Им дојде памет и на овие од фронт офис, добар потег, нека му дадат неколку сезони да расте со тимот, мислам за неколку години ќе се вратат Лејкерс во игра за титула. Идната сезона веројатно пак ќе бидат слаби, не верувам повеќе од 30тина победи да имаат, само битно е да почне да се гради тимот за иднина. Деанџело, Рендл, Кларксон, Лери Ненс, еве сега и пиков ако го добијат се добри играчи. Ќе фалат добар центар и клупа. Веројатно идната сезона ќе земат некои ветерани, зашто Сакре веројатно е најстар од потпишаниве, треба некој авторитет да има во соблекувална.