Што е работата со Конти, пак е повреден, нели се врати и играше малку?
Вчера не беше ни во поширокиот ростер, во протоколот за утакмицата, Миланњуз напишаа дека тоа било техничка одлука и не се работело за никаква повреда. Очигледно нема абер од тоа да се труди за место покрај Калабрија и Далот. Разбирам дека ич немаше среќа со повредите и скроз му се ебаа 2 сезони, ама и шансите коишто ги имаше не ги искористуваше уопште. Ти да не можеш да му се бориш за место на еден Давиде Калабрија, да си увек ко анемичен, без никаква желба и жар, еби му мајката. Најверојатно ќе си оди во јануари, само што во ваква позиција никој нема да сака да го купи. Ќе биде тоа пак влечење некое, позајмица, па тој нема да сака да прифати, па едвај задњи денови ќе замине, па таму нема да игра, ќе се влече, ќе ни го вратат, па пак на лето идемо испочетка и така до крај на договор.
Да не го горам, рано е се уште, ама мислам дека Хауге ќе го биде. Освен што е талентиран, ја има и таа скандинавската дисциплина, има загризано скроз и се труди ептен. Пишуваа и дека многу бил посветен на тренинзи, учел италијански и инсистирал така да комуницира и со тренер и со соиграчи. Со него сеа само треба полека, без некој посебен притисок и да му се дава се појше слобода. Се уште се глеа грч во играта, глеа прво кон тоа да додае пре него да солира, се уште не е доволно храбар, а има скроз основа за да игра похрабро и послободно. Го видовме како изгледа во Бодо против нас на терен кајшто беше свесен дека од него се очекува највише, со време треба и кај нас така да почне да игра. Добро го интегрираат засега, само полека и ќе биде стартер во скоро време, јас мислам.
Иначе, не ја тргајте никако анкетава погоре на темава, немојте, изглеа среќа носи.