Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.275
Поени од реакции
8.316
Да Хауард озбилно се труди и одработува, неочекувано е корисен. Рондо за чудо не е ужасен. Кузма се враќа во форма, ама споро. Карузо е добар, иако сеуште е склон на чести неизнудени грешки. КЦП е наваму натаму, ама во одбрана генерално е добар. Ејвори Бредли беше топ пред да се повреди, и на жалост се потврдува дека склон кон повреди (и долги отсуства), ајде само нека биде добар за плејоф пошто ќе треба ептен против тимови како Хјустон/Далас/Протланд, со добри доминантни бекови. МекЏи е во ред. Дени Грин е добар, често одличен, ама повремено многу пасивен. Кук помалку разочарува, повеќе очекував. Данилс исто. Дадли е... Дадли.

Мене искрено најмногу ме загрижува Вогел. Одбраната е добра, иако последниве десетина утакмици често се успиваат во одбрана.
Но нападот е... Генерално е добро кога иде работата, но против добри тимови и особено при крај од утакмиците како да немаат идеја што да прават, немаат игра, тогаш се иде со изолации на Леброн и АД, долги дриблања, двајцата дриблаат дриблаат и шутираат од глупави неизградени позиции со директен чувар во фаца. Пик&ролот е ок, повремено одлично но... Дефинитивно им фали подобар систем во нападот. Тука е тренерот одговорен, не може само да му ја тупнува топката на Леброн и да му кажува „играј“, а често баш на тоа се сведува нападот.
Сериозно, досега во сезонава од аспект на нападот Лејкерс ги вади добрата одбрана која резултира со контри, брза транзициона игра која резултира со поени. Тука е многу заслужен Леброн, кој има осет за брзи и долги додавања.

Така одлично за сега, уживање е да се следат утакмиците ама да не се залетуваме премногу, има уште за работа.
Од тој аспект еве едно видео за трезнење:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.275
Поени од реакции
8.316
Уште една грда победа овојпат против Орландо, ама ок ќе ја земеме. ;)
Големи падови има во играта кога Леброн е на клупа, пошто нема класичен плејмејкер (дури и Рондо е повреден). Утре вечер против Мајами ќе биде интересно, и уште повеќе вторникот против Милвоки.

А Рондо ако настави вака да шутира, ќе ме натера да го повлечам цел бурек што го јадев/јадам за него:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.275
Поени од реакции
8.316
Вогел е најлош тренер меѓу тренерите на добрите тимови во НБА. Тој последниот напад МОРАШЕ да биде брз напад, макар за 2 поени. Потоа фаул, па пак брзо шутирање. Кога губиш не се пимпла и не се троши времето до крај. Требаше да земе тајм аут, за кој К не зема тајм аут да ги советува да изиграат планирана и уиграна акција?? 2-3 тајмаути имаа неискористени. И на толкава предност да не умее да ги смири, да финишираат како што треба. Го става Рондо во финиш на утакмица, покрај лошата игра цела утакмица (лоша дури и за Рондо).

Ќе има големи проблеми во плеј оф, против тимови со добри тренери. Кај што другите играат шах, Вогел игра табла. :-/
 

Sasa Ilic

Jeбач нероткиња.
Член од
24 август 2016
Мислења
1.626
Поени од реакции
2.675
Не сум фан на Богдан Богдановиќ, ама дали вреди да се трејда за КСП+Квин+Дениелс и некој пик?
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
12.928
Поени од реакции
13.816
Gazenje na okc na gosti bes Lebron i Dejvis definitivno e nesto sto ne go ocekuvav

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
На врв Bottom