Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.828
Немав време вчера и денес, тек сеа се прибирам дома... Нека потрае уште 2-3 сезони и да се надеваме дека некако може да догура до тој фамозен шести прстен. Човекот поради кој ја засакав кошарката, човекот поради кого почнав да тренирам кошарка. Нека е среќен мајсторе, да си жив и здрав, тоа е најбитното.
 
W

wicked_1

Гостин
Lakers Sign Wayne Ellington

Овој Мич Купчак и другарите му тотално имаат изгубено секаква преговарачка позиција, ако не се пласираат Лејкерс догодина на некое добро место у плејоф, нема шанси да соберат некој топ бокс офис играч.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
178
Поени од реакции
69
Лејкерси предсезоната ја почнаа со победа над Денвер Нагетс - 98-95. Коби за 20-тина минути постигна 13 поена и асистираше 5 пати. Изгледаше доста солидно со оглед на околностите. Со колку само нетрпение го очекував овој натпревар пред се поради кам-бекот на Коби и дебито на Рендл и не ме разочараа. Од останатите стартери Џордан Хил беше многу солиден, особено под кош каде имаше 11 скока надополнети со 10 поени, исто за 20 минути поминати на паркетот. Неш исто солидно 11 поена и 5 асистенции(и тој 20 мин игра), Џонсон добар во одбрана но заработи некоја ситна повреда на коленото и Бузер беше играчот кој според мене остана незабележителен. Од клупата како што напоменав чекав да видам како Рендл ќе се покаже... 10 поена и 8 скока е доста добар учинок за 28 мин игра. На крајот почна да греши, меѓутоа тој и ја запечати победата со куцање. Другото руки, Џордан Кларксон беше лидер на својот тим во постигнати поени (14), а особено беше добар во шутот за тројка. Сепак најголемо изненадување за мене беше Ед Дејвис. Вистинска кражба беше неговото потпишување, типот изигра одлично и во напад и она што е битно за нас, беше фантастичен во одбраната (3 рампи). Ќе гледаме солидни партии од овој играч. Севкупно гледано, задоволителен натпревар за Лејкерси, кои според мене добро се покажаа во нападот, а покажаа и мал напредок во одбрана,секако со можност за напредок сепак предсезона е уште му треба време на играчите да се навикнат на системот на Бајрон. Се надевам на добра сезона, бидејќи оваа година имаме далеку подобар состав од лани, а и Неш и Коби изгледаат доста добро па се надевам дека нема да се повредат во текот на сезоната и се надевам дека ќе го пробијат тимот до плеј-оф.
За крај , потегот на натпреварот...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Браво за напишаното, и фала што ме потсети синојќа се вратив од одмор и еве баш сега пуштам да се симне утакмицата. Еве ви пар линкови кој му се гледа утакмицава во HD:
- 3.5 GiB и со 60 фрејма! :)
- 2.27 GiB со нормален фрејмрејт од 28 слики во секунда


Сепак најголемо изненадување за мене беше Ед Дејвис. Вистинска кражба беше неговото потпишување...
Дап, кажав претходно дека не ми е јасно како човеков не го зема некој на повеќегодишен договор. 13ти пик од прва рунда во 2010та, добар играч но во Мемфис многу малку добиваше шанса за играње позади Зек Рандолф, Марк Гасол, и компанија.

И се надевам дека нема да испаднеш во право, со предвидувањето за плеј-оф. Се надевам на полош пласнам од лани, ни треба топ5 место (отпозади) за да го задржиме пикот на следниот драфт иначе ни го лапа друг клуб.
Само нека се развиваат новите играчи, посебно Рендл и Кларксон... другото ништо не е важно во оваа фаза од развојот на новиот тим. Еве клипче и од Кларксон на асистенција од Лин, од прошлава утакмица:
 
Член од
12 април 2010
Мислења
178
Поени од реакции
69
И јас би преферирал такво сценарио, меѓутоа мислам дека со враќањето на Коби и Неш на теренот тешко дека ќе бидиме меѓу најлошите 5 тимови во лигата. Мислам дека имаме подобар тим од лани.Лејкерси ќе пробаат уште оваа година да влезат во плеј-оф. Тешко дека ќе бидеме полоши од Јута, Филаделфија,Бостон,Орландо, па и Милвоки... Жално би било да гледаме како нашиот пик од наредниот драфт кој е исто така доста добар ќе оди во рацете на Феникс... но тоа е што е... Кобе нема да дозволи Лејкерси да бидат меѓу 5-те најлоши тимови оваа сезона. Си мислам, да се случи такво сценарио да бидиме меѓу првиоте 5 што ќе бираат на драфтот, како добро би ни дошол Стенли Џонсон или Кели Убре, бидејќи сме слаби на крилната позиција. Меѓутоа, мое мислење е дека нема да има такво нешто
 
W

wicked_1

Гостин
Најмногу на одбрана работел Бајрон се гледа, и иаме добар ростер кој ќе може да поентира.
Очекувам мноогу подобра година него лани. Рендл, Кларксон, Дејвис - дечките играат со муда.
 

раднаскела

Wubba lubba dub duuuub
Член од
7 февруари 2011
Мислења
1.678
Поени од реакции
1.990
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.828
OFFICIAL: Steve Nash has been ruled out for the 2014-15 season due to a recurring back injury.
Јебеш га, годините си го чинат своето. Ова и дефинитивно мислам дека е крај на кариерата за Неш. Време е Лејкерси да тргнат по нов играч на негово место, а искрено поима немам кои се достапни во моментов, али секако ќе мора да се земе нешто.
 
W

wicked_1

Гостин
Влезе у години, не очекував да изигра 30/40 утакмици, сеа повеќе минути ќе има Кларксон. Најголем флоп на Лејкерси, и оваа сезона ќе му дое чекот од 10 мил. и излежавање на клупа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom