Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 22.033
- Поени од реакции
- 29.392
Да Хауард озбилно се труди и одработува, неочекувано е корисен. Рондо за чудо не е ужасен. Кузма се враќа во форма, ама споро. Карузо е добар, иако сеуште е склон на чести неизнудени грешки. КЦП е наваму натаму, ама во одбрана генерално е добар. Ејвори Бредли беше топ пред да се повреди, и на жалост се потврдува дека склон кон повреди (и долги отсуства), ајде само нека биде добар за плејоф пошто ќе треба ептен против тимови како Хјустон/Далас/Протланд, со добри доминантни бекови. МекЏи е во ред. Дени Грин е добар, често одличен, ама повремено многу пасивен. Кук помалку разочарува, повеќе очекував. Данилс исто. Дадли е... Дадли.
Мене искрено најмногу ме загрижува Вогел. Одбраната е добра, иако последниве десетина утакмици често се успиваат во одбрана.
Но нападот е... Генерално е добро кога иде работата, но против добри тимови и особено при крај од утакмиците како да немаат идеја што да прават, немаат игра, тогаш се иде со изолации на Леброн и АД, долги дриблања, двајцата дриблаат дриблаат и шутираат од глупави неизградени позиции со директен чувар во фаца. Пик&ролот е ок, повремено одлично но... Дефинитивно им фали подобар систем во нападот. Тука е тренерот одговорен, не може само да му ја тупнува топката на Леброн и да му кажува „играј“, а често баш на тоа се сведува нападот.
Сериозно, досега во сезонава од аспект на нападот Лејкерс ги вади добрата одбрана која резултира со контри, брза транзициона игра која резултира со поени. Тука е многу заслужен Леброн, кој има осет за брзи и долги додавања.
Така одлично за сега, уживање е да се следат утакмиците ама да не се залетуваме премногу, има уште за работа.
Од тој аспект еве едно видео за трезнење: