Фан клуб: МЗТ Скопје

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Тоа е реалноста не дека тренерот не игра некоја улога,ама ростерот на играчи е тој,ќе мора да се средат редовите да не се доживее тотален дебакал,у првата сезона на јадранската лига.На денешнава утакмица единстевена светла точка беа фемили,респект за навивањето:cuc::cuc:,таќе се навива и се бодри својот клуб.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
ke ni raspadne klubot mn brzo na loso mirisa!!
Да се распадне оваа сезона не може,може следната после локалните избори ако решат државните компании да се повлечат и со тоа да се остави огромна дупка во буџетот дека приватните спонзори се една шака а младинци нема.

Оваа сезона може само да се изгубат огромен дел од навивачите со ваквата игра во АБА ( секој натпревар има се помалку и помалку ),искрено ако не ги избркаат Бакич и Игор и јас не планирам да идам на следната со Цедевита зошто не се сметам себеси за мазохиста.

Со тоа што ако испаднеме од АБА губиме и право на повторно учество посебно дека ние за разлика од Унгарците не плативме да учествуваме туку не викнаа,а ние испаѓаме испод просечен тим ( губиме од младинци на други држави ) и сме нешто малку над просек со публика.Од УЛЕБ ако се пријавиме шансите да ни датат какво било учество барем во Еврокупот се никакви кога ќе се виде успехот во АБА и финансиската моќ и цела Македонска кошарка ќе биде уназадена неколку години.

И тоа баш кога лигата почна да личи на нешто ( салите скоро сегде се полни,што не може да се каже за ниеден друг спорт независно од капацитетот ),уште асална телевизија да правеше пренос и да имаше некаков асален маркетинг ќе беше ептен голем напредок.

МЗТ избрза со приклучувањето на Јадранската лига,попаметно ќе беше да се земе оваа година скапи тренери ( не само главен тренер,туку и кондициони и за младинци ), алентирани младинци и да се игра македнска лига и библ ( колку и да е лоша вторава али барем да се добие на интернационално искуство ),а следната сезона да се пријават во Јадранска.

.
 
Член од
13 април 2010
Мислења
368
Поени од реакции
219
текст од оваа песната последна шо ја пееја,новата?

KLUB ZA KOJ KE DADAM SE, MZT TI SI SE STO IMAME, NEKA TE NOSI TEBE MOJOT GLAS, NA TVOE IME GORD SUM JAS, I NEKA ZNAE JADRANOT, MZT SKOPJE TI SI SAMPION, SRCE NA TEREN SAMO OSTAVI, AJDE ZA NAS POBEDII
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Оваа сезона може само да се изгубат огромен дел од навивачите со ваквата игра во АБА ( секој натпревар има се помалку и помалку ),искрено ако не ги избркаат Бакич и Игор и јас не планирам да идам на следната со Цедевита зошто не се сметам себеси за мазохиста. .
Прав навијач или симпатизер ќе доага да го бодри клубот и кога му иде и кога не му иде добро на тимот. Во твојов случај ти веројатно си од оние кои сакаат да доагаат само кога е све добро. Те молам немој да доаѓаш со Цедевита.
Мислам дека ти ако не дојдеш МЗТ ке победи :D

Со тоа што ако испаднеме од АБА губиме и право на повторно учество посебно дека ние за разлика од Унгарците не плативме да учествуваме туку не викнаа,а ние испаѓаме испод просечен тим ( губиме од младинци на други држави ) и сме нешто малку над просек со публика.Од УЛЕБ ако се пријавиме шансите да ни датат какво било учество барем во Еврокупот се никакви кога ќе се виде успехот во АБА и финансиската моќ и цела Македонска кошарка ќе биде уназадена неколку години.
Со ова што го кажуваш веќе ставаш до знаење дека немаш појма од она што навистина е. Дај читај малце, информирај се и немој вака да изнесуваш информации кои не се точни.


МЗТ избрза со приклучувањето на Јадранската лига,попаметно ќе беше да се земе оваа година скапи тренери ( не само главен тренер,туку и кондициони и за младинци ), алентирани младинци и да се игра македнска лига и библ ( колку и да е лоша вторава али барем да се добие на интернационално искуство ),а следната сезона да се пријават во Јадранска.
.
Кое интернационално искуство во БИБЛ. Мизерија е таа лига, не се споредува со АБА лига. За скапи тренери и играчи треба јаки спонзори кои сакаат атрактивна лига, македонската лига и библ лигата не се воопшто атрактивни.Зар сакаш Т-Мобајл да се рекламира на Овче Поле со МЗТ??

Не е проблемот во избрзувањето, проблем е во таквите како тебе што сакаат успех преку ноќ.
Погледни колку време требаше Кометал да стане тоа што стана. Истото е и со Металург. Овој народ сака успех и тоа е единствен услов за полна сала.
Види ја Црвена звезда, со многу појак буџет , со многу појаки играчи па многу лошо одигра вчера. Да не заборавиме дека и нивните преплатени играчи играат лошо, некој од нив веќе избркаа. Ти кажуваш ко само Бакич и Мијајлович и да се криви. Сите се криви од прв до последен, ова е тимски спорт. Види го Дамјан само 4-5 поена имаше и тоа сите од слободни, а требаше да е лидер.

Ќе видиме новиот тренер што ке направи, некој сигурно ке си оди и некој сигурно ке дојде . Но никој не може да гарантира дека ќе праи чуда , колку и да е звучи добро , колку и да се скап играчот.
За да се носиме во оваа лига, каде што повеќето екипи со години играат на тоа повисоко ниво ќе треба време. МЗТ вложиле пари, ама другите вложиле и уште повеќе.

За 2 недели од сеа, ти седи си дома и гледај си македонска лига на ТВ, ние вистинските симпатизери ке му дадеме подршка на нашиот тим против атрактивниот тим на Цедевита :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Прав навијач или симпатизер ќе доага да го бодри клубот и кога му иде и кога не му иде добро на тимот. Во твојов случај ти веројатно си од оние кои сакаат да доагаат само кога е све добро. Те молам немој да доаѓаш со Цедевита.
Мислам дека ти ако не дојдеш МЗТ ке победи :D


Не е проблемот во избрзувањето, проблем е во таквите како тебе што сакаат успех преку ноќ.
Погледни колку време требаше Кометал да стане тоа што стана. Истото е и со Металург. Овој народ сака успех и тоа е единствен услов за полна сала.
Види ја Црвена звезда, со многу појак буџет , со многу појаки играчи па многу лошо одигра вчера. Да не заборавиме дека и нивните преплатени играчи играат лошо, некој од нив веќе избркаа. Ти кажуваш ко само Бакич и Мијајлович и да се криви. Сите се криви од прв до последен, ова е тимски спорт. Види го Дамјан само 4-5 поена имаше и тоа сите од слободни, а требаше да е лидер.



За 2 недели од сеа, ти седи си дома и гледај си македонска лига на ТВ, ние вистинските симпатизери ке му дадеме подршка на нашиот тим против атрактивниот тим на Цедевита :)

Добро ај жити бога кај пишав дека очекувам успех преку ноќ,кога убаво пишав дека требаше и да се почека со влез во АБА лига дека после една успешна сезона не требаше да се брза одма.

А тоа дали МЗТ победува или губи мене не ми прави никаква разлика ,али инвалидскине појачувања кои не знаат да пренесат топка преку центар не па да нападнат кош е мазохизам да ги гледаш на терен.Посебно кога ќе се земе во предвид и дека се сосема солидно платени.Тоа што они го прават може секој втор плеј од Македонска лига да го прави ( да губи по 20 топки по натпревар ) додека Огнен и Марковски спијат на клупа.

А Бакич и Игор се највеќе криви дека он нив почнува се.Не може твојот плеј да ја фаќа топката со две раце чим помине центар ,или да се вртка лево десно околу кош како Игор и да очекуваш остаткот од тимот некако да направи нешто.Па тренерот на Црвена Ѕвезда да го оставеше Цвеле на терен ќе не тепаа 40 разлика,не можеа со очи да го следат во одбрана не па со тело.Тотално изгубени во простор.Таман ги стигаме и Бакич ми губи 3 топки во ред.Игор ми седи со топка 16 секунди во раце или се вртка лево десно и 8 секунди пред крај му ја дава на Гечевски кој е дојден за блок и веднаш се крие позади противнички играч.

Види ја само статистикава


Бакич 20 минути на терен 2 поени од 2 обида ( само 2 пати тргнал на кош ) и има една асистенција и 4 изгубени топки
Игор 17 минути на терен 2 поена од 3 обида ,3 асистенции и една изгубена топка
Значи двата главни плејови кои се странски појачувања имаат вкупно 37 минути на терен и имаат 4 поена вкупно и 5 пати шутнато на кош со 4 асистенци и 5 изгубени топки.Мислам едноставно го дигаат тимот на сосема поинакво ниво.​
Марковски Горан за 11 минути ( иако не знам од каде 11 минути он на терен помина ) има повеќе поени,повеќе обиди,и исто асистенции со Бакич.Огнен за 12 минути има повеќе поени од Бакич и Игор заедно​
Цел натпревар имаше ЕДНА АКЦИЈА.Грнчаров-Чековски се друго беше индивидуални акции на центрите и крилата или поени од втор обид после наш промашен шут и офанзивен скок.



Сите се криви од прв до последен, ова е тимски спорт. Види го Дамјан само 4-5 поена имаше и тоа сите од слободни, а требаше да е лидер.
Гледам го кажа само Дамјан ај види ја статистиката и на Дејвис он има 2/7 за 3 и 10 поени вкупно,Дамјан има 0/5 и 4 поени вкупно со тоа што Дамјан има 4 скока повеќе и блокада.

Тоа се меѓу нив двајца 12 шута за 3 со се тие на Гечо шест шута тоа се 18 шута од кои само 3 влегле од тие 18 3/4 беа од неизградени позиции и дека немаше никаков друг избор освен шут дека плејовите се кријат позади противнички играчи да не им биде дадена топка или му ја дава 5-6 секунди пред да истече време ( овакви Гечо највеќе мораше да шутне ).

Ако ти цела игра ја базираш на шутот на двајца играчи Дамјан и Дејвис тогаш подготви се за многу многу порази.Да на нив ќе им тргне еднаш двапати како што и трга на секоја шутерска екипа али не може да им трга секоја вечер.А кога нема да им тргне ќе го имаме вечерниов резултат а тој е загуби накај 10-15 разлика зошто плејовите не би можеле да проиграат играч и да е празен теренот.


И за крај те молам немој без тие глупостите "Јас ќе го бодрам тимот и ако губи " зошто тие приказни продавај му ги на некој друг,овдека се губи не зошто противничките тимови се супер квалитетни туку зошто некој не си ја сработил добро работата и треба да им биде ставено на знаење ,а не да си играат играчки и да ми бараат тренери и спојуваат тимови во полн ек на сезона.Што правеа цело лето?



Види ја Црвена звезда, со многу појак буџет , со многу појаки играчи па многу лошо одигра вчера. Да не заборавиме дека и нивните преплатени играчи играат лошо, некој од нив веќе избркаа. Ти кажуваш ко само Бакич и Мијајлович и да се криви. Сите се криви од прв до последен, ова е тимски спорт. Види го Дамјан само 4-5 поена имаше и тоа сите од слободни, а требаше да е лидер.
Ајде Црвена Звезда е богата,Будуќност имаат јак истрениран тим од минатата сезона,Раднички имаат добар тим од минатата сезона и добри засилувања али сепак тука останува Сплит.

Боса екипа,со играчи физички инфериони и без никакво искуство,ШТО НЕ ЗИМААТ ПЛАТА зошто тимот им е БАНКРОТ ги победи со ЕДНА акција и двајца играчи од кој едниот Вуичич ( иако многу добар играч во минатото ) ги уништи со една финта (во стил на Перо ) и оној Мимица кој коментаторот најубаво го објасни "Денеска од овој Мимица МЗТ направи играч".

Е тоа е реалноста,али не сега во полн ек на сезона ќе се среди се посебно кога во следните 4 кола играме со Олимпија,Цедевита,Игокеа и Задар.После таа серија од 0-4 атмосферата ќе биде како на погреб.

.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Добро ај жити бога кај пишав дека очекувам успех преку ноќ,кога убаво пишав дека требаше и да се почека со влез во АБА лига дека после една успешна сезона не требаше да се брза одма.

А тоа дали МЗТ победува или губи мене не ми прави никаква разлика ,али инвалидскине појачувања кои не знаат да пренесат топка преку центар не па да нападнат кош е мазохизам да ги гледаш на терен.Посебно кога ќе се земе во предвид и дека се сосема солидно платени.Тоа што они го прават може секој втор плеј од Македонска лига да го прави ( да губи по 20 топки по натпревар ) додека Огнен и Марковски спијат на клупа.

А Бакич и Игор се највеќе криви дека он нив почнува се.Не може твојот плеј да ја фаќа топката со две раце чим помине центар ,или да се вртка лево десно околу кош како Игор и да очекуваш остаткот од тимот некако да направи нешто.Па тренерот на Црвена Ѕвезда да го оставеше Цвеле на терен ќе не тепаа 40 разлика,не можеа со очи да го следат во одбрана не па со тело.Тотално изгубени во простор.Таман ги стигаме и Бакич ми губи 3 топки во ред.Игор ми седи со топка 16 секунди во раце или се вртка лево десно и 8 секунди пред крај му ја дава на Гечевски кој е дојден за блок и веднаш се крие позади противнички играч.

Види ја само статистикава


Бакич 20 минути на терен 2 поени од 2 обида ( само 2 пати тргнал на кош ) и има една асистенција и 4 изгубени топки
Игор 17 минути на терен 2 поена од 3 обида
Значи двата главни плејови кои се странски појачувања имаат вкупно 37 минути на терен и имаат 4 поена вкупно и 5 пати шутнато на кош.​
Марковски Горан за 11 минути ( иако не знам од каде 11 минути он на терен помина ) има повеќе поени,повеќе обиди,и исто асистенции со Бакич.Огнен за 12 има повеќе поени од Бакич и Игор заедно​
Цел натпревар имаше ЕДНА АКЦИЈА.Грнчаров-Чековски се друго беше индивидуални акции на центрите и крилата или поени од втор обид после наш промашен шут и офанзивен скок.





Гледам го кажа само Дамјан ај види ја статистиката и на Дејвис он има 2/7 за 3 и 10 поени вкупно,Дамјан има 0/5 и 4 поени вкупно со тоа што Дамјан има 4 скока повеќе и блокада.

Тоа се меѓу нив двајца 12 шута за 3 со се тие на Гечо шест шута тоа се 18 шута од кои само 3 влегле од тие 18 3/4 беа од неизградени позиции и дека немаше никаков друг избор освен шут дека плејовите се кријат позади противнички играчи да не им биде дадена топка или му ја дава 5-6 секунди пред да истече време ( овакви Гечо највеќе мораше да шутне ).

Ако ти цела игра ја базираш на шутот на двајца играчи Дамјан и Дејвис тогаш подготви се за многу многу порази.Да на нив ќе им тргне еднаш двапати како што и трга на секоја шутерска екипа али не може да им трга секоја вечер.А кога нема да им тргне ќе го имаме вечерниов резултат а тој е загуби накај 10-15 разлика зошто плејовите не би можеле да проиграат играч и да е празен теренот.


И за крај те молам немој без тие глупостите "Јас ќе го бодрам тимот и ако губи " зошто тие приказни продавај му ги на некој друг,овдека се губи зошто некој не си ја сработил добро работата и треба да им биде ставено на знаење ,а не да си играат играчки и да ми бараат тренери и спојуваат тимови во полн ек на сезона.
Јас реков дека ти се откажа од тоа да доаѓаш на утакмиците, ради тоа што играле лошо. тоа си е твое.
Ја знам многу што не се откажале и кога било далеку полошо, а камоли сеа да се откажат. Има простор за напредок само треба време .

Не бранам никој, реков сите се криви, види убаво што сум пишал.

За Бакич и Мијајлович не треба многу да коментираме сите видовме што и како е, се ни е јасно. Минатата година Мијајлович изигра супер втора половина од првенството, али во оваа конкуренција се гледа сеа дека има огромни проблеми да организира напад. Бакич е тотално разочарување и треба прв да си иде. Тоа е факт.
Они се само еден дел од проблемот, премногуте шутеви за 3, слаба реализација за слободни, и ред други недостатоци се проблемите поради кои ги кривам сите а не само Дамјан, онака го спомнав.

Поентата ми е, за квалитетни странски појачања треба доста пари а и тогаш неможеш да гарантираш дека ке газат како што сите ние сакаме некој црнец да дојде и да гази у АБА лига , но реално е да се очекува дека ке гази само во македонска лига :)
 

Cuore |nter

inter4life
Член од
14 јануари 2010
Мислења
504
Поени од реакции
140
Risto, веќе ги спомна српскиве `плејови` и Огнен и Горјан у иста реченица. Епа малце подлабоко гледај и ќе сватиш дека Ацо за првите 5 утакмици не им даде минутажа на Горјан и Огнен колку што Пипан им даде вчера, така да после една утакмица тренеров свати дека Игор и Борис се дрва. Пет утакмици му требаа на Ацо да им ја изгуби самодовербата на плејовите, а само една на Пипан да им каже дека топката многу лесно може да се пренесе ако плејот се штити со висок играч и место да не убиваат со пресин, ЦЗ во прва четвртина не знаеше кај да тера од наш пресинг. Така да гледај реално, не дека е добро али новиов тренер е светлосни години пред Ацо, ама не е Коперфилд.

Дамјан многу разочарува шутерски тоа е факт, ама погледни колку е корисен без топка, колку добро се движи, колку голем дел од промашените шутеви доаѓаат кај него затоа што има осет каде да застане, што мислиш зошто инаку има толкава минутажа.

Не да немавме шутерски ден туку шутот ни беше очај, иако овојпат слободните не беа мизерија како со Сплит. Не памтам кога последен пат тоше утнал толку чисти тројки, па имавме минимум пет чисти положувања утнати човече, трема ќе да е и притисок голем ќе да е.

Игор ако се сеќавате и лани пола сезона беше очај пред да се разигра, му треба време, ама не може секоја година он пола сезона да пропушта ко маалски баскет да игра, веќе му е втора сезона, костурот на тимот е исти не знам што му е на дечкото.

Сепак највеќе ме разочарува Станко, не знае кај тера, пасови му сечат ко мали деца, позиционирање нула, дечково од тепачката со Украинците да не се поремети :) Стварно треба да се уозбили и да даде многу повеќе.

Кире добива мала минутажа, ама дечкото треба да се докаже многу повеќе. Со ЦЗ имаше еден fade-away шут а не знам дали приметивте дека кога ќе отиде на влез чуван од центар, толку е побрз од центарот што во секунда се прави вишок, повеќе треба да го играат ама и он повеќе да мисли.

За Ноа ми е криво, не да го заковаа дечкото за клупа, туку го утепаа, ако толку таа негова висина му е хендикеп, пуштете го нек си бара ангажман кај што ќе си игра стандардно.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Јас реков дека ти се откажа од тоа да доаѓаш на утакмиците, ради тоа што играле лошо. тоа си е твое.
Ја знам многу што не се откажале и кога било далеку полошо, а камоли сеа да се откажат. Има простор за напредок само треба време .

искрено ако не ги избркаат Бакич и Игор и јас не планирам да идам на следната со Цедевита зошто не се сметам себеси за мазохиста
Огромна разлика има.Ова што се случува сега е кривица на управата имаа цело лето да средат се и ништо не направија како што треба па сега сега треба да се менуваат тренери и играчи на сред сезона,ШТО ПРАВЕА ЦЕЛО ЛЕТО?.А за разлика од другите сезони кога стварно немаше пари овие две сезони имаат не добар али сосема асален буџет.Освен ако не сака некој од управата да даде јавна изјава дека Сплит има подобра младинска школа која ќе игра за без пари одколку они што би можеле некој да платат да игра за МЗТ.

А што можеме да видиме до сега, Цибона и Широки паднаа само поради фактот дека на двата натпревари имаше играчи кои дадоа 110% со Цибона Дејвис додека со Широки Николовски ја наби разликата а Дамјан ја сочува преку слободни на крај.На сите други губевме убедливо од втора четвртина до крај и на сите бевме победени со над 10 разлика.Никаква игра,ниедна акција, ништо само солирање и шутирање 3ки.

Лошата игра не е поради неможење и немање туку поради несериозност на одредени луѓе,а тука е разликата помеѓу минатите сезони и оваа.

Така да гледај реално, не дека е добро али новиов тренер е светлосни години пред Ацо, ама не е Коперфилд.
Акцијата каде преку 2 паса помеѓу Станко и Грнчаров дадоа за 5 секунди кош и со тоа конечно најдоа акција како да пренесат топка ако ни вршат притисок врз бекови со 3ца играчи му беше добра али искрено го жалам типот ( иако не го знам што може ) зошто сега е ставен во најлоша можна ситуација,има туѓ тим кој не функционира,а време за промени нема од друга страна има пеколен распоред на кој 4 врзани порази не му бегаат а гарант ќе има огромен притисок за победа од сите страни,Плус треба да ги тренира акции ( зошто немаат ни една ) и да ги дигне психолошки.


.
 

Cuore |nter

inter4life
Член од
14 јануари 2010
Мислења
504
Поени од реакции
140
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=12391
Кога би се бирало меѓу овие двајца,јас би сигурно Мијајловиќ
На Цедевита и иде тапа, на Влатко му иде тапа...зошто не би пробале пак да го договориме?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom