Нема да ми е претерано криво ако си отиде Алегри ама не би го заменил со било кого, а поготово не со Сидорф и Пипо, со Леонардо се покажа дека занает на Милан не се учи а поготов не во сезони кога ви клубот не се инвестира и се има слаба екипа.
Замерки на Алерги имам неколку ама една ми е најголема, а тоа немањето игра, под игра подразбрам нешто што го имаат во моментов само Јуве и Фиорентина, тоа е нешто што ти овозможува шампиони да се Пелусо, Падоин, Џакерини, Барзаљи, Лихштајнер, Џовинко и МАтри и до последен ден Лига Шампиони да брка Лука Тони.
Значи нешто независно од квалитетот на екипата, нешто што добива утакмици Во Милан под игра прво се подразбираше Ибрахимович, после Ел Шарави а сега Балотели. Алегри не успеа да направи компактна екипа што ќе решава утакмици без проблеми и турбуленции.. Може тоа да се препише на недостатокот на квалитетни играчи, ама оние гореспоменати 5-6 души се исто така просеци со тоа што некој ги седнал и им објаснил што како и кога треба да направат.
Како и да е, негов проект е овој Милан, го догура до Лига на Шампиони и како што го кркаше стапот и критикитее, заслужува да си го тера и догодина па под други околности може Милан ќе стане екипа пак.
Не дека сум некој ултра хардкор хејтер на алегри (мада повеќе од уште една година не би му дал бидејќи накратко со него немаме многу амбиции повеќе од освојување на серие а) дебатиравме многу за него, има многу за има многу против негово заминување. Ја сум за да си отиде, под услов да дојде место него некој подобар! сидорф и гатузо не спаѓаат во оваа категорија.
Иначе курајбер секоја чест за постот, кажа се што ја сакав да им го сервирам на останатите кои се про-Алегри (Про геј мериџ хахахаха) . Не ми е јасно како може целата игра у ерата на Алегри да се базира на Ибрахимович,Балотели и Ел Шарави... и како може играта овие 3 години да ни биде влечење по терен (освен првоата година откако дојде). Леонардо немаше такви у екипа па пак ист резултат постигна. Уомо ди мерда имаше исти резултати со милан , па зашто го пљуете бе мајку му ? зашто го колнете?Дури тој и немаше Ел Шарави у тим, немаше ни балотели ни ибрахимович, успеа со Бориело и остарен Роналдињо да дојде до трето место! (делумно леонардо се хејта ради фрката со интер, ама и секој кога спомне леонардо одма му текиња на тапа тренер). Од друга страна, Леонардо го напраи Силва играч, го дигна пато(му даде повеќе шанса), дали некаде ја прочитав дека леонардо(кога се спомињаше) дека имал добра работа со младинци - НЕ.
Леонардо со (по)мизерен милан стигна и испадна у 1/8 финале (на алегри тоа му се дешава 2 од 3 години, лани ојде до неверојатното 1/4 финале), но алегри е протектиран(незнам зашто) од фановите тука. Ете тоа ме иритира кај вас, што го величите Алегри, а дечково е (МААААЛЦЕ над) просек. Чисто споредба да направам у резултатите што ги имаше Алегри и Леонардо.
И никако не ми е јасно како може еве на пример Рома,послаба екипа од милан која игра 100000 пати поотворен и понапаѓачки фудбал од нас, а ние цело време да се молиме на индивидуален потег на Шарави или Балотели или кој и да е.
Алегри е солиден тренер, има свои океј страни има лоши страни (кои според мене преовладуваат) но неможе бе луѓе милан со алегри да праи ренесанса у европа, сватете! НЕ е тој тип на светска класа тренер, нема ни да биде. Сватете!А за успех на тим треба (нормално нели) јак тренер.