Уствари Аталанта имаше пристап и игра каква што требаше и очекував да имаме ние. Кога го видов она со Меите треквартиста мислев топ, Пиоли им рекол да излезат и да гризат на секоја топка, да притискаат, да прават фаули, тврда игра, прљаво.. а тоа уствари му успеа на онаа гнаса од човек - Гасперини. Тоа беше пристапот со кој се добива ваква утакмица, Милан превише ноншалантно влезе као против ептен послаб противник да игра, а тие со тој прљав стил поштено не плеснаа, тоа е. Ги мрзам од дното на душата и цел оној тим на рехабилитирани пропалитети, избркани и шутнати од секаде, коишто никаде не играле и нема да играат подобро отколку под онаа гнида од човек кој мисли дека станал голем стручњак на свои 70 години.
Се дешава вакво нешто, разбирливо е, поготово после ваква полусезона на Милан. Денеска најмногу се осетија тие неиграња на битни играчи затоа што фалеа баш тие играчи кои во ваква утакмица со ваков противник највише значат. Бенасер и Хакан. Плус Ромањоли капитенот топкиве што баш најде кога да добие жолт за суспензија, баш денеска на Кеси и на Тео им се деси најлошата утакмица сезонава и тоа е тоа. Оној пенал на Кеси беше толку глуп просто да се замислиш дали можда нема многу пари на спортска лупнато па го праи намерно.
Заеби муабети, се дешава лош ден, важно е да не почнат да се трескаат од земја, еве уште сме први на табела, како што се усогласивме со колегата Hm_Hm, следните утакмици се на папиру полесни и ќе мора да се добијат. Повредените се враќаат, ваљда ќе е се како што треба.