5ка со него, друго и Јане кој се виде дека има рака ако му тргни како вчера, знај да влези во серија, тој новиот Дубински не ви го знам, го немам гледано.
Ако мислиш вистина пак ќе речам дека имате покомплетен тим од нас, тогаш се гледаме на третата и четврта утакмица во плеј офот - нормално доколку се пласирате, има сеуште утакмици
Друго знам дека не заврши кладионичарски со победа Еуроникел, ама поентата ми беше друга, дека вчера беше даена цела лига да се игра од Мак баскетот, што до сега никогаш не било, давале по една до две утакмици, ама цела лига никогаш не било, а штом се дава јасно е... и квотата за нерешено и двојка беше приближно иста, а во Моцарт мислам имаш дополнителен тип каде важат и евентуални продолженија, само не сум сигурен дали беше кај нив или во друга.....
За Кесар, очигледно не си запознаен дека до вчера имавме 6 играчи само во тимот, земен е Арсовски сега кој е повреден и сакал, неќел Кесар мора да игра сам на центар, немаме замена за таа позиција, не дека сака Кесар или Мац да игра таму 55 минути....
За позиција 3 исто кај Малешевиќ, Николиќ пред 4-5 дена пристигна во екипата, најтенки позиции ни се 3 и 5, затоа имаше и слаба минутажа Николиќ.
Дилемата пак беше кај Вилијамс шо изигра толку малку 9 минути само, се надевам дека е ок и нема никаква повреда, а последните утакмици ги играше доста добро.....
За ланската сезона кога зборав, исто кога тепавте во Битола после продолженија, тогаш имавте поквалитетен тим од нас, џабе збораш, тој Пелистер со овој Пелистер се две различни страни, тогаш едноставно бевме само домашна екипа и горе долу сите екипи имаа проблеми во Битола....
За првиот меч со Гостивар во Битола, очигледно збораш од памет, а кажваш со какво криминално судење победи Гостивар, каде одма после мечот со писмо реагираше управата за лошото судење, а еден од судиите ако не се лажам беше суспендиран на неколку утакмици, ама и покрај таквото судење дадовме силен отпор и минимално на продолженија тепа Гостивар, се виде на втората утакмица со пореално судење како е