Фан клуб: Милан

Џампаоло?


  • Вкупно гласачи
    55
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 јануари 2019
Мислења
620
Поени од реакции
629
Izmesten lakt imal Rebic ne e skrsenica..dobro e.
И да е само изместен обично 4 недели треба дур се опраи скроз. Ќе видиме дај боже да се врати на време за дербито со Интер. Среќа што има и репрезентативна пауза па до 17ти октомври би требало да е опоравен.
Автоматски споено мислење:

Иначе Кјаер :bravobe: Каков страшен играч добивме за смешна цена. Човекот прав столб е. А и во најдобри години за штопер е.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.015
Поени од реакции
4.083
Секако уште ова коло после се репрезентации ќе има време да одмори :) А и Леао се врати сега ќе искомбинира некако за со Специа.
 
Член од
26 јануари 2019
Мислења
620
Поени од реакции
629
Најверојатно нешто поврзано со Серија А. Не дај боже да усерат се со некој глуп трансфер.
 

Нинович

Циник
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.537
Поени од реакции
1.837
Најверојатно ќе убрзаат за Хауге сега после повредата на Ребич. Со таков трансфер ние ќе имаме по двајца играчи за секоја позиција во напад. Ребич и Хауге лево, Леао и Ибрахимович централно, Хакан и Брахим позади напаѓачи и Саличе и Сале десно. Со тоа што Коломбо и Малдини или ќе лутаат примавера - прв тим или ќе одат на позајмица, а овие спомнати погоре нема да се стиктно на тие позиции, туку ќе ги врти Пиоли лево десно.

Од све ова, освен ако нема некое неочекувано изненадување за десно крило (а не верувам дека ќе има), баш таму, десно е најголемиот проблем. Саличе е скроз безвезен игач. Дуел игра и физикус - нула. Звучи безвеза, али Салемакерс во моментов е дупло бољи од него. Ниту еден од двајцата не ми е за десно крило во прв тим во Милан, ама во моментов појше разлика во играта праи Салемакерс и тоа е факт. Барем влага во дуел, знае каде се движи и покрива поголем простор на терен. Саличе е нашминкан Сусо, класичен играч за футсал со фина техника, радиус на движење само по десна аут линија и ништо појше.

Во одбрана имаме проблем и тоа се повеќе се гледа и ќе се гледа со екипи што играат понапаѓачки и побрз фудбал. Болоња и Кротоне не се тоа, ама ете против Бодо се виде. Таму експресно брзо ни треба брз, а силен дефанзивец и мислам дека тоа и им е приоритет. Се збори дека подготвуваат последна понуда за тој Фофана, пред да се окренат кон Настасич за кого не глеам никаква логика да се зема кога и тој е повреден моментално и нема да игра уште некое време, а нам ни треба здрав прав играч да ускочи одма. Баш заради одбранава мислам дека Рио Аве ќе ни одговара појше од Бодо, тоа португалците мртви ја пимплаат и даваат по 2 гола вкупно во 5 утакмици, мислам дека ќе биде полесна утакмица од претходната. Е сеа, со Милан никад ништо не се знае, игаат на гости, така што, ќе почекаме, ќе видиме.

Тонали. Ние ко фан клуб сме кењачи и тоа е факт, плус и горачи сме, гориме све што ќе спомнеме. Одма се фативме со анализи за детето на негови одиграни 30 минути поделени во 3 утакмици. Прв прав тест му беше вчера и као за прва утакмица под таков притисок, според сите анализи на медиумиве во Италија, оценки и слично, а и мој нестручен впечаток, беше сасвим солиден. Треба да се има предвид дека детето има 20 години, игра на најодговорната позиција во онаква формација, притисокот над него засега е голем и многу е рано за било какви генерални оценки. На неговата позиција играчите стануваат играчи на 25-26 години, така што, засега, Тонали ветува многу и полека затоа што и ние навивачите сме дел од притисокот којшто му се створи над глава. Тачно, притисокот е неминовен и јебига Тонали мора да си се носи со тоа за да докаже дека е/ќе биде класа играч, ама исто така е факт дека е смешно да судиме после вкупно 100 изиграни минути. Пола сезона е малку, а камо ли 3 утакмици. Лани имавме примери за ова во Милан, бидете реални. Ребич на почеток дури го заборававме дека е во тим, за втора полусезона да е главен играч. Бенасер исто.

Според последниве информации уште тројца нови играчи ќе имаме до крај на меркато (следниве 7 дена). Се надевам на квалитетен избор, затоа што Милан конечно изгледа добро, цврсто, поквалитетно и ветува. За почеток, барем за квалификација за ЛШ.
 
На врв Bottom