Разликата е шо имаме долга клупа сезонава и можиме да ротираме прилично, шо значи свеж Кесар кој според мене е најквалитетниот играч во овој тим. Прва утакмица сезонава, потребно е време за воигрување на доста нов ростер. Мзт си го дадоја најдобриот играч и очекувано беше да бидат поразени, каде мислам и искуството на тренерите пресуди денес. Слаба утакмица со многу грешки на двете страни. Ќе видиме со АБА2 и домашното првенство дали ќе имаме проблеми да стигниме до титулата сезонава. Во АБА2 не очекувам некаков успех, имаме тим квалитетен за домашно првенство, но не баш доволно за добар успех на екс-ју паркетите. Домашно првенство би требало да достигнеме финале на плеј-оф, што и да не титула.
Не знаев дека Стојан Ѓуроски сме го зеле, голем труп е ама има искуство. Триото Кесар-Трајковски-Младеновски ме бендисва, доминантни ќе бидиме во првенството на високи позиции. Да поуживаме малку во добра кошарка Битола, иако првенството ни е многу, многу слабо и ги имаме собрано поискусните играчи во него.
Стајиќ денес добар, Караџовски квалитетен просек, Младеновиќ тенгало тешко, ама е борец, Кесар стандард игралиште, Бојан од никогаш не сум го сакал, ама има искуство и влијание.
Смешно ми е шо имаме битолчанец во екипата, Најдовски. Дарче тренираше со мене, голем талент, штета шо никогаш не извиши за да можи да привлечи внимание и си остана во стагнација. Мило ми е некогаш ко ќе го видам на терен, макар биле и тие 30 секунди.