Не знам колку точно од примените голови сезонава паднаа од напади по десна страна, ама мислам дека скоро сите, така беше и вчера. Едноставно знаат сите дека таму дува промаја и дека Контилабрија се шупелки што под доволно притисок не може да не отворат простор или да поклонат ситуација. Биља оноа што го игра е криминално и џабе ќе го спомињам.
Системот што вчера го играа беше интересен ама е систем за тркачи со јака кондициона спрема, кога клапнаа - клапнаа сите со ред, освен Чалханоглу кој изгледа имал допинг земано.
Фини бодови ќе беа, ама ете, сега три тешки утакмци по ред и спал негде измеѓу, не верувам повеќе од 4 бода да извадат.