Во живо не можев да гледам, сега решив да погледам малку како играл Милан.
Страшно, да не можеш да се наметнеш и да доминираш на домашен терен против една Салернитана.
Не може да издоминираат на два натпревара во низа, без разлика на противник. На вакви натпревари, а слични ги имаше милион, се гледа дека тренерот не си ја врши добро работата.
Можеш да поминеш добро во дерби натпревар, особено против екипи кои што не знаат да се наметнат, како Тотенхем. Но, на овие натпревари се гледа колку екипата знае да игра фудбал, а заедно со ист тренер се неколку години.
Нешто не функционира, не ми се допаѓа каков е Милан, без разлика што можат да се најдат оправдувања и во квалитетот на тимот. Сепак збориме за Салернитана и нешто подобри екипи од неа, но послаби од Милан, уште доаѓаш после изборено 1/4 финале, а играш пред полни трибини.
Без разлика што ќе направат, а се надевам дека минимумот ќе биде исполнет, јас сум да се бара нов тренер. Треба освежување, не сум хејтер на Пиоли, но не ми делува дека во овој момент знае што треба да направи.
Новата формација се покажува проблематична кога треба да се игра фудбал. Напред многу слаб пресинг, а и со тројца во одбрана, против Салернитана, Милан повторно слабо бранеше транзиција, нешто што ги мачи цела сезона.