1) Овој тим има четири клучни играчи (Ибра, Хакан, Бенасер, Тео), од нив двајца не се на терен, а на Хакан не му оди, па затоа и ваква игра.
2) Не може Кеси да биде Бенасер и да организира игра. А Тонали исплашен, се крие, лошо се движи, не презема одговорност, многу повеќе му е важно да не погреши, отколку да изигра нешто. Па затоа имаше еден куп напуцани топки од Донарума и дефанзивците.
3) Ребиќ (секоја чест за пеналот) и Белгијанецот се добри само кога функционира играта, кога тие ќе си го најдат местото во системот, а покрај нив има играчи на кои им оди. Кога пробуваат како сега индивидуално, не можат ништо да придонесат.
Диаз исто лош.
4) Овие Кротоне се екстра боси, не смеат да се вратат без три бода.