Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Чековски следен натпревар 45 минути нека игра ако треба иако не би можел базен да погоди.Дека талент е ќе научи и во иднина најголем кошаркар ќе биде на МЗТ.

Овој Игор ако е плеј не знам кој не е плеј.15 пати чекори,15 пати пас во рака на противнички играч и не знае да иде на двочекор.КАКОВ ТРЕБА ДА СИ ПЛЕЈ ДА НЕ ЗНАЕШ НА ДВОЧЕКОР ДА ИДЕШ? Нека го запишат во младинска школа подобро.

Оној Вуичич како да го гледам Перо Блажевски на терен.Една финта играч која пали само на мајмуни.Извади ги накај крило и потоа пушти се накај аут линија,помини ги и дади кош.Не дај боже на некој да му текне да не го чува толку многу надвор и да се врати поназад дека овој неможе ништо да погоди од подалеку.

Им вика на тајм аут нека иде топката брзо на подавања и му ја даваат на Чековски во втор пас :facepalm:

Со ваква игра ако имаат уште 2-3 победи до крај на сезона е успех, а домашната титула е под огромен прашалник дека пола лига се појача.


Николовски,Огнен,Далман и Марковски вкупно немаат 10 минути по натпревар дека Игор,Бакич и Чековски се супер таленти.


.
 
М

Мартин`

Гостин
Овие Сплит за никаде беа ама пак нашиве МЗТ уште побетер толку глупа игра одамна немам гледано (додуше сигурно има бетер слабо пратам кошарка) процентот на реализација на слободни фрлања околу 40-45% дали е не сум баш сигурен.. Чековски камен 2/10 слободни фрлања. Подхитно нека земе од денеска па до наредната утакмица да ги прати да тренираат само слободни, е од вакви работи се губат утакмици ..
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Нека си отиде копилево и да се донесе некој разумен.Сите го заборавија ланскиот старт и му опростија,но тие што имаат поише од 2гр памет знаеа дека не е чоек за сериозен проект.Фала му на освоената титула на сила,но извини лигушче можеби да си боље само од маки.

 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
15 промашени слободни, па да му ебам мајката бе, имаат подобар шут за 2 поени отколку за 1. Башка овие србиве одамна викам дека се дрва, али од натпревар во натпревар се се' поочајни. Кога го гледам Николиќ во игра ми се сере.
 
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Бакич,Урош одма да летаат.. А Игор и Станко треба напорно да тренираат за да стасаат до прва петорка.
Златно дете Далман, е подобар од сите центри.
Исто така нека му се објасни на Кире што треба да прави на теренот,незнае кај тера.
 
A

Aruna_Kone

Гостин
На Ацо му замерувам само дека ги држи во игра премногу долго а не е свесен дека токму скаутингот на овие играчи и нивното форсирање ќе го кошта и клоца од клубот.
Да не се разбереме погрешно, по мене Ацо е стварно добар тренер, али изборот на играчи му е очаен. Тајмингот за тајм аут исто така. Типот си има свои замисли и своја игра само што играчиве не можат да ги исполнат неговите замисли.

Прво, не може после секоја утакмица да бараме бркање, одставки или не знам ти што. Треба да се седне и да се работи. Да ги држи Ацо таканаречениве плејмејкери и по 5 саати у сала да пренесуваат топка и да учат подавање. Да го научи оној Мијајлович дека плејмејкер мора да го напаѓа кошот, мора да оди на положување а не ко пиче да ја вади топката надвор за три...Очигледно е дека САМО ТАМУ ГИ ГУБИМЕ УТАКМИЦИТЕ:

Второ, не ме загрижува тоа што Станко има 2 од 10 слободни, пошто од Станко тоа и се очекува. Ме загрижува тоа што нашите шутери како Дамјан и Дејвис промашуваат повеќе слободни од колку што погодуваат. Да не е Станко во одбрана, ќе примаме по 200 коша. Дечкото може да предава игра во одбрана...

Трето, целта во оваа сезона ни е да избориме опстанок во лигава (што сум убеден и дека ќе го направиме), НО мора момците да играат машки секоја утакмица. Мора секоја утакмица да ја играат 100 % сконцентирано и мотивирано.

Играчите се тие се до полусезона, а потоа треба да се седне и да се види кој колку допринел. Почнувајќи од главата (Ацо) па надоле.

Поздрав
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.437
Aruna_Kone
Ти ова сериозно за Ацо дека е добар тренер?
Прво, Ацо не знае кога да направи измена и да го осети моментот во утакмицата, кога треба да го згази противникот.
Второ, Ацо нема концепција на играта, не знае кај тера и нема разновидност.
Трето, тајм аут не знае кога да бара, т.е. не бара, зло е да се побара тајм аут. И да не навлегувам понатаму зашто 1200 маани ќе ти набројам. Неможе Ацо да биде добар тренер бидејќи никогаш не играл кошарка, никогаш не го осетил вкусот на победата, никогаш не осетил како е да ти викаат 5000 навивачи и да ти се крева адреналинот до максимум, он сите овие работи ги нема осетено, затоа и се губи во просторот и времето. Еден е таков денес у светов, Мурињо. Он никогаш не играл и е класа тренер, а другите скоро сите некогаш го осетиле како е да се биде спортист.

Кажи ми дали гледаш некоја друга екипа да игра еднообразна кошарка освен МЗТ? Земи изгледај ги сите 5 натпревари до сега и ќе видиш дека на сите 5 играме иста кошарка, исти акции исто се. Па добро бе мајкуму стара, 2012 година сме, се игра модерна кошарка у светот, секоја утакмица треба да биде различна, секоја екипа си има различен стил на играње, затоа и се прави тој ебан скаутин пред утакмица, да му ги воочиш слабите страни на противникот и да знаеш како да го победиш. Па аман веќе, се едни исти акции, вчера жими се да бевме пола од тука на форумов ќе го победевме Сплит. (така иде зборот) Абе од прва минута, уште од кога почнаа знаев како може да ги добијат, само со брза кошарка и да не им се дозволи позиционирање во одбрана. Така ќе влезеше и нивниот најдобар играч Вујчич во проблеми, а така и ќе ги разбиевме. А за такво разбивање е потребен КИРЕ, он може да истрча и контра, подвижен е човекот, а овој запнал Гече го игра 50 минути. Па стај го Гече 5 минути, нека си заврши он работа, 10 поена и извади го, кај може он да трча со децана, го прелетуваат буквално, само ни ја успоруваше играта. Не дека го кривам Гече, он супер си изигра, ама тренерот треба да знае каде му е максимумот. Абе 8 играчи им беа од 17-22 години, се се тоа деца и неискусни се, ама нема кој да го види тоа. Огнен нафта ископа на клупа, ама битно Игор и Бакич си го остварија нивниот просек од 20 пати направени чекори и 60 изгубени топки.

Еј како сум се напнал вчера тоа чудо е, онака добиена беше утакмицата уште пред да почне, само немаше кој да го спроведе тоа.
Ја ви кажувам, ќе ни дојдат поспремните екипи од лигава како Партизан, Икогеа, Цедевите, Ѕвезда и има половина да не пројдеме. Со ваква концепција ништо.
П.с. Ќе заборавев за малце, Станко 5та утакмица по ред дише на шкрги, едвај одеше, ама битно свињава го држи у игра, Кире е за украс на клупата.
 
Член од
20 август 2012
Мислења
1.426
Поени од реакции
448
Бакиќ и Чековски вчера беа катастрофални,првиот посебно при организација на нападите,изгуби мал милион топки,но се надевам дека МЗТ ке успее да ја победи Дива следниот викенд.Ако некој знае нека ми јави ден-два порано кога ке почнат да се продаваат билетите и каде.Фала.
 
A

Aruna_Kone

Гостин
Значи stefan-kobe за тоа што Мијајлович прави 5 пати чекори, тоа што на Бакич му се тресат рацете при секое подавање, не можам да го кривам Ацо. Можам да го кривам за тоа што упорно ги држи во игра или не работи доволно со нив...Он им црта едно они играат друго.. Капацитетот на тие играчи е тој, задача на Ацо е да извади максимум....

Значи и во мојот претходен пост ги кажав неговите маани. Нормално дека не е Обрадович или Ивкович али по мене Ацо ја разбира многу кошарката, има капацитет, е сега од неговите играчи зависи дали ќе ги реализираат неговите замисли.
Тоа што си има недостатоци си има, за тоа нормално и очекувано треба (ќе) си сноси последици, порано или подоцна.

Поентата ми е, дека ова не е лига од ден за ден, па ајде после секоја утакмциа ќе бркаме тренери, играчи, управи или не знам ти што уште...Сериозна е работава па затоа сите мора сериозно и да се понашаме. Да се прашував јас уште лани пред почетокот на сезоната ќе го донесев Боби Митев...Реалноста е дека тоа е стручниот штаб, тоа се играчите, и дека мора со нив да се РАБОТИ и да се подобруваат работите кои не идат. Најлесно е да после секоја утакмица ние да коментираме, овој да си иде, оној да дојде, вака требало онака требало... Тоа ми е муабет за 5 одд :) поз
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Премногу го напаѓате дебелиот . Иако е тренер, да он советува акција две три ама истата не секогаш може да се реализира т.е. да се предвиди противникот како ќе игра ... тоа ти е нешто како да играш на компјутер NBA и да ги контролираш сите играчи , ама во реалност е друго и секој играч на терен си е тренер сам за себе т.е. го слуша сопствениот мозок за проценка на ситуација и избирање на најдобро решение. По мене тука повеќе се играчите криви како што е Чековски пред се отколку Тодоров . Да се разбереме Чековски е се само кошаркар не и во никој случај не ожеш да очекуваш да победуваш појаки екипи од тебе со таков играч !!! Ви треба играчки кадар , добар плеј некој што ќе ја организира екипата ќе ја мотивира ... нешто да речеме како што беше Јане . Кај него од секогаш се ценеше само квалитетот што го има како кошаркар а не се гледаше од аспект на лидер и мотиватор и тука МЗТ загубија најмногу .
Земи го Мекелеб за пример.. да не мислиш дека докузовски го советувал него за било каква акција .. напротив Мекелеб има квалитет сам да изигра против 5 луѓе !!!
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.437
Ја Ацо сакав да си иде и кога освои титула и пред да освои, и кога дојде, значи цело време сакам да си иде. Човек што изиграва Фил Џексон а никат не игра кошарка неможе да биде тренер на МЗТ. Сериозно не знам кај виде ти дека Ацо разбира кошарка, еве колку да те информирам Ацо кошарка “научи“ од гледање, како мал ги гледал во маало и така се заинтересирал. И почнал да се шуња лево десно со неговите другари кои патем биле кошаркари и успеал некако да се протне. Веруј со читање книги тренер не се станува. Мора да има осетено атмосфера, да бил некогаш спортист, да му има затреперено срцето, а не само газот да му трепери да му ебам педерот.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
"Реалноста е што во моментов е тешко да се очекуваат промени меѓу странците во таборот на „металците“, прво поради неодамнешната изјава на Тодоров „дека во моментов нема сили од ново да учи нов кошаркари на начинот на кој игра неговиот тим“, но и поради кусиот период што е зад сино-белите."


Каква е оваа изјава бе ? Гледам овие што ги има се ги научил :facepalm:.

Во најмала рака со ова што го има Далман треба да биде пред Урош а на Николовски да му се даде поголема слобода под кош а не да му прават акции да шутира 3ки во прва минута помината на терен за спас на натпревар ( нормално дека ќе промаши не е он Дурант).

Огнен и Марковски треба да добијат мнозинство од минутажата на плејовите дека и баба ми може да го прави она Бакич и Игор што го прават ( по 15 чекори и изгубени топки по натпревар ),Мираковски и Соколов ќе изиграа подобро одколку пациентиве а барем немаше да се нервирам дека се странски "појачања".


Во зимската пауза пред почетокот на Супер лигата на Игор,Бакич,Урош (ако не покаже ништо ) и тренерот треба да им се раскине договор.И титулата ќе ја изгубиме со ваква игра.


Во Македонска лига не се сите морони се виде што е слабоста ,агресивна одбрана на плејовите уште од противничка половина и готово изгубени си комплетно.Не сакам ни да помислам како ќе играме тогаш кога ќе треба на два фронта да се игра.Овие сега не можат да дишат не па тогаш.



.
 
З

Забавата е во Кругот

Гостин
Ајде малце смирете ги страстите. До вчера тимот се бореше за да опстане, а вие очекувате сега да биде меѓу првите 6 на Јадранот.
Се во свое време, само ми е криво што не залажаа со "засилувањава", со ланскиот тим сигурно ќе имавме вакви резултати, ако не и подобри. Само за џабе се фрлија пари и се избркаа деца кои гинеа за МЗТ.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.437
Ајде малце смирете ги страстите. До вчера тимот се бореше за да опстане, а вие очекувате сега да биде меѓу првите 6 на Јадранот.
Се во свое време, само ми е криво што не залажаа со "засилувањава", со ланскиот тим сигурно ќе имавме вакви резултати, ако не и подобри. Само за џабе се фрлија пари и се избркаа деца кои гинеа за МЗТ.
Е да си ми жив и здрав за ова. Додека некој гинеше за МЗТ, додека некој цел живот поминуваше во младинската школа, додека некој идеше среде Тетово и среде Гостивар и победуваше пред 1000 гледачи и тоа во младинска лига и го бакнуваше амблемот пред албанска публика, додека некој гинеше за овој клуб некој си го прчеше курот. Затоа сега и се дешава ова. Мислам може стварно е глупо вака да судиме после 5 кола каде имаме скор од 2-3 што и не е така лошо за еден дебитант но според досега виденото работите смрдат. Овој трансфер период е тотална утка, се утнаа трансферите до коска, Бакич и Николич врска си немаат, едино добри инвестиции се Кире и Дамјан иако првиот не ја добива правата минутажа а вториот неможе сеуште да се пронајде себеси иако неоспорен е неговиот талент. За тренерот веќе се изјаснив, тука со него и управата ќе ја окривам, едноставно Ацо не е за овој тим на МЗТ и тоа е тоа. Ќе го правиме муабетот во иднина, нормално со членовите кои го поддржуваат Ацо. Јас го знам и лично човекот и знам за каква особа се работи, затоа и вака ги гледам работите.
На страна сите овие работи, работата во младинските школи=0, збореа лани дека од оваа сезона посериозно ќе биде но ништо од тоа. Си донесоа некои нови тренери, не знам ни дали може да ги наречам тренери, и си тераат некоја политика и си го прчат курот а зимаат плата по 25000-30000. Место за некои 3-4 години младинската школа да даде 2-3 готови играчи и да играат за прв тим ние сеуште ќе се замараме со трансфери од типот на Бакич, кои нормално ќе играат пошо се Срби/Црногорци/Американци а златни таленти тука од МКД ќе пропаѓаат заради вакви идиотизми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom